Најлошото можно сценарио од утакмицава беше истата да отиде во продолженија и тоа и се случи, но за наша среќа барем успеавме да обезбедиме финале. Мислам дека полош момент од овој да играме 120 минути фудбал ќе нема во наредни 10 години. Пекол распоред имаме до утакмицата со Киево, но ќе мора машки да се изгура целата оваа ситуација. Она што мене посебно ме радува е тоа што и сега и во деновите со смајлито кога бевме во очајна форма покажуваме дека за Милан нема небитна утакмица или небитно натпреварување, а и физичката подготвеност на играчите е на доста високо ниво и цели 100 и кусур минути игравме фудбал на високо ниво.
Она што ме изненади највеќе од утакмицава е стартната постава на Гатузо. Искрено мислев и посакував да стартува со Абате место Калабрија, Монтоливо место Биља, Борини место Сусо или Хакан и Калинич место Кутроне, па подоцна во текот на играта да влегуваат првотимциве во игра. По некоја логика ова беше последната шанса да се направи ротација пред пеколот во наредни 18 дена, но сигурно Гатузо и сите околу него знаат повеќе од нас за тоа до каде е физичката подготвеност на овие 11 играчи кои што фала богу се стандардни првотимци. Играта барем за мене беше очекувана и едино што ми е криво е што не искористивме барем една од шансите што ни се укажаа по 90 минути игра. За онаа во 118мин на гнидата од Хрватска искрено не ми се збори, повраќаници од играч е овој. Колку и да се обидува човек да најде нешто позитивно во неговата игра џабе е, во прва наредна прилика одма ќе те демантира па свет да се преврти. Овој и Силва, поточно 65те милиони дадени за двајцата се една од двете најголеми грешки што ги направија Мирабели и Фасоне. Реално да дадеш 65м за позиција напаѓач и да немаш за истата играч што ќе гарантира 20+ голови во сезона е огромен неуспех за комплетната управа. Другата нивна грешка е тоа што не му ги спакуваа куферите на Монтела мноооогу порано.
Она што највеќе радува е тоа што одбраната конечно заличи на нешто. Шест утакмици по ред играме без примен гол, уште Родригез да не игра во грч и ќе бидеме тип-топ позади. Дефинитивно швајцарецов моментално е првотимец со најслаба форма и се надевам дека за кратко време ќе се врати на вистинскиот пат...не за друго него кога го гледам како се кочи на терен се ми оди на тоа дека ја има истата болест со Де Шиљо.
Пеналите на крај можеше асално да ги сјебе Гатузо. Јес да истите важат за нешто што е 50:50, но по која логика Родригез, Монтоливо и Борини добија шанса пред Бонучи, Хакан, Бонавентура и Биља кој што не шутираше никако не може да ми биде јасно. Од друга страна Донарума стандард си гази кога се во прашање пеналите.