Греота ќе беше да завршеше 2:1 бре, милион грешки направија на своја половина Бриж, цело време им висеше во воздух голот. Мата ништо не изигра второ полувреме, арно Руни што го извади. Контрата со Лук Шо кој патем изигра ѕверски, петата на Руни беше неверојатна, ова мораше да го погоди Мемфис, доста блиску беше до голот, чиста позиција. После црвениот по мене ни требаше Јанг да ги избуши, ама Мемфис имаше одлична партија па затоа и вакви измени. Фелаини за крај во последни секунди го донесе реалниот резултат, скоро и да немаат шанси да направат нешто во реваншот. Пофалби за тимот, одиграа борбено до крај оти преку глава од ѕвезди шо се влечат на терен. Се враќаме каде што заслужуваме да играме...