Како што мислев пред Лацио и сега исто мислам дека против Јуве во средина треба да игра Калулу. Заедно со Кеси има да бидат напаст за фудбалерите на Јуве.
Што добиваат со Раде пред него? Што ако има повеќе искуство, кога Калулу е похрабар во донесување одлуки, не бега од одговорност, подобар е во дуел игра, па и во изнаоѓање решенија под пресинг.
И така без Ибра и Бенасер не може да бркаат посед. Можеби и би можело со Хакан до Кеси, но тоа тешко дека ќе го видиме, а и кој знае на што ќе личи.
Стави ги овие двајца нека изгинат на терен, а сигурно ќе има некоја добра контра преку Тео, Хакан, Ребиќ, Леао. И штета што ќе го нема Салемакерс...