Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Абе! Ми текна пред малце па си реков да ве прашам...

Шо бидна со тој екстра талентираниот стопер на Нант, Курт Зума? Нели го договаравме? Нели зимоска беше 99% готова работата дека летово ќе дојде кај нас? :icon_lol:
Или му билдаа публицитет како и на 1000000000 други...
Тој се планираше да дојде сезонава во случај на Фердинанд да одлучеше да се пензионира. Штом продолжува уште една година најмалце тогаш, или ќе дојде наредна сезона Зума (зошто не му пречело да седи во Ст. Етјен уште една сезона) или па ќе си оди на друго место. Како и да е, одбраната не ни е примарна, сите играчи што ги имаме таму и замени и млади и стари се квалитетни.
 
Во право си за ова, едно време многу актуелно беше тоа па незнам како наеднаш се смири ситуацијава. А ако е Рио причината можеа сега да го потпишат па да го остават на позајмица една сезона, како на пример Заха.Оти мислам дека в година Рио ќе се пензионира. Ако веќе толку се убедени во неговиот талент и можности, јас мислам дека така ќе играа.
 
А што е со Руни, дефинитвно си иде или? И да, до кога има договор со клубот?
 
И јас би направила така ама некои клубови ваквиот однос го сметаат како понижување, во смисол кои се тие играчи да купуваат откај нив па да им ги оставаат на позајмица уште :cautious: Затоа многу ретко се случува тоа. Нешто слично се случи и лани кога преговорите за Гаитан беа при крај и испадна РвП како опција - тогаш Фергусон сакаше левак во екипа зошто само Гигс, Еванс, Нани и Фабио ќе ни беа што можат со лева да играат од цел тим. Посекако многу подобро РвП отколку Гаитан.

Ќе видиме што ќе се случи со играчите кои ќе го напуштат тимот, според мене тоа се Андерсон и Нани. Андерсон имаше 5 сезони да се докаже, не можеме заради 2-3 одиграни добри утакмици да го чекаме цела сезона. Или е повреден или не е фит/дебел е. Поготово на ова кога ќе го додадеш и фактот дека Мојс не сака физички неспремни играчи како што можевме да видиме од Евертон, мислам дека ќе е првиот кој ќе си замине од екипава. Вториот е Нани но веројатно Мојс ќе има муабет и со него кога ќе дојде од одмор.

Тиаго најверојатно ќе го носи бројот 22 на Сколс, во случај на заминување на Руни од тимот, бројот 10.

А што е со Руни, дефинитвно си иде или? И да, до кога има договор со клубот?
Се заебава членот на мајка ти љубовникот што ви пишал така, шансите Руни да остане се 90% според најновите информации од неговиот камп. Договорот му е до 2015.
 
А што е со Руни, дефинитвно си иде или? И да, до кога има договор со клубот?

И он сам не знае веруј ми. Како стојат работите моментално најверојатно ќе има состанок со Мојс па ќе одлучи, ама јас лично мислам дека ќе остане.
 
Тиаго најверојатно ќе го носи бројот 22 на Сколс, во случај на заминување на Руни од тимот, бројот 10..

ништо чудно да му ја дадат 7ката нормално ако од некаде не долета CR !!!!
 
ништо чудно и да му ја дадат 7ката нормално ако од ведро небо не долета CR !!!!
Ако долета ЦР7, нареднава сезона во ПЛ ќе биде walk in a park :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom