Само сум задоволен од 3те бодови и од ништо друго!
Да имаш само 2 шута кон гол, против ваква отворена екипа како Парма за мене е равно на пораз. Леонардо се гледа дека е сеуште тактички незрел, среден дефанзивен ред воопшто не користи. Милан почнуваат да се бранат негде на 20иот метар од нивниот гол што е преблиску знаејќи кого имаме во одбрана.
Задоволува играта на Бориело, Силва, Антонини и на Пато донекаде (и тој е малце тактички незрел). Си стојам на зборот дека никој друг освен овие 4ца не го заслужуваат дресот на Милан.
Одо е најголемата трагедија што му се случила на Милан дефинитивни дури и Викаш Дорасо и Вогел беа подобра инвестиција од него

Роналдињо премногу премногу изгубени топки дечкото како изгубен во просторот е, ниеден дриблинг не му поминува ама сеуште му е останат осетот за пас жими тоа што го има.
Пирло е најспориот креатор на планетава земја, колку ја замара и успорува играта на Милан незнам ни дали е самиот свесен, секогаш прв човек да му подаде му е или Каладзе или Сидорф па да си ја замараат до бескрај.
Сидорф просечно, еднодимензионално го има на терен ама уствари како да го нема.
Се на се слаба утакмица на Милан, несмее да залаже резулатот. Парма имаше многу повеќе од играта и многу повеќе простор за игра и шанси само што се глуп тим па незнаат да ги искористат. Да беше некој друг поконкретен тим ке не напунеше.
Замена на Сидорф и Пирло немаме никаква, при нивна повреда би се распаднал тимот комплетно