Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
абе cassano плеј мејкер
зад напаѓачите и напред ибра и робињо пато на клупа и тоа е тоа
у средина со двајца дефанзивци амброзини и фламини или гатузо и боатенг

ибра-робињо
касано

амброзини = пирло- боатенг

--- надополнето ---

касано без пари-класа играч еден од најдобрите у италија
и еден лев бек и топ сме

на лето еден напаѓач место инзаги и еден централен дефанзивец а може и младиот ламела и ете ви најјак тим во свет

--- надополнето ---

а може и тој напаѓач да биде касано а ламела да се земе у лето како плеј мејкер а касано у напаѓач да се промовира и ете сме на врвот

Се арно ама само Касано да не прави проблеми како што знае он одма ќе лета од тука..доколку дојде Роналдињо си оди сигурно а читав отишол он во посета на Америка :)
 
На 16 декември 1899 година е основан Милан. Па ај нека ни е среќен роденденот :):party3:
 
^ ко да отварате тема за Барса јеботе.. :) It's Roma ,C'mon :)

^да бе Рома, тим кој во последните 6 години го имате тепано 2 пати, плус не ги бројам оние од купот во кои два пати ве победивме...
еве како играте во последните години на домашен терен со Рома:
2009 Milan Roma 2-1
2009 Milan Roma 2-3
2007 Milan Roma 0-1
2006 Milan Roma 1-2
2006 Milan Roma 2-1
2004 Milan Roma 1-1
 
Aj нека ни е честит 111-тиот роденден и многу титули натаму :pijan::pijan::pijan::pijan:
 
Tри единици = три титули... Лига на Шампиони, Сериа А и Купот :pehar::pehar::pehar:
Нека ни е честит реденденот, сеа кај да е ќе има некое изненадување од Берлу..
 
Мора за роденденот да има некое :)
се надевам на Таиво, Коентрао, Ламела или Балотели
 
Да ни е честит 111 роденден, и да си дочекаме уште многу титули.:olee:FORZA MILAN!!!
 
^да бе Рома, тим кој во последните 6 години го имате тепано 2 пати, плус не ги бројам оние од купот во кои два пати ве победивме...
еве како играте во последните години на домашен терен со Рома:
2009 Milan Roma 2-1
2009 Milan Roma 2-3
2007 Milan Roma 0-1
2006 Milan Roma 1-2
2006 Milan Roma 2-1
2004 Milan Roma 1-1
ко мува на гомце се лепиш :) Се шалев бе..
 
Поздрав момци... Гледам навиваме за ист тим, па ајде и јас да ви се придружам и да се вклучувам повремено во дискусиите... :)

Според мене нешто најдобро што му се случи на Милан, по завршувањето на претходната сезона е поставувањето на Алегри за тренер. Секоја чест за Леонардо, скоро да немаше фан на Милан кој немаше симпатии кон него и не му се мрштеше на Берлускони за смената. Но, после одиграни 16 кола мора да се признае дека тоа беше одличен потег. Како што имавме Милан во време на Саки, Капело, Анчелоти, сигурен сум дека ќе има ’Милан во време на Алегри’ и тоа со доста титули.

Алегри донесе сигурност, рутинираност... Го врати Гатузо (лани под Леонардо мислевме дека човекот веќе е промашај), во последниот натпревар најде како да го направи Пирло најкорисен, Фламини игра сосема добро, Абате (кој би верувал) покажува солидни игри, од Сидороф во мошне битни натпревари за сезонава извади максимум, и потоа од никаде го стави Боатенг на тоа место, а овој одигра одлично... Човекот покажа карактер и авторитет, го седна Рони на клупа и мува не го лази. Атмосферата во тимот воопшто не се наруши, а Рони кога ќе добие пет минути пред крај се труди како да е некој млад играч кој допрва треба да се докаже. Имав на почеток страв дали ќе успее да наметне авторитет пред постарите играчи, но секоја чест за него.

