Абе отпишите ги Поли и Верати. Поли е ветен на Јувентус, Верати е фан на Јувентус и тоа е завршена работа.
Јас би очекувал некој младич од Јужна Америка, за креативец во среден ред, често се спомнуваше Лукас Муњи, дури имаше шпекулации дека ни бил договорен, ама поради тоа што бил не-европски го чувале за на лето, ќе дојде Сапонара и не верувам дека таа позиција ќе биде приоритет за наредна сезона. Ако си одат Робињо, Бојан и евентуално Боатенг, тогаш очекувам некое позначајно име за крило/напад.
Ако Саламон е купен за дефанзивец, најверојатно ќе се тргне по некој кој би му бил замена на Де Јонг, некој за местото од Амброзини. Ако Кристанте вистина добие шанса и во текот на летото ја оправдува тогаш тој ќе биде замената за Амброзини.
Одбраната ќе зависи од тоа кому ќе продолжуваат договори, а кого ќе пуштат. Ако Запата е вака стандарден во тим, мислам дека ќе го откупат.
Ќе видиме... влегоа во озбилна мисија за подмладување и реконструкција, побараа 2 години фора, наредново лето ќе биде битно и доста ќе зависи од тоа дали ќе играме во ЛШ или не.