Тен Хаг нема поима што прави и како усвари да ја поправи ситуацијава. Која ти е оваа измена Амрабат-Маунт? Човеков после утакмица треба јавно на прес да објасни што була замислата или причината за ваква измена. Да го извадиш единствениот деструктивец, за сметка на Ериксен, кој нема што воопшто да бара на терен против екипа со енергија ко Сити. Човекот делува покрај играчиве на Сити ко мало дете. Го враќаш Мек Томинеј назад, човекот е жива мизерија на таа позиција. Бруно кој и онака е во очајна форма, го играш на десно крило, за да биде уште поочаен, а имаш две крила на клупа. Се местиш да играш на контри против Сити, пошто реално тоа е и единствена опција, а четворката у средина, Бруно, Ериксен, Мек Томинеј, Амрабат ти е поспора од било кој жив воен ветеран од Втора Светска Војна, со ампутирана една нога. Неспоредлива е брзината и енергијата на било кој од средината на Сити со овие нашиве. Буквално делуваат покрај нив ко неухранети деца од Африка. За интелигенција и носење одлуки да не збориме.