Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .

Драмата продолжува и во овој трансфер период.
 
Simakan ke bide prvoto zasiluvanje,nego vo sreden red sto ke bide..tamu sme epten tenki
 
Чуј, да се размислело дали да се откупи Тонали или не. Чуј, после цела таа сага којашто се дешаваше при негов ангажман, при таква најава и претставување, при онакви бројки и суми за трансферот, а и при тоа за каков талент и играч важи. Мислам дека Милан нема и не смее да си дозволи уопште да размислува за тоа дали да го откупи Тонали или не. Можда ќе се повторувам, ама ќе пишам и зошто така мислам.

Прво, сметам дека 'чекањето' на Тонали да дигне форма и да исполни потенцијал и се она што се очекува од него е најмал проблем за Милан. Какви се и кого се од играчи ние имаме чекано, па даено и појше време отколку што требало и заслужувале, Тонали е мали дете. Кеси го чекавме буквално откако дојде па се до пред 3-4 месеци кога стана незаменлив. Хакан откако дојде до после короната. Бенасер и Ребич не сакам да праам муабет. Леао уште го чекаме. Па и Ромањоли чак уште го 'чекаме'. Зборам за играчи купени за горе-доле исти пари. Калабрија .... Калабрија. Да не зборам и набројувам за други смешки играчи од поблиското минато. Сеа било проблем што требало да го 'чекаме' Тонали. Факт е дека е донесен со големи очекувања, ама да не заборавиме дека Тонали е репрезентативец на Италија. Дојде од Бреша во Милан на 20 години и е одма во оган, практично мораше веднаш да стане првотимец заради ротацијата и повредите на Бенасер. И да се бори за место во прв тим со Бенасер и Кеси најверојатно на врвот на формата во еден Милан исто така на врвот на формата во последниве години. А и нели комотни сме, Кеси и Бенасер се топ, не сме во фрка во среден ред, не брзаме никаде. Пак ќе речам, тој е тип на играч и за позиција на терен, каде што играчот станува класа и пружа најдобри партии на една повисока возраст од обично. Затоа и тие играчи играат на високо ниво до подоцнежни години. Примери има еден куп, да не набројувам. Бенасер на пример е 3 години постар од Тонали и размислете каде играше и за каков играч важеше пред 3 години. Кеси е 4 години постар од Тонали и пред 4 години беше во Чезена. Според мене е многу безвеза да му се лутиме во овој стадиум на Тонали за било што. Многу не удри во глава ова добрава форма, курчевити сме станале, стандарди до небо. :icon_lol: Дај не заебавајте, Тонали е страшен трансфер за Милан, тоа барем се уште важи и цела фудбалска јавност се согласува. Размислете кои играчи па еве и во Серие А, гравитираат за таа или слична позиција, колку се платени/купени, какви партии пружаат, дали и колку се константни, колку години имаат и све ќе биде јасно.

Па еден Хаверц го 'чекаат' да буфне, Азар и да не набројувам кого се друг, па нам ни било проблем да сме го чекале Тонали. И ова го збориме на 3 месеци од почеток на сезоната.

Тонали се уште важи за еден од најталентираните играчи во Италија и во Европа, а чак и на самиов почеток во Милан покажа дека има зошто да е така. Црвениот картон? Дај не заебавајте, еден несреќен картон којшто моеше и да не се суди. Па Бенасер лани кланица од картони праеше. Тонали е скроз различен тип на средњак од сите коишто ги имаме во тим, а и таков тип на средњак денес тешко се наоѓа низ фудбалот. Тоа му е најголемиот квалитет. На тоа треба да се потрпеме, на тоа треба да се работи и тоа вреди да се почека да се вклопи во Милан. Репрезентативец е, страшен потенцијал и признаен талент од цела фудбалска јавност. Какви превари од играченца имаме и сме имале, Тонали е класа за нив.

Јас мислам дека на Малдини и на Газидис не смее да им падне на памет да не го откупат. Со тоа освен што би си направиле себеси штета, би го уништиле и него како играч за сва времена. Парите не се некои, потенцијалот којшто го има Тонали и типот на играч каков што е - неспоредливо е позначаен од цената. Ќе се покаже тоа и сезонава, сигурен сум.
 
Крунич и Ребич позитивни. Сеа или Хакан или Калабрија партнер на Кесие во средина.
 
Сега најдоа овие да се заразат.

Калулу подобро да игра во средина и да не се растура 4ката позади.
Далот десен бек, а Калабрија средина ми изгледа лошо.

Хакан-Кесие
Кастиљехо-Диаз-Хауге
Леао
 
Milan’s probable lineup vs. Juventus according to Sky:

Donnarumma; Dalot, Kjaer, Romagnoli Theo; Calabria, Kessie; Castillejo, Calhanoglu, Hauge; Leao


:pos:
 
елле Далот ќе игра..ќе има комедии :), можеше да проба со Хакан поназад а напред да играше Брахим.
 
Calabria-Kjaer-Romagnoli-Theo
Brahim-Kessie-Calhanoglu
Castilejo-Leao-Hauge
Притисокот на оваа утакмица е преголем ако покажат тука класа.. Макар и нерешено стварно имат екипа за титула. Иначе се надевам дека Интер како така ќе киксне денеска.
 
Ќаер и Ромањоли ќе треба денес да се надминат и да се претворат во Малдини и Неста. Притисок јак ќе трпат, не верувам дека ќе издржи Кеси сам на средина да амортизира доволно.
 
И на крај за бод. Поважно до денешниот натпревар се следните 4-5 да ги победат.

Ако до крај на сезона нема повредени и заразени важни играчи имаат шанси, ама ако има период како сега тешко. Зависи и од засилувањата кои ќе ги донесат.

Ене ја и Аталанта ќе влезе во форма, а Рома лесно се справува со мали екипи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom