Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Сега еден лузерски коментар:

"На следната против Јуве и со нерешено сум задоволен." :oops:

Убаво би било да не победат денес и да влезат деморализирани во среда .
 
Ја да си бидам искрен, не очекував без Ибра, Бенасер и Кјаер (некогаш без сите, некогаш спорадично), да имаат вакви резултати.

Сега полека како се враќаат очекувам и некои подобрувања во играта, далеку од тоа дека секогаш е лошо, иако тешко е во ваков густ распоред да бараме да гледаме одличен фудбал секое коло.

Јуве доаѓа во не баш најдобар период за Милан, Ибра најверојатно нема да игра, а на Бенасер тоа ќе му биде прв натпревар, се виде денес со Кјаер што може тоа да значи.

Но до сега во сите дерби и полудерби :) натпревари оставија позитивен впечаток, без разлика на околностите, па нека продолжи така и со Јуве.
 
Ја искрено очекувам дека на Интер ќе им го предадеме првото место следниве кола со оглед на повреди и распоред. Со тоа што при крај сезона ќе им се деси Контехехее и пак ќе ги поминеме, најмерачки :icon_lol:
 
Во среда треба да играат подефанзивно и да се искористи брзината на Леао, Ребич, а Тео.
 
Досега преживеаа и следува полесен распоред, освен Аталанта.

Торино, Каљари, Болоња, Кротоне и Специја и шанса да се соберат максимум бодови пред дербито и ЛЕ. Овде никако не смее да се случи Парма и Џенова натпревар.
 
Како што мислев пред Лацио и сега исто мислам дека против Јуве во средина треба да игра Калулу. Заедно со Кеси има да бидат напаст за фудбалерите на Јуве.

Што добиваат со Раде пред него? Што ако има повеќе искуство, кога Калулу е похрабар во донесување одлуки, не бега од одговорност, подобар е во дуел игра, па и во изнаоѓање решенија под пресинг.

И така без Ибра и Бенасер не може да бркаат посед. Можеби и би можело со Хакан до Кеси, но тоа тешко дека ќе го видиме, а и кој знае на што ќе личи.

Стави ги овие двајца нека изгинат на терен, а сигурно ќе има некоја добра контра преку Тео, Хакан, Ребиќ, Леао. И штета што ќе го нема Салемакерс...
 
Добро бе, навистина мислите дека е можно да не го откупат, а дода веќе 10 милиони?
За позајмицата на Игуаин па и таа на Бакајоко се платија големи пари па после не ги откупија.
 
За позајмицата на Игуаин па и таа на Бакајоко се платија големи пари па после не ги откупија.

Не знам јас што е најдобро, нека си проценат. Но, може да се гледа и од друг агол... Веќе се дадени за него 10 милиони, а ќе треба максимум да се дадат уште 25 (15 се бонуси, кој знае до колку и до кога ќе се исплаќаат). Ако не го купат, губат сигурно 10 милиони (а и ќе си направат проблем при договор со други клубови, кои откако ќе видат, нема да бидат толку флексибилни, а и со други фудбалери/менаџери).

Нешто од бонусите сигурно нема да се исплати, ќе чини околу 30 милиони. Сега ќе нагаѓам, но и да решат да го продаваат подоцна ќе биде некаде околу 15 милиони... Па по оваа логика (која не мора да е добра), се работи за ризик кој што можеби и вреди (ќе изгубиш одма 10 или максимум околу 15). Јас се надевам само дека ќе проценат добро во каков играч може да се развие, да не испуштат талент кого веќе го имаат. Мене исто ми е. :)
 
Бакајоко беше 5+35 мил
Игуаин 18+36, платија само пола 9 мил

Скап откуп беа овие и висока плата.

Им одговараат условите за Тонали 10 позајмица 15 откуп и 10 мил во бонуси. Хакан го чекаа 2 и пол сезони да проработи, а исто важи и за Калабрија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom