Со Чуквуезе, па и Пулишиќ, конечно ќе може да видиме што значи да бидеш опасен по двете крила и ќе дознаеме како би изгледала левата страна кога би била малку порастеретена. Ова го чекам со години.
Со здрав Пулишиќ, ние имаме тројца стартери за крилни позиции, неверојатен напредок, а и квалитетен АМ, каков исто немаме долго време. Кај него е проблем само да остане здрав и да не се чуствува како отфрлен и во втор план, а за фудбалските квалитети е непотребно да се зборува.
Лофтус-Чик навести зошто е доведен. Какви физички предиспозиции има дечкото!? Исто како и кај Пулишиќ, само да е здрав.
Иако во среден ред треба уште квалитетни решенија, поради тоа што веќе потрошија доста пари, треба инвентивни, не би било паметно да се доведеме во ситуација да мора да се ослонуваме на Круниќ и Побега. Во Италија можеби одреден период и ќе помине тоа, но во ЛШ тешко, а во трет пот сме и може да имаме премногу тешка група.
Исто е и во одбрана. Најдобри ни беа фудбалери родени во 2001 и 2005 година. Томори не дека беше лош, но му премина во навика да има црни моменти, да се губи и да прави глупости.
За ваков пресинг, Окафор пред Жиру.
Има уште многу да се работи и да се средува. Нема се да решат со трансфери.