Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Лани почнавме со средина Фелаини-Погба-Руни годинава Матиќ-Погба-Ерера. Епа има разлика.

Конечно ни се дефинира стартната постава.
Нека земат едно јако десно крило(Перишиќ не го сметам како таков) и ај наздравје.
 
Мислам дека Матиќ ќе биде одичен трансфер иако бев повеќе со Даер-Фабињо бидејќи се помалди и би биле долгорочно решение ама со Матич добиваме одличен дмф и со него и Погба би добил повеќе слобода во играта и би играл повеќе напред. Сега останува уште да се донесе некое десно крило и може да се кае дека имаме преично успешен трансфер период.
[DOUBLEPOST=1501427978][/DOUBLEPOST]
Извор е дејли стар така да информацијва би ај зел со резерва.
 
A и уште еден висок играч. Ако Мурињо може да извади 3 добри сезони од него, полна капа.
 
Луѓе ај бе со ова што ги прајте фудбалериве на 28, 29 веќе стари, само во наш фан клуб е ова. :D Ме сецкате и психички влијаете, некој ден ќе примам дома рандом агентче што пропагира пензиски трети столбови, не знам што.
 
A и уште еден висок играч. Ако Мурињо може да извади 3 добри сезони од него, полна капа.
Ќе заврши одлична работа ако успее толку да му извади. Само во првата цњлосна сезона си беше доволно константен. После почна премногу да се губи, дури и лани имаше премногу фрустрирачки натпревари каде што секоја топка ја губеше, иако општо вака имаше ок сезона.

Иначе според мене грешка е да си оди Фелаини ако доаѓа Матич. Требаше и него да го зачува затоа што колку толку му вршеше работа за од клупа. Сега ај за една позиција тука се Матич и Керик. А за Погба и Ерера кои ви се замени?
 
A и уште еден висок играч. Ако Мурињо може да извади 3 добри сезони од него, полна капа.

Следното лето се пензионира капитенот така да рачунај пак ќе треба да зимаме играч за тој дел од теренот така да ако забушавува србинот лесно може да ја заземе улогата на Керик а некој нов да го заземе неговото место.
Ни требаат фудбалери во зрели години, во последно време само дечурлана земаме. Освен Керик и Валенсија (и Јанг ако воопшто може да го рачунаме) немаме играч над 30 години.
 
Луѓе ај бе со ова што ги прајте фудбалериве на 28, 29 веќе стари, само во наш фан клуб е ова. :D Ме сецкате и психички влијаете, некој ден ќе примам дома рандом агентче што пропагира пензиски трети столбови, не знам што.
И за Керик истиот муабет се праеше кога имаше 28-9 години, па еве пред некој ден 36 ги фрцна :D
 
Од долгорочна гледна точка Фабињо е подобро решение но Матич има работен стаж во ПЛ .
Така да во овој момент он е најдобро решение за подигање на МУ , повисоко од фрустрирачкото 5-6 место :cautious: .
А плус , лично одамна го сметам за идеално решение за нашите проблеми во задната линија !
Лани мислев дека Погба ќе го играат таму ама циганот си избори статус : кога сакам тогаш играм .
Сега треба некој друг да ја работи неговата црнечка работа ;) !
 
Мене многу повеќе ми се бендисува што ќе си оди Фелаини, како со играч помалку бевме на терен со него. За Матиќ не знам што да кажам, ептен малку утакмици имам гледано на Челзи последниве две години за подобро мислење. Мене прва желба ми беше Даер, ама тоа е. Се освен Фелаини е апгрејд на таа позиција. Уште едно крило да донесат, по можност класично десно и таман ќе биде составот.
 
Следното лето се пензионира капитенот така да рачунај пак ќе треба да зимаме играч за тој дел од теренот така да ако забушавува србинот лесно може да ја заземе улогата на Керик а некој нов да го заземе неговото место.
Ни требаат фудбалери во зрели години, во последно време само дечурлана земаме. Освен Керик и Валенсија (и Јанг ако воопшто може да го рачунаме) немаме играч над 30 години.

Hмм, мислиш дека ке ги игра Ерера и Матиќ сезонава еден до друг?
 
Фелаини стартер, него некој ако може линк за мечов

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Hмм, мислиш дека ке ги игра Ерера и Матиќ сезонава еден до друг?

----Погба----------------------
-----------------------Ерера----
------------Матиќ--------------

Очекувам 4-3-3 со ваква поставеност а кога ќе ни треба поофанзивен состав против бункер екипи Мики/Переира место Ерера/Матиќ.
 
Па тоа е позицијата на Керик сега. Затоа ме зачуди кога викаш наредната сезона.
 
Па тоа е позицијата на Керик сега. Затоа ме зачуди кога викаш наредната сезона.

Керик го рачунам замена за Матиќ па зборот ми беше кога Керик ќе се пензионира(следното лето) играчот кој ќе го пополни местото во тимот да го седне Матиќ на клупа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom