Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Тренерот почнува полека да се губи, настрана многуте отсуства на играчи од првиот тим. Запна за Маунт како прва трансфер цел летово и половина буџет списка за него, за да не може да му најде место во ептен битна утакмица? Ентони истата приказна.

Линделоф на лев бек, а Регилон на клупа? Сериозно, што е проблемот? Ако не е спремен за 90 минути, прво го играш него, да ти даде каква таква можност за поволен резултат, па после крпи се со Линделоф ако водиш. Ни најмала коинциденција што сите голови од активна игра паднаа од негова страна. Дечкото заборава дека има играч позади, скоро секоја утакмица.

Бруно на крило, одново и одново. Правење на една иста работа, репетитивно, очекувајќи различен исход е дефиниција за лудост. Не функционира, без оглед на тоа колку пати да го пробаш истото.

Го извади Амрабат од игра, за да го оставиш МекТоминеј во игра како DM, а дечкото не може прост пас на 5 метри да погоди?

Ентони е твој играч, кој откако влезе во игра, повеќе беше фокусиран да покаже дека е мачо, отколку да направи нешто на терен.

Ја на Тен Хаг не би му дозволил да купува веќе играчи. Имаше еден куп постови од форумот на Ајакс преведени дека Тен Хаг ретко бил вклучен во бирање на трансфери целите на Ајакс, сосема оправдано. Ако не ги седне Рашфорд, па макар и за сметка на Марсијал, и Бруно, место Маунт, тогаш, овие двајца ке му врачат отказ. Многу наскоро.

Бруно не е за капитен, и вакво однесување никогаш нема да биде лидер. Однесување како најголем плачко на терен. Место да ги држи конците во раце, тој е тој кој иницира хаос.

Како за крај, страшна е разликата во квалитет со Сити. Толку се воиграни што делуваат дека се играч повеќе на терен, а нашиве бркаат сенки. Срамно изгледа ова на терен, и искрено, многу промени требаат, за да се сменат некои работи.
1. Се буниш за Бруно што игра на крило а во исто време се буниш и за Ентони што не играл добро на истата позиција кога нема друга опција... :facepalm:
2. Причината зошто ЕТХ не бил вклучен во бирањето на трансфер цели во Ајакс е можеби поради фактот што имаше компетентни луѓе во одборот. Тоа што донесе негови играчи е можеби за да воспостави добри односи во соблекувалната, а и тие што ги донесе беа неговите најдобри играчи во Холандија (иако Ентони сеуште треба да се покаже). Не е првпат да гледаме менаџер на клуб да носи играчи од неговиот претходен клуб или лига.
3. Во врска со Бруно како капитен: кој капитен на Јунајтед не беше плачко на времето жити се? Па клубов е познат по тоа што беше полн со плачковци. Најголема иронија е кога ќе ги слушнам двајцата поранешни капитени што беа познати по плачењето и лигавењето - Рој Кин и Гари Невил - како го критикуваат Фернандеш што плаче пред судии. Can't make this shit up...
Колку повеќе го критикуваат за ова тоа повеќе ќе го прави истото, затоа и не мора да го гледате.
4. По кој пат ќе барате да му ја сечат главата на ЕТХ? Преку курац веќе со едното исто: “време е да го бркаат“, “потроши милиони фунти на играчи и ниеден не се покажа како што треба“, “не го бива во лигава“ итн.. И на колена да го молите одборот, нема да го бркаат што сака нека биде. Треба да го прифатите фактот дека на клубов му треба време да се опорави и дека не е до менаџерот туку до други играчи што никогаш не биле доволно добри за во клубов. И да го избркаат мислам дека човеков нема страв од тоа и на крај ќе го земе некој друг ривалски клуб и ќе руши рекорди со нив додека нашиве ќе влезат во релегација :ROFLMAO:

Ќе трпите сега малку како Арсенал што трпеа Артета кога дојде во клубот. Смачено ми е да слушам моабети од типот како со “Солскјаер биле подобри“ кога и тој носи вина заедно со Мурињо и Ван Гал за ѓубрето што го оставија кое сега се мачат да го исфрлат само за да си земат јака плата. Таквите како вас ќе му ја исековте главата на Фергусон да беше сега како што беше од 1986-1992 г. Don't believe me? еве ви прилог од третата сезона на Ферги (Јунајтед тогаш завршиле на 11то место на табела):uzlph2gpa0k91.jpg
 
Fun fact, откако си отиде ЕТХ од Ајакс, клубот им е пред влез во втора лига. Можеби ЕТХ е добар тренер, можеби е само добар тренер за мали деца но не и добар тренер за тим полн со ѕвезди !!!
Во секој случај човекот е пред портите на пеколот, мислам дека после испаѓањето од групи во ЛШ како последно пласиран ќе лета од клубот.
Сплет на околности плус стално продаваат таленти па сеа додека не научат нови деца у криза ке се, ништо страшно за таквите екипи
Него дај ние некој ко Алегри да си капарисаме
 
Со вакви Сити, Арсенал, Тотенхем и Ливерпул не можеме ни да припариме до топ 4. Како што тргнало, наместо топ 4 од оваа сезона топ 6 ќе бркаме.
 
Сериозно сме немале пари за еден од Рајс или Кејн? Уу мајку му, ич не ми е јасно зашо така мислите ете на грубо 70м ти е Хојлунд,а 60 ти е Маунт тоа се 130м, се некои матемтики тука да се исплаќало за иднина, кога на тебе ти требаат играчи што ќе ти ја кренат играта,лидер пред се,ти донасаш Маунт и Хојлунд,вториов е потенцијал ама немој бе тебе ти треба моментално готов продукт не потенцијал, и моментот Санчо кој што е ужасно изменаџиран,со најавата на бескрупулозност кон мрзеливите тој баш пред Санчо подклекна..
Ако погледнеме на таа ситуација тоа е катастрофално изиграна ситуација, глумиме јаки со пари а не можеме да си дозволиме да изгубиме играч од 70м.имаат прост пример у Реал,со Бејл со Хазард тоа се преку 300м со се плати тие двајца им ја завршија кариерата и на двајцата,земаа пари ама толку и беше,сепак тоа околу јачината на Јунајтед е само Пр.
 
1. Се буниш за Бруно што игра на крило а во исто време се буниш и за Ентони што не играл добро на истата позиција кога нема друга опција... :facepalm:
2. Причината зошто ЕТХ не бил вклучен во бирањето на трансфер цели во Ајакс е можеби поради фактот што имаше компетентни луѓе во одборот. Тоа што донесе негови играчи е можеби за да воспостави добри односи во соблекувалната, а и тие што ги донесе беа неговите најдобри играчи во Холандија (иако Ентони сеуште треба да се покаже). Не е првпат да гледаме менаџер на клуб да носи играчи од неговиот претходен клуб или лига.
3. Во врска со Бруно како капитен: кој капитен на Јунајтед не беше плачко на времето жити се? Па клубов е познат по тоа што беше полн со плачковци. Најголема иронија е кога ќе ги слушнам двајцата поранешни капитени што беа познати по плачењето и лигавењето - Рој Кин и Гари Невил - како го критикуваат Фернандеш што плаче пред судии. Can't make this shit up...
Колку повеќе го критикуваат за ова тоа повеќе ќе го прави истото, затоа и не мора да го гледате.
4. По кој пат ќе барате да му ја сечат главата на ЕТХ? Преку курац веќе со едното исто: “време е да го бркаат“, “потроши милиони фунти на играчи и ниеден не се покажа како што треба“, “не го бива во лигава“ итн.. И на колена да го молите одборот, нема да го бркаат што сака нека биде. Треба да го прифатите фактот дека на клубов му треба време да се опорави и дека не е до менаџерот туку до други играчи што никогаш не биле доволно добри за во клубов. И да го избркаат мислам дека човеков нема страв од тоа и на крај ќе го земе некој друг ривалски клуб и ќе руши рекорди со нив додека нашиве ќе влезат во релегација :ROFLMAO:

Ќе трпите сега малку како Арсенал што трпеа Артета кога дојде во клубот. Смачено ми е да слушам моабети од типот како со “Солскјаер биле подобри“ кога и тој носи вина заедно со Мурињо и Ван Гал за ѓубрето што го оставија кое сега се мачат да го исфрлат само за да си земат јака плата. Таквите како вас ќе му ја исековте главата на Фергусон да беше сега како што беше од 1986-1992 г. Don't believe me? еве ви прилог од третата сезона на Ферги (Јунајтед тогаш завршиле на 11то место на табела):Прегледај го приврзокот 396158

Рој Кин бил плачко? Другар, на какви дроги си... Сериозно. Што земаш? Ми мафташ тука со историја, а капитенот немаш престава каков ти бил. Земи пушти таму утакмицата со Јувентус во полуфинале од ЛШ, во Торино, на која истиот Рој Кин доби жолт, со кој имаше суспензија за во финалето. Пази, знаејки дека нема да игра во финалето, самиот го однесе тимот во финале, кое потоа го освојиа. Бруно нажалост вакво нешто ни во сон нема да направи.

