Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Комити се ситат што ги заебале ФА и МЗТ, а не гледаат дека и од нивна глава се удара салава.
@Colt Willcox

Греота е да го дочекам овој дебилен пост од тебе.Газот комити го имаат продадено повеќе пати него јас што имам јадено од седмица(а веруј тоа е многу).Погнасна група од вас(задниве 6-7 години) нашава тифо сцена не видела.Да не отварам уста сам си знаеш за што говорам.Последното е Дејан Манасков.

Не се разбравме изгледа најдобро :icon_mrgr:
Не знам кај видовте дека некој ви мава сеир, иако за пораките кои ги пишувавте по ѕидови, имаме секакво право да си го играме курот. Нема да навлегувам во тоа како пропаднале групите, иако ќе спомнам дека Комити системски беа уништувани неколку години по ред, затоа што како група знаевме да одиме контра одлуките на власта. Вие на тоа поле бевте неутрални, тргнавте контра, па ве снајде истото. Не знам што те натерало да мислиш дека Комити се гнасна група, колку што знам баш поради разочараност од ликови од ФА, не одиш едно 4 години на трибина :icon_mrgr: Тоа со Манасков нема врска како е преставено во јавност. Групата не постои во моментов, тоа што некој лик од групата бил контактиран и за мир во куќа си мислел дека цела група ќе се согласи, немаше ни да се случи да бевме на здрави нозе. Одлуката не ја прифати никој од Комити, во текот на натпреварот дел од групата скандираше против Манасков, а во најголем дел останатите буквално го игнорираат Манасков, иако се извини пред сите.

Во претходниот пост споменав дека нема никаква логика, Вардар да загубил повеќе од МЗТ со градењето на салата. Како прво Вардар своите натпревари во ЛШ истотака ги играше во сала која не е матичната (Борис Трајковски). Во Кале сеуште има натпревари (Вардар Јуниор, вториот тим), а тимот доби сала каква што само може да се посака, не знам како тоа би било лошо за нас. На РК Вардар ниту Кале не му е матична сала, претходно имаме играно во Расадник на пример. Не знам по која логика градење на своја сала е грешка, па дури и да е на локација различна од претходната. Истотака, не треба салата и бојата на столовите да ја користите како оправдување за распадот на групата, затоа што тоа започна сезона пред да биде пуштена салата во употреба. Ги нападнав сите "навивачи" од Скопските групи, како вашите, така и нашите и тие од ЦПБ, затоа што поим немаат што е верност. Борба како прво не се води со НЕОДЕЊЕ на трибина, можеш да бојкотираш навивање, но не и бојкот на СИТЕ НАТПРЕВАРИ. Играчите воопшто не се криви за тоа. Тоа повеќе е оправдување за тие кои и онака нема да дојдат на трибина освен ако не гостува Ѕвезда или Партизан и тоа беше она кон кое целев во претходниот пост. А најсмешни ми се тие што викаат подобро клубот да бил во пониска лига, отколку да е неприколосвен во најсилната лига и да биде на прагот на Ф4 во АБА лига :pos::pos::pos:
Истите коментари ги има и за неколку секции од СД Вардар, а тие што ги даваат јас во живот не сум ги видел на утакмица, а најдобро се гледа колку од нив доаѓаат на домашно првенство во ракомет.
Секоја причина е доволна за оправданија кај Македонскиот навивач, чека од бога росица за да му се смени ситуацијата и после да почне да иде на натпревари :kuracc:
 
Porazov na dusha na Pipan ide.
Damjan picica kakva e stanata ne mi se veruva na ocite.
3/4 minimum trebase da imame od porazive-pobedi. Odlicen raspored imavme, steta neiskoristen e.
 
Фаулот на Пρотиќ на κρај на тρета четвρтина и техничκата заедно со фаулот на Синадиновиќ пρи шут за тρи се поκажаа κлучни да влезевме егал во последната четвρтина сигуρен сум деκа ќе победевме,а тоа што Дамјанчо е очаен е дρуг муабет не ми се веρува κолκу е опаднат
 
Ne mozam igracite da gi krivam koga Pipan cekase 5 min od 3/4 da pominat, da napravat krka 9:0 serija a MZT kos da nemaat dadeno.
I 2 poena da imaat primeno ako nemaat kos dadeno 5 min pa time out ke baram sekako. Si ima cudni odluki i covekov.
 
Ја кога викам дека тимовите на Пипан не знаат што играат во последната четвртина некој будала ме правеше.
 
Значи во сите порази,противничките екипи не избушија преку центар,асален центар да имавме можеби досега ќе немавме пораз ! А Дамјан,мртов !
 
Ова што го прави ивица е толку подмолно што ни самиот ѓавол не би го направил
 
Ова што го прави ивица е толку подмолно што ни самиот ѓавол не би го направил

Сподели ги сите негови подмолни работи и злодела да можеме сите да ги прочитаме.
 
Чисто информативно. Ова го кажуваш во име на ФА , КЗ или Комбат?
Ova go spodeliv cisto informativno, a go komentirav vo moe ime, ne vo ime na nitu edna od grupite sto gi naveduvas. I luge sto ne se clenovi na nekoja grupa mozat da gi razberat nivnite bitki i vojni so uprava na klub ili institucija i na odreden nacin da gi poddrzat.
 
Сподели ги сите негови подмолни работи и злодела да можеме сите да ги прочитаме.
Не морам да ги споделувам јас тука распрашај се ќе дознаеш ако толку те интересира,а еве едната денеска се разреши,а ти сега оди до штабот и нека ти кажат што да напишеш и удри едно:pusigo:
 
Истотака, не треба салата и бојата на столовите да ја користите како оправдување за распадот на групата, затоа што тоа започна сезона пред да биде пуштена салата во употреба. Ги нападнав сите "навивачи" од Скопските групи, како вашите, така и нашите и тие од ЦПБ, затоа што поим немаат што е верност. Борба како прво не се води со НЕОДЕЊЕ на трибина, можеш да бојкотираш навивање, но не и бојкот на СИТЕ НАТПРЕВАРИ. Играчите воопшто не се криви за тоа. Тоа повеќе е оправдување за тие кои и онака нема да дојдат на трибина освен ако не гостува Ѕвезда или Партизан и тоа беше она кон кое целев во претходниот пост. А најсмешни ми се тие што викаат подобро клубот да бил во пониска лига, отколку да е неприколосвен во најсилната лига и да биде на прагот на Ф4 во АБА лига :pos::pos::pos:

Многу реално гледање на работите.

Не морам да ги споделувам јас тука распрашај се ќе дознаеш ако толку те интересира,а еве едната денеска се разреши,а ти сега оди до штабот и нека ти кажат што да напишеш и удри едно:pusigo:

Па добро сега, изгледа обидот за вреѓање ти дојде во неможноста да одговориш на едно просто прашање, а кога ќе размислам и подобро што не одговори затоа што ваков пост
Ова што го прави ивица е толку подмолно што ни самиот ѓавол не би го направил
е ремек дело, посебно во религиозниот дел и било права штета да се дополни.
 
Сподели ги сите негови подмолни работи и злодела да можеме сите да ги прочитаме.

Не бев активен на форумов неколку години ама чат-пат читав што се случува за да бидам во тек со настаните. Еве и денес отворив да видам што има ново и што да видам? Имаме нов член, тазе-фан на МЗТ Скопје, поддржувач на актуелната управа упс нема управа туку ајде нека биде поддржувач на градоНАЧАЛНИКОТ на Аеродром и верен слуга и другар. Јас не знам од кај да почнам со подмолните работи затоа што се 300 пати кажани ама еве набрзина хронолошки:

