Леле нерви искинаф еј. Судијата ги отепа Милан, 3 пенали чисти фкрај очигледни не свирна. Прво по слободниот на Пирло, со раце во шеснаесетник ја изби топката еден играч, после имаше истотака шут кон голот во второ полувреме и одбрамбенио пуште рака да одбрани и последниот при дриблинг на Пато во 16-ник еден од играчите на Џенова му ја одзеде топката со рака.
И преку целиот натпревар ги мачеше Милан судијата, само виткаја колена овие од Џенова одма свиреше. Многу очигледно и претенциозно судење. Јас разбирам шо не беше досуден пенал против Аталанта, кога со рака играше еден од одбрамбените (Џилардино одеше на топката, падна меѓу двајца, одбрамбенио креваше раце демек не фаулира и ја стопира топката со едната), во та ситуација е проценка на судијата пошто имаше игра со рака, ама немаше шанса за гол. Ама денес 3 пати намерна игра со рака.
Иначе Милан имаја миљарда шанси, Пато се изнаљуфка, Сидорф чиста шанса, многу шанси пропуштени. Пато досега игра ѕверски, не паѓа во дуели одлично се снаоѓа прифаќа топка, дрибла и додава одлично. АМА реализација, катастрофална, сам со голманот досега 4-5 шанси има промашено. Треба сериозно да поработи на реализацијата, друго се му е беспрекорно.
Денес го реше мечот, требаше и порано ама сепак беше најдобар на теренот и го реше. Првиот гол со гла беше од прекин, вториот гол со мала несигурнот од контра при првиот обид шутна во голмано, ама се одби топката пак во него и ја дотурка до голот (а можно е и офсајд да беше голот, не видов салам снимка).
То е то за мечот, можеше лесно да се случи пак среќа да немаме да се реализира. Многу се бранеа Џенова шо беше за очекување, многу судиски грешки и многу промашени шанси. Но овој пат едноставно прејаки беа Милан за да не победат.