Него, ај вака.

1. Не се бунам што Бруно игра таму. Тврдам дека Бруно на крило не функционира. Ваљда можеш да го разграничиш едно со друго. И ми пречи што тренерот упорно го пробува истото. Исто и со Рашфорд на десно крило.
2. Делумно си во право. Ама не можам да го оправдам тоа што играчот за кој пекаше цело лето, сега не може да го вклопи во тимот. Имаме крило од 100 милиони, кое е во толку лоша форма, што дури се форсираат играчи на кои тоа не им е природна позиција. Пази, 2 играчи на кои тренерот инсистираше.
3. Утврдивме дека си делузионален.
4. Ми делува дека буквално вчера си го отворил форумов, и немаш претстава што е пишувано во фан клубот. Пиши таму горе во search bar, Тен Хаг, стави член vidooq, да ти ги даде сите мислења околу тренерот. Ке се запрепастиш каков став имам. Еве, подоле, ако ти е полесно. Ваљда сфаќаш дека си пишал цел рејџ пасус, за ич ништо.

Разбирам дека многу што треба да се смени во клубот, почнувајки од саглам фудбалска структура, ама ако мислиш дека Тен Хаг е апсолутно безгрешен ... Еве ти прост пример. Тен Хаг инсистира на high intensity training во средина на неделата, кој вклучува многу трчање. Сити, од друга страна, секогаш прават тренинг во средината на неделата, од технички аспект. Исходот е што се екипа со најмалку измени, денес направија 2, на 3 минути од крај на меч, со многу малку повреди, а ние глава не може да кренеме од повреди.

Само те молам немој да ми реплицираш со нечии генерализирани ставови.

Не не, нема промена на тренер, преку кур од менување на тренери. Нека седи Тен Хаг дур не го очисти канцеров што е во екипата, па макар тактички ништо не сменил или ја напреднал екипата, па потоа нека си оди. Ако треба, нека го седне на клупа и Рашфорд, и Бруно, стварно не ми е гајле. Ако не си во форма, одмор. Нека го игра Гарначо, Мејбри.

3/5 измени што ги направи денес се играчи кои наредново лето нема повеќе да бидат дел од Јунајтед. Доволно ти кажува со што треба да работи Тен Хаг.
 
Како бе сме немале пари за Рајс и за Кејн заедно..браво ако мислите така.
Па и ќе.барал Леви пишувате плус 10 мил, е добро де, ќе си платиме.

Немаме пари за играчи со инстант импакт, што можат да играат прв тим било каде, ама имаме 180 за 4ца играчи, шо нема да имаат никаков посебен импакт, ама дај нешто да купиме што му јебеш..нели..
Во што е тимов подобар од тој лани?

Епа затоа сме таму кај што сме.
Смена на Тен Хаг нема да направи ама баш ништо..
Ама сам си е крив за многу работи.
Потроши 400 ебени милиони за две сезони.
Место 4ца играчи, од типот на Кејн, Рајс, што знаеш дека кога ги купуваш ќе игрсат прв тим и ќе придонесуваат тој купи колку 7...8?
Епа курац така..
 
Дај не си ласкајте за Ентони ни собраа 90 мил, за играчи како Рајс и Кејн 300 мил нема да ни стигнат. Банкари и сметководители ни го водат клубот и се одговорни за фудбалски одлуки за кои врска немаат.
 
Мислам дека коцката со неносење на класа шпиц си го зема данокот уште од сега и ќе биде една од поголемите причини што најверојатно ќе му му летне главата на Тен Хаг.

Лани имавме подеми и падови, сезоната беше солидна, но далеку од совршена, ама на поголемиот дел од мечевите имавме стабилност во одбрана и среден ред. Меѓутоа и на малите деца им беше јасно дека ни треба класа шпиц. На моменти тимот плачеше за класа шпиц за да има уште подобри резлултати. Ми текнува бар на неколку утакмици кои не ги добивме само заради недостатокот на голгетер. Цела среќа Рашфорд крена форма во прав момент, па бар во тие 2-3 месеци насобравме доволно поени да завршиме во топ 4.

Доаѓа летото и ние одиме со дете, кое има 20 години и нула искуство. Не знам кој планирал да добие инстант импакт од Хојлунд ама имам чувство дека ќе си ја чука главата цела сезона. Хојлунд има огромен потенцијал и можеби ќе ја доминира лигата за 3-4-5 години, ама прашањето е што правиме до тогаш? Не дека ми смета трансферот на Хојлунд, напротив. Ама дали беше вистинскиот момент да се земе ова лето?

Можеби очекувале пак да се потпрат на Рашфорд, ама Рашфорд имаше пад во форма уште од почеток на март некаде. Требало и тоа некој да го увиде и да сфати дека можеби и тој не е играчот што ќе те влече цела сезона на грб и дека најверојатно и на него му треба помош.

Да не се разбереме погрешно, далеку од тоа дека недостатокот на шпиц е главниот проблем во Јунајтед моментално. Меѓутоа има моменти во мечот кога ваков играч може целосно да го сврти текот на натпреварот. Чист пример вчера пеналот кој можеше да го изнуди Хојлунд и да се вратиме на нула пред крај на прво полувреме.

Е сега, освен недостатокот на голови, ние сезонава сме поприлично лоши и во другите делови од теренот. Ајде позади ќе речеш не утепаа повредите, а тие што играат верувам дека едноставно толку можат. Меѓутоа веќе 2 ипол месеци поминаа, а Тен Хаг уште неможе да го најде балансот во средина и тоа е вториот голем проблем што може да биде пресуден за него во наредните месец-два.

Убаво пиша некој погоре, даваш 60 милиони за Маунт, а не знаеш каде треба да ти игра. Го земаш Амрабат, кој е чиста 6ка, но го вадиш на полувреме против тимот кој е најдобар во посед во цела Европа, за да игра Скот Мектоминеј на таа позиција. Играч кој не памтам кога последно имал добар перформанс на таа позиција, а посебно не кога е сам во тој дел од теренот. Играш со 3ца плејмејкери, Ериксен, Маунт и Бруно, а воопшто немаш топка во посед. Ериксен неможе да мрдне од пресингот на Сити, Маунт си го пуштил скроз високо да прави гужва пред 16ник, а Бруно да глуми десно крило.

Мора, значи мора да најде баланс во средина што побрзо. Има барем 5 солидни играчи за 3 позиции, мора нешто да профункционира. Ама се плашам дека не е спремен да ја проба средината без Бруно, а може баш тоа да излезе добитната комбинација.
 
Последно уредено:

Да бе 600 ќе ни бараа, а пробаа ли или така оставија? Па Леви Регилон го пушти кај нас шо се трипаш со тие коментари 300-400-500 милиони ако е тоа тоа што ти треба ги даваш сите пари на еден играч и крај,се што ќе ти остане од мизерните 200м за трансфери е топ.
 
Никој од нас незнае ништо за сигурно само може да шпекулираме.
Али факт е дека и мали клубови ни удараат луди суми за просечни играчи, а не па финансиски стабилни клубови како Спарси, Челзи, Вест хем и останато.
 
Повторно шпекулации, Манчестер е финансиски стабилен клуб,не можеше да троши ради ФФП летото, мислам долгот од 600м си стои ама ќе стои и Џим Ратклиф кога ќе го превземе клубот. Пак ќе кажам погледни ги шпанските клубови што прават со ФФП и како го заобиколуваат, Сити што направи со ФФП,ризикуваа и си добија, и да, алудирам на тоа да можеа и да купат играчи и да бидат суспендирани еден трансфер рок ама да склопеа тим, ние крпиме и не смеевме да си дозволиме лош трансфер период како летото, кој беше можеби најбитен ова лето за да се направи исчекор, за сметка на тоа добивме,Амрабат кој ниту е добар, рака на срце ни лош, ама такви се најлоши премногу добар за да биде лош и премногу лош за да биде светска класа,Маунт кој не знае што со себе,Онана ни е најдобро засилување кој што нема со кој да игра и Хојлунд потенцијал кој сите очекуваме да блесне за 2-3-4 сезони. Епа нема исчекор со нив,ако ги додадеме и повредите тоа е тоа, и ова последното со Сити не е голем проблем не знам кој очекуваше ппобеда ама и помислата на тој факт боли,каде бевме а кај стигнавме
И џабе тука некој ќе каже Тен Хаг не менува,кого да вади кого да стави,нашите крила се тепачи и со биполрно нарушување кои може да им текне да исфрлат некој пост што ќе направат поголема штета
И body language от на Тен Хаг не кажува ништо добро,како да нема баш идеја што понатаму,додека лани скоро се му тргна од рака оваа сезона изгледа ништо не му оди како што замислил.
 
