Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Само нека потпише и нека заврши фарсава. Ако Реал толку очајно го сакаше ќе го платеше, ко што го искешира Хамес 80 милиона. Само Реал ги преплаќа оние играчи од кои знае дека ќе има солиден процент на поврат на инвестицијa, очигледно чим се калкулирало со Де Хеа не мислеле така, барем на краток рок, и зошто да преплаќаш голман со 1 година од договорот? Тоа се вика домаќинско работење. Реал тргна по Де Хеа не дека му фали добар голман туку поради тоа што сметале дека ќе можат да создадат нов бренд "San David", а и ако не создадат голем курац. Ќе кажам уште еднаш, сакам да потпише иако знам дека нема да го направи тоа, не само ради тоа што му е желба да игра за Мадрид туку и очигледно не се трпи со Ван Гал кои своите играчи ги третира ко мали деца, па освен што ќе преплаќате надежни таленти вие готов производ да ви дојде во тимот нема да видите, баш ради него.
Брат немој не ме јеби со муабетов.
Реал домаќински трошел. omg.
Реал е тој што го расипа трансфер маркетот со умноболните високи суми за разни поединци, или клубот е богат, галактико тим ќе прават, зошто нели тоа за другиве тимови не важи а?
Не години, децении наназад транфер маркетот е каша попара, точно поради Реал.
Факт е дека јако се заебаа Реал со ДДГ, а не демек неќеле да преплатат, не им бил во плановите, немало да им врати онолку колку тие зацртале. Жими лактово.
Џабе ја трујаме темава, некои работи се многу очигледни со ситуацијава што медиумите колку и да ја вртат работата неможат нештото да го скријат или ни го пренесат на поинаков начин.
 
Aха, ке потпише. У Јануари.

Иначе, ја распнаа Едурне по социјалниве мрежи.
 
Отприлика претстава за тие што го немаме гледано. Со оглед на клаузулите, од Монако сметаат дека има огромен потенцијал. На него е оставено да видиме како ќе се развие во иднина а и мислам дека Руни колку и да не е во форма, за помагање на други играчи апсолутно го бива.

Имаше инфо дека имал до сега изиграно 53 професионални утакмици....Баш ги слушав на скај спорт Анри коментираше околу него.
 
Сега ќе поставам едно глупо прашање за некој ама нека, дали некогаш некој Македонец играл за Јунајтед, потекло, во млади категории и сл?
 
Сега ќе поставам едно глупо прашање за некој ама нека, дали некогаш некој Македонец играл за Јунајтед, потекло, во млади категории и сл?

Има.
Јован Кировски
Не заиграл во прв тим, но потекнува од нашата школа. Има македонски корени, но настапувал за САД.
 
Имаше инфо дека имал до сега изиграно 53 професионални утакмици....Баш ги слушав на скај спорт Анри коментираше околу него.
Да, малце има изиграно а лани повеќе играл крило него 9, само за помладите селекции на Франција играл деветка. Затоа и се утепавме од прашување дали некој го гледал и само @MkDon од Валенсија реплицираше дека Валенсија играше последно со Монако :)
Исто и на туѓи форуми на Манчестер ги прашуваа луѓе Французи по потекло и тие самите повеќето викаа абе кој ги гледа Монако, во смисол не играле воопшто атрактивен фудбал.
 
И кога ќе се видат тие податоци,стварно сумата е ненормална,па дури и за размери на Реал....

Неможам да сфатам по која основа Монако барале односно добиле 50 милиони евра за играч со изиграни 53 професионални натпревари....Би сфатил да е сумата пример 20 милиони па со бонуси да стигне до 40-50 у наредните 4,5 години,али вака е стварна страшна сума и мислам дека лоша услуга му се прави на детето кој ќе носи огромен товар,а фановите на Јунајтед со право ќе очекуваат неговите квалитети инстантно да се видат на теренот.
 
Јас најчесто ги гледам Монако (така ми се паѓало, да ги играм на ливче) и искрено се многу слаба екипа која не постигнува многу голови = тапа напаѓачи или дефанзивен стил на игра каде напаѓачот не доаѓа до израз. Ма да за ликов јас прв пат слушам, па ќе видиме
 
И кога ќе се видат тие податоци,стварно сумата е ненормална,па дури и за размери на Реал....

Неможам да сфатам по која основа Монако барале односно добиле 50 милиони евра за играч со изиграни 53 професионални натпревари....Би сфатил да е сумата пример 20 милиони па со бонуси да стигне до 40-50 у наредните 4,5 години,али вака е стварна страшна сума и мислам дека лоша услуга му се прави на детето кој ќе носи огромен товар,а фановите на Јунајтед со право ќе очекуваат неговите квалитети инстантно да се видат на теренот.

Па не се одеднаш платени 50 м.
22м добиле веднаш Монако, 4.5 у наредни 4 години и другото е за лични постигнувања, најдобар млад играч, прв стрелец и имаше уште едно ама не ми текнува, со што достигнува до сума од 50м
 
Од сквака.цом си рекоа дека Монако игра дефанзивно и на контри.
 
Епа затоа ваљда Французине зборат дека биле ептен досадни за гледање, што знам.
 
Па не се одеднаш платени 50 м.
22м добиле веднаш Монако, 4.5 у наредни 4 години и другото е за лични постигнувања, најдобар млад играч, прв стрелец и имаше уште едно ама не ми текнува, со што достигнува до сума од 50м

Могуче,разни суми се вртеа ама јас како што прочитав последно е дека трансфер сумата е 50 милиони евра,со можност да дојде до 80 милиони на основа на бонуси у наредните години...

Знам одма го ставија втор најскап тинејџер после Нејмар кој кошташе 83 милиони негде.
 
50м од кој 30м евра се сега, а на 4 години по 5м ќе се даваат плус бонуси од 20м евра доколку е прогласен за најдобар играч во ПЛ (5м), најдобар стрелец (5м) и ако освои Златна топка (10м).

Дај Боже да испадни сето ова и овие 20м во бонуси нема да ми биде жал. Како и да е, прескап трансфер е и е меч со 2 острици.
 
Ако ги реализира тие клаузули, нека им платат на Монако уште 50 од одма. Само дај боже да ги реализира :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom