Во право си за ова, едно време многу актуелно беше тоа па незнам како наеднаш се смири ситуацијава. А ако е Рио причината можеа сега да го потпишат па да го остават на позајмица една сезона, како на пример Заха.Оти мислам дека в година Рио ќе се пензионира. Ако веќе толку се убедени во неговиот талент и можности, јас мислам дека така ќе играа.
И јас би направила така ама некои клубови ваквиот однос го сметаат како понижување, во смисол кои се тие играчи да купуваат откај нив па да им ги оставаат на позајмица уште
Затоа многу ретко се случува тоа. Нешто слично се случи и лани кога преговорите за Гаитан беа при крај и испадна РвП како опција - тогаш Фергусон сакаше левак во екипа зошто само Гигс, Еванс, Нани и Фабио ќе ни беа што можат со лева да играат од цел тим. Посекако многу подобро РвП отколку Гаитан.
Ќе видиме што ќе се случи со играчите кои ќе го напуштат тимот, според мене тоа се Андерсон и Нани. Андерсон имаше 5 сезони да се докаже, не можеме заради 2-3 одиграни добри утакмици да го чекаме цела сезона. Или е повреден или не е фит/дебел е. Поготово на ова кога ќе го додадеш и фактот дека Мојс не сака физички неспремни играчи како што можевме да видиме од Евертон, мислам дека ќе е првиот кој ќе си замине од екипава. Вториот е Нани но веројатно Мојс ќе има муабет и со него кога ќе дојде од одмор.
Тиаго најверојатно ќе го носи бројот 22 на Сколс, во случај на заминување на Руни од тимот, бројот 10.
А што е со Руни, дефинитвно си иде или? И да, до кога има договор со клубот?
Се заебава членот на мајка ти љубовникот што ви пишал така, шансите Руни да остане се 90% според најновите информации од неговиот камп. Договорот му е до 2015.