Судијава земал часови од Нани 

 Него кај е Аце бе, да не го заборави на стадион? 
		 
		
	 
Хахах тука сум, ве демнам сите 
Ај и јас да надополнам нешто за натпреварот.
Очигледно е дека Јенките се назад со традицијата за фудбал од Европа, атмосферата околу стадионот почна да се прави некаде 5-6 саатот, ние двајцата како будали бевме таму уште од 12 саатот 

 Изгледавме се како се спрема. За цела среќа запознавме добри фанови, се гледаше дека се спремни дечките на полето на фанатизмот, а не како некои шо седеа зад нас, не знаеја кој играч која бројка на дресот носи. 

За Andy Mitten дечкото сам ни пристапи кога не виде со транспарентот Macedonia <3 MUFC и ни рече дека сака да запознава фанови од секаде, знаеше за Македонија за Скопје ово оно почнавме муабет и дури после се кажа кој е. Ни направи 2 интервјуа со 2 различни камери белким ќе не стави некаде, мада јас у цела возбуда кажав fucking на едно 2-3 пати 

За натпреварот незнам шо да кажам, милион пати подобро одколку на ТВ, можам само да замислам на Олд Трафорд како е, вистинска магија, имаше периоди по 10-15 минути без збор да кажеме од уживањето во фудбалот.
После натпреварот ги видовме играчите како излегуваат од стадинот и влегуваат во автобусот на 10-15 метри од нас, ама имаше огради повеќе од Алкатраз, едвај се гледаше преку нив, а на сликите не се гледа ништо бидејќи е вечерно време. Имаме клип како си одат автобусите со играчите и луѓето од тимот, и Дејвид Гил зад авотбусите го возат во Ауди како вистински претседател 

Се надевам некој ден да можеме театарот да го посетиме, таму е вистинскиот сон, како шо кажа батето од сликата со тетоважата на раката, да одам таму еден викенд и може да си пукам после, животната мисија ќе ми биде исполнета 