Делумно си у право.
За ФФП можеше да се подобри ако се откачивме од играчи али ваљда не им се замараше на цреповите во управата.
За Тен хаг незнам што веќе мисли и дали може да има подобрување, направи многу чуди одлуки од почетокот на сезоната наваму.
Мене друго ме загрижува читав дека летниот трансфер буџет ни бил на кредити и дека треба да се врати во следните 5 години. Оваа е загрижувачи ако е точно се повеќе се приплижуваме до милијарда дуг а никако да почнеме да гледаме на подобрување во клубот.
Вампирите тврдат дека клубот ќе кошта 10 милијарди за следните 8 години, незнам само на какви дроги се само го задужуваат клубот и пуштаат клубот да го водат лица кои немаат врска од фудбал.
 
Мислам дека коцката со неносење на класа шпиц си го зема данокот уште од сега и ќе биде една од поголемите причини што најверојатно ќе му му летне главата на Тен Хаг.

Лани имавме подеми и падови, сезоната беше солидна, но далеку од совршена, ама на поголемиот дел од мечевите имавме стабилност во одбрана и среден ред. Меѓутоа и на малите деца им беше јасно дека ни треба класа шпиц. На моменти тимот плачеше за класа шпиц за да има уште подобри резлултати. Ми текнува бар на неколку утакмици кои не ги добивме само заради недостатокот на голгетер. Цела среќа Рашфорд крена форма во прав момент, па бар во тие 2-3 месеци насобравме доволно поени да завршиме во топ 4.

Доаѓа летото и ние одиме со дете, кое има 20 години и нула искуство. Не знам кој планирал да добие инстант импакт од Хојлунд ама имам чувство дека ќе си ја чука главата цела сезона. Хојлунд има огромен потенцијал и можеби ќе ја доминира лигата за 3-4-5 години, ама прашањето е што правиме до тогаш? Не дека ми смета трансферот на Хојлунд, напротив. Ама дали беше вистинскиот момент да се земе ова лето?

Можеби очекувале пак да се потпрат на Рашфорд, ама Рашфорд имаше пад во форма уште од почеток на март некаде. Требало и тоа некој да го увиде и да сфати дека можеби и тој не е играчот што ќе те влече цела сезона на грб и дека најверојатно и на него му треба помош.

Да не се разбереме погрешно, далеку од тоа дека недостатокот на шпиц е главниот проблем во Јунајтед моментално. Меѓутоа има моменти во мечот кога ваков играч може целосно да го сврти текот на натпреварот. Чист пример вчера пеналот кој можеше да го изнуди Хојлунд и да се вратиме на нула пред крај на прво полувреме.

Е сега, освен недостатокот на голови, ние сезонава сме поприлично лоши и во другите делови од теренот. Ајде позади ќе речеш не утепаа повредите, а тие што играат верувам дека едноставно толку можат. Меѓутоа веќе 2 ипол месеци поминаа, а Тен Хаг уште неможе да го најде балансот во средина и тоа е вториот голем проблем што може да биде пресуден за него во наредните месец-два.

Убаво пиша некој погоре, даваш 60 милиони за Маунт, а не знаеш каде треба да ти игра. Го земаш Амрабат, кој е чиста 6ка, но го вадиш на полувреме против тимот кој е најдобар во посед во цела Европа, за да игра Скот Мектоминеј на таа позиција. Играч кој не памтам кога последно имал добар перформанс на таа позиција, а посебно не кога е сам во тој дел од теренот. Играш со 3ца плејмејкери, Ериксен, Маунт и Бруно, а воопшто немаш топка во посед. Ериксен неможе да мрдне од пресингот на Сити, Маунт си го пуштил скроз високо да прави гужва пред 16ник, а Бруно да глуми десно крило.

