Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Одредени новинари се убедени дека МЈ напнува за структурираното плаќање кај Санчо бидејќи ова нема да биде единствен трансфер летово, Хрст (мислам тој беше) имаше пишано дека наредната цел е стопер.

Е сега ако Џонс и Рохо ги пуштат по вода (трагедија е зошто и уште седат во клубов), остануваме на Мегваер, Линделоф, Баји и Туанзебе кои повеќе се повредени од што играат и Смолинг. Освен Менги ако не го сметаш :) Дефанзивците се подлежни на картони, мораш да ги ротираш, така што мене па ич не ми е страшно што го враќаат Смолинг, можеби и мислат дека вест Хем, Евертон, Брајтон кој и да е ќе даде повеќе за него.
Може и го враќаат за да го продадат поскапо или да го употребат во некој дил, логично на нас ни треба партнер на Мегваер не некој за ротација како Смолинг.
Дај боже да си во право за првиот пасус!
 
Може и го враќаат за да го продадат поскапо или да го употребат во некој дил, логично на нас ни треба партнер на Мегваер не некој за ротација како Смолинг.
Дај боже да си во право за првиот пасус!
Се согласувам, Смолинг нема квалитет за во Манчестер Јунајтед, не смее да не залажува тоа што имал добра сезона во Рома. Доста се влечеме со такви играчи по 10 сезони.
 
^^Колку се добри белите јакни што ги носат на тренинг...


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
^^Колку се добри белите јакни што ги носат на тренинг...


Sent from my iPhone using Tapatalk
Белите јакни и зелените тренерки со портокалово а и богами новата црна јакна со црвено е оган. Џабе кукате по Nike, опремата од Adidas си кине :D
 
^^Колку се добри белите јакни што ги носат на тренинг...


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ги има на официјална за продажба, само нема достава за кај нас. Мислам дека Македонија е единствена држава за која нема достава :facepalm:
 
Ги има на официјална за продажба, само нема достава за кај нас. Мислам дека Македонија е единствена држава за која нема достава :facepalm:
Знаат со кого си имаат работа...
 
Не смееше клубот дури да се напнува толку околу договорот на миџетов, не сака, не сака. Тоа е тоа.

Со евентуалното потпишување на Санчо како што и го постирав твитот, не само што ќе добиеме во офанзивата, и врапците знаат, туку и очекувањата од екипата ќе бидат преголеми. Полусезона како ланската не смее да има, ниту па киксеви како против Вест Хем од скоро. Многу сакам да го договорат што побрзо за и да се приклучи на тренинзите и да се уигра со останатите во нападот.
Со ваков трансфер, притисокот е на наша страна, се надевам дека ќе се носат со тоа.
 
Ова ми делува на брифинг каков што се влечеше цел јануари со Бруно. Може грешам ама лично не верувам дека е точно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom