Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Јас Ханси Флик би сакал да го видам како менаџер на Јунајтед. Баерн под негово водство играа прејак фудбал. Не викам дека сме на ниво на Баерн, но сметам дека со таков менаџер, дел од сегашниве играчи и плус уште некое засилување би можеле да направат нешто плус.

Но, се ова е залудно ако скроз не се смени политиката и структурата во клубот. Доколку не се стават конкретни личности што се дел од светот на спортот прво, а после во фудбалот. Моментално спортскиот дел од клубов е воден од група маркетинг менаџери што никад топка не шутнале во својот живот.

Луѓе што точно ќе знаат во која насока треба да се движи клубот, и како да фати чекор со останатите добро организирани клубови. Што точно ќе знаат каков систем ќе се воспостави, и врз основа на тој систем, какви тренери и играчи ќе се носат.

Нормално ништо од ова нема да се деси затоа што класични шабани ги носат најбитните одлуки, ќе донесат некој како Зидан, кој ни крив ни должен пак ништо нема да направи, и така у круг ќе се врти до недоглед.
 
Пушти корени братов. До сега веќе требаше да биде заминат.
Требаше до нова година али изгледа си направи ситуација и си го продолжи владеењето ме потсеќа на некој .
:pos:
 
Можно е да се случи Покетино кај нас и Зидан во ПСЖ. Прашањето е дали за некоја недела или по крајот на сезоната.
 
Можно е да се случи Покетино кај нас и Зидан во ПСЖ. Прашањето е дали за некоја недела или по крајот на сезоната.
За некој недела или на полу сезона.
 
Нејасно ми е зашто Покетињо би сакал да си иде од PSG у Јунајтед, и од Париз у Манчестер али ок.
 
Нејасно ми е зашто Покетињо би сакал да си иде од PSG у Јунајтед, и од Париз у Манчестер али ок.
Му мрсат затоа што го смени Меси као деме морал да игра и истотака и Донарума.
Автоматски споено мислење:


:чда::lolzz:
 
Значи бетар сме од селски клуб во регионална лига. Месец дена се знаеше дека Оле ќе добие отказ, они сега допрва разгледуваат опции и преговараат. До сега требаше да најдат тренер, дали привремен до крај на сезона или постојан и во недела сабајле кога објавија дека го отпуштиле Оле, поручек да го престават новиот. Сега повторнп месец дена ќе се збори Зидан, Покетино па некој трет, па четврти... Како да им е најважно да ги пишува по интернет, да се збори за Јунајтед, маркетингот е најважен а фудбалов е во втор план.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Му мрсат затоа што го смени Меси као деме морал да игра и истотака и Донарума.
Автоматски споено мислење:


:чда::lolzz:
Сега ќе искочи наслов како се повредил при турбуленции во авионот.
 
Како да им е најважно да ги пишува по интернет, да се збори за Јунајтед, маркетингот е најважен а фудбалов е во втор план.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Одамна е вака незнам што ти е чудно за неспособноста на луѓето во клубот.
 
Не може да игра Џонс, не е пријавен за во ЛШ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom