Време е што помалце да се "замарам" со другиве теми затоа што се бескичмењаци,демек ако се силат на форум ќе се смени нешто.Јас од моја гледна точка не сум радосен на ваква победа. Вака "помош" веќе неколку се случува.Во краен случај доста сомнително беше,за првиот црвен картон би рекол дека е регуларен,ама вториов не требаше да му дава иако тој...
Најверојатно му врати со тоа што му прости претходно заради ова (доби само жолт картон).Да бидеме реални,навистина сме тиња.
Најпрвин: Поведовме 2 разлика,ама никако не знаеме да ја задржиме.Додека не направиме 4 разлика и да се откаже противник да напаѓа нема да победиме утакмица "сигурна".
Челзи имаше доста повеќе шанси од нас,да не му исклучеја и втор играч сеуште ќе имаше шанси да ни ја свртат утакмицата.
Нашите дефанзивци се големи аматери, секоја висока топка беше 80% шанса за гол.
Нашиот почитуван дефанзивец Видиќ со неговото присуство било кој дефанзивец да играше ќе беше 50% појак од претходно.Автоматски значи дека Фердинанд е дупе за воздушни дуели,џабе е ко стап за чукање ореви.
Ни треба еден дефанзивец што е супериорен во воздушни дуели како што е Видич.
Реално гледано,беа подобри Челзи,впрочем јас тоа го очекував бидејќи играме на гостински терен,но ме излажа резултат 0-2,кој после тоа оставивме тие да играат.
И на крај Клатенбург ќе ни суди почесто отсега.
