Нема шо многу да се напиши за натпреварот. Јас само се надевам дека тие шо ги оспоруваа квалитетите на Џилардино, кога ќе изигра слабо да се потсетат малце на денешниот натпревар. Асистенција за првиот гол на Кака, за вториот гол одлично се постави, а третиот гол беше одлична индивидуална работа.
П.С. Гуркуф сеуште не можи да игра на важни натпревари, а во моментов сите се важни. Тоа го докажа во мечот со Селтик на кој успеа комплетно сам да го загуби, со автоголот и погрешното позиционирање за вториот гол, беше 2 метри зад одбрамбената линија точно за да не биде офсајд. Гуркуф има потенцијал, има знаење само треба да помине време, неговата иднина во Милан е загарантирана, исто како и таа на Џилардино и Кака, па и на Пато колку и време да му е потребно да се вклопи.