Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
Честитки честитки
capt.bc0135a2dd0546b98da45390efc6fff0.italy_soccer_serie_a_xac103.jpg


Мангупот со 22ката алал да му е :)
Особено 2 гол...еден од поинтересните сезонава

Диди какви рефлекси:vozbud:...ај полека тимот ни се враќа во најдобрата форма

Во вторник ке биде тешко да победиме но барем ке има убава атмосфера на трибините од росоњерите :)
 
Oпаааа солидна игра :)
Пред се Бориело и Роналдињо. Се заигра Рони јаки дриблинзи:)
Задоволително беше ова што го покажаа вечерва.

Очекувам слично нешо во вторник :vozbud:
Неста ќе се врати ли во вторник???
A и Гатузо е тука аааааааааааа ќе има шамари а може и некој старт за Кака :tv:
 
Што знам, никако не ми беше јасно зашто не запнаа да дадат уште еден гол порано... Се тресев на крај немој да се повтори претходното гостување со наполи...
Иначе, јест да Роналдињо потроши многу топки... ама не е он крив човече, цело време по 2-3ца играчи му се на еден метар растојание.. а кога има повеќе простор(пр. контра напади) може да одигра страшно.. А и баш од таква ситауција произлегоа 2та гола..
Бориело супер одигра, покажа голема желба и труд денеска што резултира во 2 постигнати гола..
Каладзе ме изненади, после толку години вака добра утакмица да одигра.. секоја чест!!!
Тиаго Силва, едноставно ЅВЕР Е ЧОВЕКОТ!!! заедно со Неста и Пато се најдобрите моментално во составот на Милан...
Не ми беше јасно што толку идеме преку Сидорф... редно е веќе да го напушти клубот..
Друга работа, Палоши не се истакна многу денеска, мада доста пати Силва и Каладзе (а пред се Одо) имаа проблеми да го чуваат..
А Одо ни е промашена инвестиција.. од 25 набацени топки само 1 или 2 да се асални, не бива...
Останува уште со позитивни мисли да го чекаме дуелот со Реал...
 
А ти си помислил дека Милан ке оди на што поедноставна победа со чување на силите за во среда..за утакмицата против Реал Мадрид?

А ти си помислил дека силите не се чуваат со дремење пред гол и чекање да ти го брцнат?

И каква е таа поедноставна победа? Демек 1-0 е поедноставно, а 3-0 не е пожелно да не се уморат многу?
 
А ти си помислил дека силите не се чуваат со дремење пред гол и чекање да ти го брцнат?

И каква е таа поедноставна победа? Демек 1-0 е поедноставно, а 3-0 не е пожелно да не се уморат многу?
Не викам дека не е поедноставно 3-0 ама таква игра им постави лео....чекавме само контри
Дида-се враќа мајсторот
Оддо-бољи да не набацува,едина добра беше таа на пато шо му ја набаци
Силва-солиден
Каладзе-солиден исто(конечно)
Антонини-добра игра но се повреди сексаа со рони по лева страна
Пирло-мн е спор...нз што се дешава
Рони- се подобрува само неможе да игра цело времем му пракаат по 3 играчи
Гатузо-после повреда солидно изигра
Сидорф-тапа ми е некако с
Пато-солидно....мн го влечат....едвај го сопираат
Бориело-ЧИСТА ДЕСЕТКА....се труди заслужува да игра

Палоши-осекам дека ке кине коа ке се врати...

Со срека ни е ганецот иако не е официјално имам претчувство дека ке го земеме

Форза Милан
Се гледаме во среда...

Бориело 22
Рулз
 
Браво за Бориело(Роналдињо), ова ми се свиѓа што Леонардо му дава шанса на Бориело да докаже дека вреди да играво прв тим , нека му ја мисли Реал :smir:
 
