Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мислам дека со скаусери че му е пресуден.Нека изгуби уште 2-3 меча, па ке видиме дали е безбеден.
Ако не треснат Аталанта и Ливерпул следната недела на ОТ не би рекол дека му е сигурна позицијата. Ако успее некако да го крени духот и да победи на двете можеби ќе се задржи некако, ама со оглед на тоа како играме ќе бидат претешки и двата натпревари.
На 30 метри до гол офанзивно се гушиме. Роналдо гледам се враќа, а не му е местото таму. Непотребно влечи маркер во густ простор, наместо да се отвара помеѓу стопери и да прави слободен простор за крилата. Светла точка е враќањето на Рашфорд. Знае да втрча кога треба и голот беше одлична конекција со Линделоф која ја имаат некое време со тие дијагонали.
Дефанзивно без концепт тераат. АВБ кога го гледав при неколку контри како си трчка за назад реков толку и од овој. Чим Линделоф беше постабилен и без грешка од Мегваер, доволно говори што е работата.
Се надевам дека периодов ќе го користат да бидат во контакт со некои од достапните менаџери и да знаат на што сме при евентуално разрешување на Оле. Да не се доведеме да биде разрешен, а да немаме соодветен кандидат за замена и да се земе привремен менаџер за некој период.
Море и лично! Ете јас сум му благодарен за консолидацијата на составот, па и за понекој блесок. Реално знаев дека не е топ менаџер, ама се надевав на тимот околу него. Ништо, тој изгубен тие поизгубени. Сега наместо да свртиме нов лист, ќе чекаме пролет кога атмосферата ќе биде отров.Не е убаво да сипувам сол на рана ама и оние хардкор подржувачи на Оле почнаа да се сомневаат во неговиот мастермајнд.
ПС Зборувам за фан каналите не сваќајте лично ништо.