Мене ми е јако што цела фудбалска јавност, вклучително и ние навивачите по дифолт одиме со мислење дека Гатузо никако нема шанси да има појма од тренерска тактика, убав фудбал и тренерско знаење и по автоматизам се држиме само до она: “Па добро, ако ништо друго ќе ги спреми физички, ќе има дисциплина, ќе ги напраи ТИМ, ќе им покаже што значи да се носи дресот на Милан, ќе им внесе карактер и слични сурови ствари“

Као од одма, уште непочнато да му ја одземаме шансата да покаже дека човекот можда може да биде и стварно добар фудбалски тренер и стратег, освен мотиватор, атлетски тренер и строг воџа. А све ова само затоа што беше тип на играч каков што беше.
Нормално сеа, не викам дека тој тоа е или некогаш ќе биде, ама па од ова досега нема зошто од старт цела јавност да ја исклучува таа веројатност, зашто во Милан будалава изминатиов период покажа и тренерско знаење и тоа е она што најмногу ме изненади некако.
Треба да се биде многу претпазлив со оценките, проценките, со ставовите и плановите за следна сезона. Ова може да биде ефикасна шок терапија и не мора да значи дека Гатузо е доволен и спремен за посериозни дострели кон кои Милан цели и ќе цели во следни сезони, ама јас не би исклучил ниту негово потврдување за тренер и понатаму зошто барем со ова досега, човекот рака на срце, заслужи.
Па, на крајот на краиштата во денешниот фудбалски свет има тренери кои важат за европски Топ 10 тренери кои као играчи беа исти дрвосечи и кољачи као Гатузо, не?

Без разлика дали во Милан или не, јас на Гатузо му посакувам голема тренерска кариера, зошто изминатиов период имаше потези,изјави, резултати и слично со кои драматично ми порасна почитта за него и како фудбалски лик и како људина пред све.
По ова досега, испаѓа дека кредитот за среденава одбрана мора да му се препише исклучиво нему, зашто се покажа очигледно дека тоа што сите негови тимови досега (макар помали и понебитни) примаа многу малку голови не било случајно.
Ми се чини дека и ова што ни падна Арсенал и овој период на ултра битни и јаки утакмици му оди во прилог на Гатузо, затоа што ќе може лесно да го праи она што досега одлично го праи - да ја држи концентрацијата и тензијата на највисоко ниво, да мотивира и да ги држи во кондиција да гризат и ораат по терен како што тоа го праат досега. На крајот на краиштата во вакви утакмици и вакви периоди се глеа дали тимот ќе го биде или не, дали тренерот ќе го биде или не и дали играчите ќе ги биде или не. Нема да се уфрлам во типување кого да тепаме и колку во следниов период, ама ако влезат во сите утакмици со оној набој со кој вчера ја издоминираа Рома можат да победат било кого од следниве противници, па и сите.
Гатузо брате, само вака продолжи, ова се периоди и околности кои може живот да сменат. 4-5 место во Серие А и елиминација на Арсенал во ЛЕ, јас мислам дека ќе му бидат доволна виза за останување и следна сезона. Ќе остане да ми виси дали е правилно или би требало да се оди со проверена и докажана варијанта од тренер, ама па ако заслужи, стварно е глупо да му ја одземеш шансата. Цар, само нека гура вака и нека го следат вака овие шупчињава во тим што беа навикнати да прчат муда по терен.