-Лажги во врска со салата дека ќе биде на МЗТ Скопје. Салата не е на МЗТ Скопје, туку е на Вардар а кога ќе притреба (читај пред 24ти април) и на ВМРО. Муабетите со гратис комплексот за тренинг, најдобрите услови и многуте години во иднина кога ќе може бесплатно да се користи салата фрли ги во вода. Тоа не пали тука, и не би упалило никаде во свет затоа што со лажги, манипулации и мачкање очи се осквернави еден поинаков дел на градот, една поинаква култура на живеење и битисување како и цела една филозофија. Да не одам понатаму, заклучокот по ова прашање ми е дека сега ситуацијата е каква што е, но тоа нема да биде навек.
1) Водењето на клубот индијански, самоволно и без осет за реалноста. Имаше Зоран Мартич една добра изјава минатото лето кога не беше продолжен договорот со него, верувам ќе се сетиш што точно кажа за нашиот ценет градоначалник а подоцна и кога Змаго Сагадин си отиде беше истиот муабет за носењето одлуки од ракав, носењето играчи на своја рака (замисли само Абрамович без да го консултира Мурињо на своја рака да донесе играч?!), недомаќинското водење на клубот и раководењето во него како во политичка партија по принцип: "Ако не ме слушаш мене и моите наредби утре може да те нема!" Епа затоа од клубот си отидоа оние што го чинеа УО (не многу ама доволно) и останавме со пар потрчковци кои сепак зависат од тие 300-400 евра плата и не би сакале за жива глава да се откажат од нив. Они не смеат да се побунат затоа што ќе летаат од работа, а во денешно време кој би сакал да загуби работа? МЗТ нема управа, нема раководни органи, одлуките не се носат транспарентно, нема состаноци нити записници за истите. МЗТ функционира како партија, авторитарно со еден човек кој носи одлука и под која сите треба да се потчинат. Вистина, од април навака му се дадени малце подоврзани раце на Пипан затоа што се виде колку е саатот ама пак се гледа дека ситуацијата не оди на арно.
2) Од точка два се префрлувам на точка три бидејќи единствени кои се побунија против овој начин на (не)работа беа ФА, иако тоа можеби во почеток изгледаше неорганизирано и во млад и бунтовнички стил сепак зад тоа се кријат јасни и чесни намери клубот да функционира витешки, спортски и без дебилни потези. Ја барате искрата на судирот? Тоа не беше ни салата, ни изгубениот куп, ни катастрофалните резултати лани. Тоа беше идиотската одлука за недавање карти на луѓе кои не се со живеалиште во Аеродром за дербито со работнички, тоа го потегна и нашето соопштение во врска со тоа а подоцна и паролата за ИВИЦАта на срамот на која цела сала аплаудираше како наша поддршка. Тоа беше моментот кога дотичниот не можеше да се помири со тоа дека џабе му се трите титули и трите купа, јадранските и еврокуп одисеи, сите победи и сл. кога пак сам себе се закопува со потег недостоен за МЗТ Скопје. Гледаме годинава пред дербито во четврток дека таква одлука во врска со картите нема што имплицира дека дотичниот сфатил дека сме во право со нашите тврдења дека треба да им се даде колку сакаат, колку можат да дојдат и онака? 100, 200, 500 со се симпатизери? Смешно.
3) Тоа беше искрата која потегна и одземање на договорените карти кои на ФА и следуваа, подоцна и дуелот со Олимпија кога наводно навредливо се пееше и кога и почна бојкотот со напуштање на полувреме или на крај на 3/4 четвртина, не се сеќавам. После тоа следуваа пријавите за тоа, па активирање на 20-30 други стари пријави од ПС Аеродром кои само чекаа како лешинари да ни чукнат на врата и да не малтретираат нас и нашите семејства. Подоцна одеше работата со прекречувањето на графитите, кречењето на графитот на Хард, полициското гасење на ФБ страницата и отварањето на нова која денес ја води ПР агенција (од која можеби и ти лично си дел па ти дале обврска тука да коментираш и да исправаш криви дрини), па годинава имаме обврзно следење на утакмица за децата од 1во до 8мо одделение иначе ќе има неоправдан, имаме по обавезни 25-30 луѓе од секој месен комитет во општината кои по список се проверуваат дали се на утакмица. Шоуто продолжува, едвај чекам што ќе биде наредна глупост.

Има уште многу детали, некои можат да одат јавно а некои не. Навистина ми е жал што има многу такви што не ја согледуваат реалната слика и што под изговор за некои си титули, парчиња метал и тридневна новинарска слава, што за модерна сала и теретани со скајбарови и спа-центри можат да ги дадат годините живот кои голем број на момци ги дале за клубот и групата, а денес први се на листата за шиканирање, први се на листата кога било што ќе се случи да даваат изјава во станица, се тегнат по судови за разноразни глупости а оној што ги направил најголемите криминали во поновата историја на Аеродром се шетка како бела мечка, ужива привилегии и доживува на баскет-утакмица да биде скандирано неговото име наместо името на клубот. Да-да, и тоа го има. Јас не знам со кој образ се јавуваат фантомски ботови овде во име на градоНАЧАЛНИКОТ и кажуваат приказни за тоа што и кој биле ФА, какви им биле членовите или за што биле криви а за што не?!
Да знаете само дека нема вечно да траете и ова не го зборам како закана туку како сурова реалност за секој оној што за момент се почувствувал надмоќен во однос на навидум послабиот и изнемоштен "противник".

За сите оние што пишуваат во име на ФА ќе ве замолам да не го правите истото и да не изнесувате рекла-казала муабети бидејќи пола работи тука пишани не ви се точни. Следете го клубот, одете и во сала ако сакате, ама немојте дополнително да додавате оган кај што не треба. Ситуацијата се следи, за што и да треба има кој да каже ... иако можеби не би требало.

пс. не би ти препорачал да ме тегнеш за јазик и да реплицираш, попаметно е се што имаш да ми кажеш лично а секако и за групата, да го направиш преку приватна порака.
 
Се продаваат ли карти на билетара и 100че ли се?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom