$150 000 000??? Ако е вистина ондак... :nesvest:
Да сум јас одма би го продал, како фан на Милан и МанЈу, ке го кажам истото што го кажав и околу трансферот на К.Роналдо во Реал Мадрид - ниеден играч не вреди толку пари.
Еееееј... 150 милиони, па со третина од тие пари ке купиш десет млади, надежни таленти од кои сигурно ке излезат еден или два играчи од рангот на Кака. Играј ги 3-4 години и пак шитни ги за некоја баснословна сума.
Во денешно време денес си-утре не си... само сетете се колку нудеше Милан за Роналдињо пред некоја година или колкави пари од Реал М. му нудеа на Интер за Адриано (и кај е/колку вреди Адриано сеа?).
Кака ми е еден од најомилените играчи... не би сакал да го глеам во друг тим (па нити во МанЈу)... ама ај стај се на место "сопственик на Милан"... некој како Абрамович ти мафта со 150 милиончиња за еден играч кој може да се деси да се повреди и да не заигра цела сезона.
Јас не се сложувам со ова!!
Вистина е дека Абрамович и таквите како него претерруваат.Фудбалот и трансферите не смеат така да се разбираат.Пазите,читам пред некој ден Реал има буџет за трансфери 400 милиони евра!Челзи има сигурно исто или повеќе.Значи тие можат да купат кого сакаат!Што се 150 милиони за Абрамович?!И сега замислете Милан да ја прифати понудата од Челзи,или Манчестер од Реал за Роналдо.тоа значи дека кој било добар играч во иднина ќе игра за некој што ќе понуди 100 милиони.Па ајде да видам нека создаваат играчи!! Кој ги знаеше на пр. Гатузо и Пирло пред 4-5 години,а сега сигурно вредат по 20-25 милиони.Не само се појавил некој играч,го одбрале за најдобар според Фифа,и ете го Абрамович или Калдерон со по 100-150 милиони и го купува.
Друго:Милан е клуб што веќе има историја.Не е некој млад клуб како на пр.Челзи или Манчестер Сити,па сега да почнува да прави историја.Милан сега игра за престиж и за навивачите!Значи не може да купува се млади играчи(едно 11),да ги прави таленти и да ги продава,и се така....Затоа и реков :просекот на возраст во Милан е 28 години.Искусна и испробана екипа,спремна да освои се! И верувајте Милан и Берлускони не допреле до 150-те милиони на Челзи,а исто и Манчестер до оние од Реал! Се работи за престижот и навивачите!Знаете како би реагирале навивачите кон управата , ако го продаат Кака?Па после нема пликови праќање.....И колку тоа би се одразило кон Милан.Можда ќе земат 150 милиони,ама ќе изгубат појше!Ехее,реклами,спонзори,продажба на дресови,сезонски билети.....
едит:
Кака ми е еден од најомилените играчи... не би сакал да го глеам во друг тим (па нити во МанЈу)... ама ај стај се на место "сопственик на Милан"... некој како Абрамович ти мафта со 150 милиончиња за еден играч кој може да се деси да се повреди и да не заигра цела сезона.
А што ако не се повреди и игра цела сезона?
Или оди во Челзи,праи лом и земаат ЛШ и Премиер лига?! Како ќе се понашаат Росонерите?