Добро ќе ни дојдеа 3 бода, со оглед на тоа дека имаме тежок распоред во јануари, посебно тешки гостувања. Инаку одигравме добро, секогаш ни е тешко кога играме со Бирмингем, но денес навистина заслуживме да победиме. Имавме и 2 стативи, но сепак судиите на крај беа против нас. Како и да е, се гледа дека Гибсон има уште многу да учи за прв тим, а и кога се заедно во прв тим со Керик, креативноста на средината е никаква. Фергусон не смееше да го извади Андерсон, Флечер требаше да влезе ама на местото на Гибсон. Инаку нареден натпревар уште едно гостување против ВБА. Се надевам ќе се врати и Нани, и Флечер ќе почне од 1минута и дека ќе освоиме 3 бода.