Мора, значи мора да најде баланс во средина што побрзо. Има барем 5 солидни играчи за 3 позиции, мора нешто да профункционира. Ама се плашам дека не е спремен да ја проба средината без Бруно, а може баш тоа да излезе добитната комбинација.

Освен Кејн немаше друг класа шпиц на пазарот. Другите опции беа Рамос, Муани и други слични кој се тука некаде на ниво на Хојлунд. Играч како Кејн се носи во скоцкан тим, како Баерн или евентуално да го земеше Реал на местото на Бензема. Јунајтед не е тим кој се бори за титули туку е тим што допрва се гради, а тим се гради со млади играчи, играчи кој ќе растат заедно. Сити, Ливерпул и ете најново Арсенал се пример за тоа.
И јас бев за Кејн да се донесе, мислев дека имаме тим да го направиме тој чекор напред и да се бориме за ПЛ но очигледно сме немале. Бев и за лани за Касемиро пред Рајс но од сегашна гледна точка би го земал Рајс. Касемиро не направи лани подобар тим но ете веќе сезонава е паднат во форма и уште ќе паѓа. Слично би било и со Кејн, несомнено би биле подобар тим сезонава но нема да освоиме титули а Кејн ќе почне да паѓа во следните години.
 
Дали ни се свиѓа на нас или не ама моментално не вади само некој стил ко што фура Алегри
Автоматски споено мислење:

Освен Кејн немаше друг класа шпиц на пазарот. Другите опции беа Рамос, Муани и други слични кој се тука некаде на ниво на Хојлунд. Играч како Кејн се носи во скоцкан тим, како Баерн или евентуално да го земеше Реал на местото на Бензема. Јунајтед не е тим кој се бори за титули туку е тим што допрва се гради, а тим се гради со млади играчи, играчи кој ќе растат заедно. Сити, Ливерпул и ете најново Арсенал се пример за тоа.
И јас бев за Кејн да се донесе, мислев дека имаме тим да го направиме тој чекор напред и да се бориме за ПЛ но очигледно сме немале. Бев и за лани за Касемиро пред Рајс но од сегашна гледна точка би го земал Рајс. Касемиро не направи лани подобар тим но ете веќе сезонава е паднат во форма и уште ќе паѓа. Слично би било и со Кејн, несомнено би биле подобар тим сезонава но нема да освоиме титули а Кејн ќе почне да паѓа во следните години.
А бе чоек па тим ние градиме послем Ферги со млади и што направивме? Па додека Хојлунд се разигра играчи ко Мартнез ке треба да ги мењаме и се така во круг
 
Освен Кејн немаше друг класа шпиц на пазарот. Другите опции беа Рамос, Муани и други слични кој се тука некаде на ниво на Хојлунд. Играч како Кејн се носи во скоцкан тим, како Баерн или евентуално да го земеше Реал на местото на Бензема. Јунајтед не е тим кој се бори за титули туку е тим што допрва се гради, а тим се гради со млади играчи, играчи кој ќе растат заедно. Сити, Ливерпул и ете најново Арсенал се пример за тоа.
И јас бев за Кејн да се донесе, мислев дека имаме тим да го направиме тој чекор напред и да се бориме за ПЛ но очигледно сме немале. Бев и за лани за Касемиро пред Рајс но од сегашна гледна точка би го земал Рајс. Касемиро не направи лани подобар тим но ете веќе сезонава е паднат во форма и уште ќе паѓа. Слично би било и со Кејн, несомнено би биле подобар тим сезонава но нема да освоиме титули а Кејн ќе почне да паѓа во следните години.
Не би го отпишал Касемиро уште сега искрено. Да не дојдеше лани тој, прашање е дали ќе бевме 3ти воопшто и дали ќе игравме ЛШ на крај на сезона.

Вакви играчи ги прават сите околу нив подобри, тоа е исто значајна разлика. Будат некоја мотивација кај секого, а ние во моментов изгледаме како најмртвиот тим во цела ПЛ.

Или ако веќе градиме тим, нека градиме. Ама да се знае - ЛШ можеби ќе играме, можеби не, ќе не силува кој стигне на Олд Трафорд, титула ни на сон не споменувајте, итн, итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom