Од играчите што си заминаа летоска мислам дека Кучка најдобро ќе легнеше како играч од клупа во фудбалот што го форсира Гатузо. Малку и нејасно ми е зошто толку лесно се откажавме од играч кој што секоја утакмица ја игра со 100% и мислам дека не требаше за 5м да се ослободиме од него. Не дека овој беше некое играчиште, но како замена за Кеси мислам дека би ни легнал и повеќе од добро.
Инаку во летниов преоден рок на неколку интересни играчи им завршува договорот со актуелните клубови и не би било лошо доколку постои можност да се проба да се донесе некој од нив. Не верувам дека летоска ќе се трошат пари како лани па од таму секој играч кој што може да понуди нешто и притоа не кошта ништо на трансфер пазарот треба внимателно да се следи. Лично моја желба е
Макс Мајер од Шалке, но тука очекувам да се вклучат неколку тимови во борба за неговиот потпис, а доколку меѓу нив е Баерн Минхен тогаш џабе ја пишував оваа реченица.

Исто интересна опција може да биде и
Асамоа од Јуве, но по се изгледа нашиве ќе се насочат кон Стринич од Сампдорија.

Ако постои било каква можност за Асамоа да дојде во Милан, јас стварно не гледам која е логиката истиот да го заобиколиме, а место него да го донесеме хрватов. Во средниот ред исто како опција за нула евра може да се разгледаат
Мутињо/Јаја Туре. Сега за вториов сигурно некој ќе рече дека има 35 години, но и Ван Бомел кога дојде во Милан не беше во цутот на младоста па ни се најде и тоа како.

Сега ни јас не знам зошто се заиграв со ваков фудбал менаџер муабет во март месец кога не се ни знае дали и колку ќе троши Милан летоска, но ете ... да си го искажам и јас скаут мислењето кај фудбалерите кои би можеле за 0 еура да дојдат во Милан.

Шала на страна, ако се трошат пари летоска нека се потрошат на класа напаѓач и ајт со здравје, а не би било лошо да се проба и со трампа на Гомез за било кој играч од помаливе клубови во Италија што игра горе-доле редовно и притоа може да ја покрие како играч од клупа позициајта на која што сега игра Бонавентура.

А богами фали и крило во екипава зошто Хакан и Сусо освен Борини нема кој друг да ги замени.

