Here we are

Адреналинот уште ме убива од натпреварот

Се беше прекрасно, штандовите пред Арената, имаше разни занимливости, акробати, ова-она, само лошо беше што неможевме да се сликаме со играчите бидејќи автобусот влезе дирекно во стадионот и немаше можност за некои слики со нив, а исто и кога си одеа, само Дејвид Гил го видовме од близу во колата седнат како вистински boss

Разговаравме со неколку наши фанови ама такви како нас искрени, не само да се каже Ман Утд

Се запознавме со Едни Митен дописникот, тие што го баратат твитерот знаат

Ни направи интервју, па можда ќе не убаци некаде

Атмосферата на стадионот уште на почетокот страшна, Мексиканци со Чичарито дресови пола од стадионот ама штета малиот потрес имал :S Две батиња се фрлија со падобрани од хеликоптер и директно имаше пренос на големите монитори за да се запали уште толку атмосферата. Играчите се истрчаа малку, пошутираа на голот, Андерсон имаше 10тина опасни шута во публика

Стариот мирен беше, си седеше на местото полемиот дел од натпреварот. Имаше и околу 50 навивачи највероватно директно од Англија дојдени, имаа транспаренти и 90 мин пееја дечките, браво за нив. Американските навивачи пробаа 3-4 пати да направат бранови ама јок абер немат никој раци не дига

Главна ѕверка Бекс, респект за него прекрасно изигра, секогаш беше во кадар, нашите пееја стално за него и најмногу ми се допадна на крај отиде и ги поздрави. Целиот се наежив, едноставно Бекс е ЦАР. Имаше еден траспарент Bring Becks Home. Стадионот не е мн голем па така немаше проблем што бевме погоре, али прегледноста на играта беше прекрасна. Руни кога се затрчува мислиш од планина се спушта

и овие Америве чекат само топката да ја изгуби и одма се палат, овци

играта беше супер, 4 гола видовме, имавме надмоќ, кај овие со нас

ме изнервираа некои само се соблекле голи и напишале на гради МАН У :S им реков така со арно дека ова не чини ама од кај тие да знаат :S Имаше и мн други падобранци со Барселона, Арсенал, Челзи, Ливерпул дресови ама еден Босанец баш пред нас седеше со Џеко дрес од Сити :S Кога стана да си оди сите почнаа да му свират, тежок деген, шо кој к*р има тој со Сити дрес да иде на наша утакмица, кога веќе сака да го гледа нека си дојде во обична мајца ама тоа е сите им ја знаеме маката

На крај беше интересно на Парк кога му ја дадоа наградата Евра нешто маваше раци, се смее во негов стил, а и нели неразделни другари се па мора некој дешавка да има

Тоа е така на кратко, ќе аплоадираме и некоја слика-видео. Поздрав
--- надополнето: Jul 28, 2011 6:06 PM ---
Дечкото беше цар, вистински фан.
Енди Митен дописникот
Ова за Џену
Као демек Менхетен