Ај, да не го тупам многу во прв пост... Доаѓа натпреварот со Рома, читнав неколку страни наназад и гледам дека има ’генерали после битка’... :) Една од главните дилеми е што доколку Гатузо не успее да се опорави. Јас сум се да остане исто, а доколку Гатузо не може, на негово место да дојде Страсер. Ме интересира што мислат другите (а не да чекаат да заврши натпреварот за да плукаат по Алегри)... :)

Не ми е јасно што се случи со Гркот... Го гледав на припремните натпревари и играше многу убаво, не само што бев сигурен дека ќе биде прва замена за централните дефанзивци, туку мислев и дека Неста ќе седи на клупа за тој да игра... Кога почна првенството сосема друго лице покажа на натпреварите, па сега и Бонера и Јепес имаат предност пред него...
 
Ми се допаѓа осечајот на ладното :).
Плус ^ јовановски мислам дека мислеше за отварање на тема за дербито,за фан клубот има време =)

да да за дербито мислев :) ако не отворите до утревечер јас ќе отворам ама пазете јас ко ќе отворам тема тоа значи дека рома победува хахахах (досега еднаш се деси :))

ај со среќа се надевам убав фудбал ќе гледаме ;)
 
Поздрав момци... Гледам навиваме за ист тим, па ајде и јас да ви се придружам и да се вклучувам повремено во дискусиите... :)

Според мене нешто најдобро што му се случи на Милан, по завршувањето на претходната сезона е поставувањето на Алегри за тренер. Секоја чест за Леонардо, скоро да немаше фан на Милан кој немаше симпатии кон него и не му се мрштеше на Берлускони за смената. Но, после одиграни 16 кола мора да се признае дека тоа беше одличен потег. Како што имавме Милан во време на Саки, Капело, Анчелоти, сигурен сум дека ќе има ’Милан во време на Алегри’ и тоа со доста титули.

Алегри донесе сигурност, рутинираност... Го врати Гатузо (лани под Леонардо мислевме дека човекот веќе е промашај), во последниот натпревар најде како да го направи Пирло најкорисен, Фламини игра сосема добро, Абате (кој би верувал) покажува солидни игри, од Сидороф во мошне битни натпревари за сезонава извади максимум, и потоа од никаде го стави Боатенг на тоа место, а овој одигра одлично... Човекот покажа карактер и авторитет, го седна Рони на клупа и мува не го лази. Атмосферата во тимот воопшто не се наруши, а Рони кога ќе добие пет минути пред крај се труди како да е некој млад играч кој допрва треба да се докаже. Имав на почеток страв дали ќе успее да наметне авторитет пред постарите играчи, но секоја чест за него.

Ај, да не го тупам многу во прв пост... Доаѓа натпреварот со Рома, читнав неколку страни наназад и гледам дека има ’генерали после битка’... :) Една од главните дилеми е што доколку Гатузо не успее да се опорави. Јас сум се да остане исто, а доколку Гатузо не може, на негово место да дојде Страсер. Ме интересира што мислат другите (а не да чекаат да заврши натпреварот за да плукаат по Алегри)... :)

Не ми е јасно што се случи со Гркот... Го гледав на припремните натпревари и играше многу убаво, не само што бев сигурен дека ќе биде прва замена за централните дефанзивци, туку мислев и дека Неста ќе седи на клупа за тој да игра... Кога почна првенството сосема друго лице покажа на натпреварите, па сега и Бонера и Јепес имаат предност пред него...

Поздрав и добредојде тука,да се надеваме дека ке бидеш активен и заедно ке споделиме многу радосни моменти(почнувајќи од натпреварот со Рома)

И јас сум за да се проба со Страсер(ако е подготвен) затоа што ако не е,ке треба да се смени формацијата,а со оваа добро ни тргна така да сакам да остане ИСТАВА!

А за гркот и јас мислев дека ке игра почесто,ама изгледа уште му немаат простено за грешките со Чезена,а може и не тренира ко што треба.

И за крај,нека ни е ЧЕСТИТ 111-от РОДЕНДЕН,да дочекаме многу титули и наравно опасни трансферчиња :)

--- надополнето ---

п.с Денеска имате попуст од 20% на сајтот на Милан,поради јубилејов,ако сака некој да нарача денес му е мајката :)
 
63506_471604316948_22069831948_6213266_2494737_n.jpg
 
Добро би било Касано да дојде затоа што во Милан нема трте-мрте и ќе си се смири :)

пс: хит на месецот во Милано :icon_lol:

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom