Ете калабрија што го хејтавте ради глупост, за месец дена ги надмина и де шиљо и аботот. Не е ни битно сите знаеме да плукаме понекад од нервоза
Милан е непрепознатлив периодов.
Самодовербата им е на исклучително ниво и физичката спремност е за огромна пофалба.
Рома имаа еден ден плус, но они беа на гостински терен у средата, па исто ќе му дојде.
Резултатот ме изненади искрено. Т.Е ме изненади мизеријата на Рома. Не склопија шанса. не мрднаа.
Чалханоглу го имаше насекаде денес. Ептен сакав да даде гол пошо стварно заслужува.И покрај тоа што немаше асистенција или гол, мислам дека може да се истакне дека беше најдобар поединец кај нас денеска. Цела утакмица трчаше... се враќа, пичи напред при контра напад, се отвараше, пред се игра несебично напред, а и одлично покриваше. Дава се од себе аскерот... а кај и да е и на него ќе му појде со гол, убеден сум во тоа.
Бонавентура за пофалба, Ромањоли+Бонучи се непробоен ѕид последниов месец... Биља се опраи и е као нов играч. Кеси си е машина.
Тоа е кутроне, го немаше цела утакмица, може имаше едноцифрен број допири со топка цело полувреме, ама пуста желба за гол...
Одлични бевме денес, на секое поле. Секој играч беше на ниво.
Сеуште дува промаја по бековски позиции у одбрана, ама барем напред добро играат бекојте.
И мора да се земе во предвид фактот дека денеска на терен имавме 7 души до 24 години (Сусо,Чалханоглу, Калабрија, Ромањоли, Кеси, Кутроне, Донарума) ... Многу млада екипа имаме, нешто што долго време не е истакнато на фан клубот.
FORZA MILAN!