Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Го избркаа Оле. И сега што?

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Тоа ти е доказ каква управа имаме до сега требаше да назначат нов требаше да имаат веќе спремни кандидати со кои ќе се во разговори а они сега бираат кандидати еден век сме далеку од клубови како Челзи Сити па и Спарси кои покажаа повеќе одлучност и амбиции.
 
Сега уште да се ослободиме од канцерот Погба во Јануари и да пробаат да пазарат барем едно добро засилување, пример дмц и/или бек, рони капитен и сме завршиле добар дел од промените. Гарантирам дека Дони ќе даде 150% на терен на местото на Погба. За следна сезона, Тен Хаг и ВДС во пакет, давај им бланко чек.
 
искрено Дони еден добар дел од времето не покажуваше ништо на терен и како да водеше инат и нејќеше да игра друго освен атакинг мидфилд
Викаш Офанзивен везњак водел инат и не сакал да биде игран како заден везњи?

Што да прикаже Дони дефанзивно кога е офанзивец стварно не знам. И во Ајакс исто беше офанзивец. Едноставно таков тип на играч е, не знам како Оле и цел стручен штаб не го сфатија тоа и не го играа офанзивно.

Ист муабет ко да кажеш Мек Томинеј терал инат и не сакал да игра ништо друго освен заден везњи. :D
 
Имам некое гадно чувство дека многумина го искористија човеков и неговиот катактер :( за жал еден од нив мислам дека е и Ферги! Стариот си правеше проекции на самиот себе, а позгоден медиум од Оле тешко ќе најдеше, па побогу човекот се согласи цела кариера да биде резерва:toe:
За кусогледоста на бордот не правиме муабет. Бидна што бидна, нека е за наук!
 
:place:

Верувам дека не постои човек на кого му е покриво што не успеа од самиот Оле.

Се чини во погрешен момент се најде на жешкото столче. Требаше да гради кариера на друго место, во помали екипи од ПЛ, па можда и во чемпионшип, да проба да внесе некој тим во ПЛ. Да набилда искуство од 4-5 год па тек после да дојдеше во Јунајтед. Што е тука е, мора да гледаме напред, колку и да е заматен погледот сега.
 
Ај ај нека не цмиздри. Имаше 3 години да ја избаци и канализира емоцијава а не да глуми добрица со противниците кога не газат и глупи август когс треба да спречи бродолом. Гитла.
 
Ај ај нека не цмиздри. Имаше 3 години да ја избаци и канализира емоцијава а не да глуми добрица со противниците кога не газат и глупи август когс треба да спречи бродолом. Гитла.
Друже да залуши да си оди заслужи штета што го искорисрија газдите ипак е легенда на клубот сигурен сум дека давал се од себе да го подобри клубот али толку му е можноста.
 
Друже да залуши да си оди заслужи штета што го искорисрија газдите ипак е легенда на клубот сигурен сум дека давал се од себе да го подобри клубот али толку му е можноста.

Требаше сам да се повлече а не да вика толку сме блиску за сега да се откажеме


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Требаше сам да се повлече а не да вика толку сме блиску за сега да се откажеме


Sent from my iPhone using Tapatalk
Кога погба ќе рече гомно сум ме заболе за јунајтед само ради парите сум тука
Кога рони ќе рече Абе луѓе па не можам јас да трчам 90 мин секој 3ти ден
Кога киклопот ќе рече па чекај бе како јас капитен кога линделоф е боље од мене
Е тогаш треба Оле сам да дигне раце
Колку и да е неискусен, колку и да е зелен ликот се трудеше со сите сили, а форсањето на некои негови миленичиња кои и во очајна форма му го ископаа само гробот
А што е уште полошо одличната управа тек сега од како се без менаџер почнува да бара решенија за привремено демек ќе ги пуштеле сами да се договорат кој што и како ќе игра
Керик маркери ќе им делел па ова дами и господа нема ни на кајгана фудбал
 
Абе ај дека после првите неколку месеци не беше свесен дека ова е преголем залак за него. Легенда е фудбалска, мизерија е тренерска. Управата е башка муабет, а он и сите тренери пред него беа последица на таа неспособност. И да и ја сум на мнение дека стариот јебе многу работи и ради тоа појаки тренери можеби имаат резерви за кај нас. Се е комплет у курац, Оле го изеде најдебелиот, ама па сам си е крив се полакоми по парите и си даде кураж без основ. Во идеални услови летоска ќе си отидеше на свое барање и ќе останеше легенда.
 
Мое мислење е дека требаше да се повлече на крај на претходната сезона, кога се виде дека за жал го не е доволно спремен за да ни донесе големи титули. Ако ништо друго, ќе имаше happy ending. Ќе можеше да рече дека го извадил клубот од гомната во кои го остави Мурињо, дека го потсредил тимот, дека вратил некоја позитивна енергија на Олд Трафорд и дека ги оставил на некој кој има доволно знаење и искуство да се бори со Пеп, Клоп и Тухел.

Од една страна го разбирам, пошто кога веќе стигнал до тука, нормално е да сака да се проба самиот против најдобрите. Плус во клубот кој што практично го смета за негов. Доби три супер играчи, ама пристапот и менталитетот не си ги смени. Очигледно е дека ептен голем проблем имаше со играчите од средниот ред, каде факт е дека немаме доволно квалитет. Но тоа не значи дека треба против буквално секој тим да одиш претпазливо, со двоен пивот, место да наметнеш игра и контрола над мечот со стабилен посед на топка. Таа претпазливост и несигурност во тимот го кошташе на многу утакмици, а самиот факт 2-3 години не успеа да најде никакво решение на проблемов (дури и со технички поткован играч како Дони), кажува доволно за неговата способност (во моментов) да води тим што цели кон врвот.

Имаше уште неколку кардинални грешки. Стави мекуш за капитен, не наметна доволно авторитет врз одредени играчи, Роналдо го оставаше на терен и кога треба и кога не треба, in game менаџментот никогаш не си го подобри.

За жал, на крај заминува оставајќи го Јунајтед во слична ситуација како и кога го превзема. Сезоната во курац, мизерни перформанси, никаков моментум и ментално уништени фудбалери. Ама ете, бар се проба и сигурен сум дека и на него му е ептен криво за се што се случи сезонава.

Како фудбалер ќе остане легенда на клубот и ако некогаш води некој друг тим во ПЛ, секогаш ќе биде пречекан со овации на Олд Трафорд. Ама пак ќе кажам, можеби требаше да го тргне егото на страна летово и да се повлече. Така и како тренер ќе оставеше добри спомени.
 
Само Покетино да не ми го донесат. Поголем лузер е и од Оле.
Не верувам Тен Хаг да не одбие ако тропнат нашите на врата. Колку и да е приврзан со Ајакс еднаш се добива ваква прилика да превземе клуб од ваков калибар.
Со него да го прибере и бекчето, Мазруи. Одличен играч кој е слободен следно лето. Во средина Дони и Бруно. Зад нив, Рајс ако не одјебе на пазарот ги имаш Кејси и Брозович достапни без пари. Погба и Матиќ аут. Фред и Скот ќе вршат работа за ротација. На крилните позиции имаме доволно квалитет, додека со Роналдо не сум сигурен како би било со пресингот што го игра Тен Хаг. Кавани ќе си оди следно лето најкасно. И дефинитивно промена на капитенот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom