Oдличен потег направи Марсијал, штета што му ја фати Чех. Барем ќе дадеше каква таква надеж упм. Преспори сме, и во напад и во одбрана. Иам чувство дека Арсенал кога сака може да направи шанса за гол. Од друга страна, ни требаат 232 додавања за да дојдеме до позиција за гол. Нема никаква острина во играта кај нас, тоа е најлошото. Најверојатно е така ради лошата форма на Руни и Депај. Мемфис мора да биде порешителен и мора да има повеќе самодоверба и да оди на дриблинг. Неможам да го гледам најискрено, ниеднаш не претрчал човек како фудбалер кој игра на крило, обавезно мора да комплицира, да се навраќа на играчот и да прави некои глупи финти. Руни беше очај првите 20 минути, после тоа далеку подобар, одзема топки, трча напред назад, се обидува да пушти пас преку одбраната на Арсенал (што ни фали очајно сезонава btw).... Поени од мечов нема, бар да изираат достоинствено и да се обидат да го ублажат поразот.