Добро е :).
Moжеше подобро и повеќе ама и ова е задоволително. Единствено ми смета што требаше да се заврши цела работа порано, место да се држи неизвесност до последна минута.
Жал ми е за Антонини-добро ја изигра минутажата и за Силва што опна пречка, со Реал не му признаа чист гол, сега пречка :\.
Oдо аман брате амааан!!! еииии магаре да беше ќе дадеше еден на право место. Како и да е, компензира со дефанзива, човек не му проаѓа ко хиена е, тоа е разликата од него го замброта-замброта ни едно ни друго не знае.
Бориело херој на денот, време беше да блесне вака и да даде придонес. Од него очекувам многу повеќе од јануари со Бекам, Бекам за разлика од Одо знае каде даде топка, само да е здрав ќе се истури од голови.
Исто така за пофалба беа и Каладзе и Гатузо.
Со Реал не се замарам, нема да ме изнервира никаков резултат освен некоја петарда :). Да сум јас би им пуштил деца нека се трчкаат со нив.
пс. Бориело мислам дека му го потпиша трансферот на Хунтелар денес :)
 
Честитки за победата!
Роналдињо изигра супер пред се,имаше добри дриблинзи пополека се враќа во форма.Силва изигра супер денеска и заслужи да даде гол ама пречката..убаво ја почна акцијата но тоа е.Антонини не требаше да го извадат требаше да ја доигра но таман е сепак браво за Бориело се надевам ќе продолжи со вакви игри.
 
Нека ни е честита победата играта не беше баш на високо ниво но сепак победа си е победа.Одличен натпревар за Бориело,Роналдињо и Пато исто и за Антонини и за Силва:smir: Ми фалат уште оние 2 бода од Наполи...како и да е го чекаме во вторник Реал...Forza Milan!:salut:
 
Ама какви две топки му даде Роналдињо, греота ќе беше да не дадеше, многу ѕвер е Роналдињо.
Мислам Пејо дека головите на Бориело нема да му го потпишат трансферот на Хунтелар, него напротив мотив плус за повеќе да се ангажира у играта и да ја врати старата форма.

ПС. некои тука на форумов Милан се да освои они пак нема да бидат задоволни, тоа се луѓе кои не знаат што сакаат, би ги разбрал да се навијачи на Реал, пошто тој клуб така функционира, ама ова не ми е јасно.

Како и да е, Јубе изгуби од Наполи, ние ете среќата ни се сврте, но сепак влговме во ритам, идеме кон подобро.
 
честито за победата, еве ги најинтересните моменти


capt.4040a629e9d34c06893003f8afe497aa.italy_soccer_serie_a_xac119.jpg
 
99927c4c7ee3c62a419fbd4aed25d14c-getty-fbl-ita-ac-milan-parma.jpg


fb3cc95d22a7492d079e81dd6445f247-getty-fbl-ita-ac-milan-parma.jpg

си носи заштита за зaбите :)



Една од најубавите слики:pipi:
037b6114e22de9d542723e111f044f80-getty-fbl-ita-ac-milan-parma.jpg
 
Честитки за победата росоњери:smir:
 
Е ваков милан сакам да глеам, да не се тресем дур праа пресврт, 1-0, 2-0 мераци. Милан играше колку што му требаше незнам како на некои тоа не им е јасно. Одо беше дефанзива супер, е сеа шо не набаци ни една не набаци, Роналдињо е туе за тоа.
Дида ако продужи ваке ке биде прв голман цела сезона
Пато многу солира не ми се свиѓа тоа.
Силва е се подобар и подобар.
Коментаторот рече дека ганецот смо го потпишале, колку е сигурна информацијава.

Чапо аман брате АМАН кој ти е проблемот
Кажи кој те проблемот, ако можем со задоволство ќе ти помогнем, пошо очигледно е дека имаш некои проблеми :uvo:
 
Е ваков милан сакам да глеам, да не се тресем дур праа пресврт, 1-0, 2-0 мераци. Милан играше колку што му требаше незнам како на некои тоа не им е јасно. Одо беше дефанзива супер, е сеа шо не набаци ни една не набаци, Роналдињо е туе за тоа.
Дида ако продужи ваке ке биде прв голман цела сезона
Пато многу солира не ми се свиѓа тоа.
Силва е се подобар и подобар.
Коментаторот рече дека ганецот смо го потпишале, колку е сигурна информацијава.

Чапо аман брате АМАН кој ти е проблемот
Кажи кој те проблемот, ако можем со задоволство ќе ти помогнем, пошо очигледно е дека имаш некои проблеми :uvo:
Што те тера да го помислиш тоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom