Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јанкуловски може да го дадат само ради тоа што Антонини игра во топ форма може да игра десен бек а Замброта да си игра лев бек!Па како што знам јас Замброта игра по правило лев бек:)ако грешам нека ме поправат!
Јас пак мислам дека Змброта игра правилно десен бек, а за Антони сум сигурен дека омилена страна му е левата:)
 
Замброта игра и лево и десно, исто така и Антонини игра и лево и десно...
 
Добар си е Јанкул
нема што да се размислува да се дава

а за Бонера како што гледам беше добар на последанава утакмица и плус беше повикан од селекторот во италијанаската репрезентација
што значи млад и перспектен не треба да се дава и тој

и толку
 
Milanez` збориме која им е природна позиција а не каде можат да играат!
 
Milanez` збориме која им е природна позиција а не каде можат да играат!
Тешко кој игра сеа на природна позиција, обично играат кај ќе ги стави тренерот. Не е така само во Милан него секаде низ клубовите...
Јанкуловски како што знам пред да дојде во Милан во Удинезе играше лево средина а сеа во Милан игра лев бек, на истата позиција игра и Антонини.

Антонини и Јанкуловски (лево)
8.gif


Замброта (лево и десно)
2.gif
 
антонини игра лево но последнава утакмица одигра топ на десно,бонер е звер млад играч кој не треба да се продава и тој може да игра десно..а јанку порано играсе среден ред лево и за чешка играше некое време,ама кога дојде во милан анчелоти го игра лев бек и поча и во чешка лев бек..
 
Бонера има 27 години....
Ова со Мексес е одлично да се случи ама еве потврда од Милан дека нема да се случи
Мислам дека најдобро како централен дефанзивец да го земеме Запата од Удинезе

Емерсон не е среќен што игра толку малце
А минатата утакмица тоа време што го одигра го одигра на највисоко ниво дури и имаше одлична шанса....

Еве кои играчи од Милан се номинирани за наградата ФИФпро:Малдини,Неста,Замброта,Гатузо,Пирло,Кака,Роналдињо....браво браво

Поздрав :helou:
 
Пфф... не бил среќен, па што сака он на 32 години да има статус во тимот како Пирло ?
Ако не е среќен слободно нека си замине никој не го држи со сила, нема да недостасува на никој од фановите на Милан ете го Кардачо барем ќе има он повеќе простор.
 
Замброта игра подеднакво добро со двете нозе,така што сеедно му е дали ќе игра лево или десно.

Инаку за изборот на ФИФпро мислам дека е претерано.Фудбалерите треба да се рангираат како играле во годината,а не како играле претходно.Малдини некогаш играше добро,но оваа сезона може слободно да игра во трета лига.
 
Замброта игра подеднакво добро со двете нозе,така што сеедно му е дали ќе игра лево или десно.

Инаку за изборот на ФИФпро мислам дека е претерано.Фудбалерите треба да се рангираат како играле во годината,а не како играле претходно.Малдини некогаш играше добро,но оваа сезона може слободно да игра во трета лига.
Малдини оваа сезона игра како пред 4-5 години:helou:
 
Најдобро ќе биде за Милан во одбраната да играат Сендерос и Неста.
 
Уф рипање од еден на друг крај...
 
Штаки чедо, не треси зелени туку дај клипче да видиме дали сите голови сме ги примиле по вина на Малдини
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom