1.
Плеј - Оташевич и беше играч на Пипан, исто како и Бакич, он си ги донесе и видовме дека и тоа како добро знаеше да си ги користи. Нормално дека не сме Челзи па кога ќе дојде Мурињо да му речеме пиши шо сакаш да дојде шо да си отиде. Вукоичич си имаше право на избор и си ги донесе Лучич и Синовец (за Рејнолдс не сум толку сигурен). Очигледно дека човекот верувал дека позицијата плеј му е добро пополнета и не ангажирал соодветен играч таму.
2.
Среда - сабота - Кога немаш фонд на играчи за да го издржиш ова темпо, ќе си дадеш приоритети. Погледнете колку профи го прави тоа Лино Червар со Металург, точно се знае која утакмица со колку сила се влегува и дали се оди на победа или се пушта втор тим да направи што може. РК Вардар е веќе друга приказна затоа што реално имаат далеку подлабок ростер.
3.
Криза - Не знам што е чудно што сме го смениле тренерот на сред сезона, кога не оди ПОЛОГИЧНО е да се смени тренерот него ли да се сменат 10 играчи, нели? Со скор од 5:12 (4:6 во АБА што ни е примарно) не може никако да се каже дека не сме во криза и не смее да се остават така работите, мора нешто да се превземе.
4.
Играчи - Искрено дури и минатата сезона очекував да се донесе некој добар центар од МКД кој ќе учи од Тоше и Станко, затоа што очигледно е дека Тоше не може повеќе од 15тина минути мушки да изигра. А за странците со кои располагаме верувам дека направиле добар избор во согласност со парите што биле спремни да ги дадат. Рејнолдс сам играше против МЗТ преклани, ама една сезона во пропала лига го утепа.
--- надополнето: 2 декември 2013 во 15:26 ---
Екипа.мк шпекулира дека МЗТ е во преговори со Luther Head. Дечкото играл во НБА и тоа 4 сезони во Хјустон и по една во Мајами Индијана и Сакраменто пред да помине во D-League, а годинава ја почнал во Valladolid во Шпанија.
Линк од wikipedia. 2006-07 има 10,7 поени по утакмица што е многу солидно, а просекот му е по 22минути по утакмица. Ако е вистина ова што го пишува екипа, дечково изгледа многу јако.