INVINCIBLE
MUFC
- Член од
- 9 декември 2007
- Мислења
- 3.469
- Поени од реакции
- 449
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако, веќе во домашното имате предност пред Ливерпул.Рио ќе ви треба со Арсенал ама како што гледам ќе го пропушти и тој меч.Ферги ке ги одмара играчите за во Средата,веке постирав за тоа,а за Рио незнам што да кажам...исто како Харго само се повредува и ова сезона ама нема срека ич со повредите...не ми се верува дека ке играме без него,одбраната ке има голема работа.
Нека го земаат на местото на Бербатов...Тевез нека остане..
Ех да беше така арно ке беше,ама по се изгледа Тевез ке замине по крајот на сезоната![]()
Статијава е срање. Споредбиве се во најблаг случај смешни.Зошто Ливерпул не е Манчестер?
Многу љубители на фудбалот во последно време се прашуваат која е причината што Ливерпул никако не може да го следи темпото на Манчестер Јунајтед во Премиер-лигата.
Во нашиот конкретен случај, ако се посветиме само на фудбалот, за полесно да ги споредиме екипите кои во моментов се на првите две места на табелата во Премиер-лигата - Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Да, почетните 11 на двата тима. Бидејќи, што подобро зборува за еден тим од неговата стартна постава? И веднаш одговорот: Јунајтед е постабилен и поуспешен затоа што има поквалитетни фудбалери. Тоа е простата и елементарна вистина. И иако сигурно ќе има такви кои нема сосема да се согласуваат со ова тврдење, ќе треба пореално да ги согледаат работите ако сакаат да разберат за што станува збор. И да престанат да се првадаат со Рафаел Бенитез кој не сакал да потпише нов договор или со тоа што Стивен Џерард можеби ќе биде осуден на петгодишен затвор за тепачката во декември. Тоа не може да не влијае, но сепак да ја погледнеме пореално ситуацијата. Кога една екипа е сигурна дека е подобра, тоа тогаш се гледа на однесувањето на теренот и по постигнатите резултати.
Да тргнеме малку поекспериментално. Да ги споредиме стартните 11 на Манчестер Јунајтед и на Ливерпул. Колку од сегашните фудбалери на Ливерпул можат во моментов да играат во формацијата на Алекс Фергусон. Одговорот е - малку. И тоа дури и по цена да се направат неколку жртви во Јунајтед, како на пример Димитар Бербатов кој игра во се подобра форма и на негово место да го ставиме Фернандо Торес. И што се добива: во тимот на Фергусон можат да влезат не повеќе од тројца фудбалери на Ливерпул, па и тие се со многу приговори и забелешки. Да почнеме по ред, од позиција до позиција.
Голманот. Можеби имало моменти во кариерата кога Хозе Реина бил во подобра форма од Ван дер Сар, но тоа сигурно не се однесува на последните неколку натпревари од првенството. Холандскиот ветеран веќе собори неколку рекорди на Англија и собра многу овации и комплименти упатени на негова адреса од легенди на клубот. Хавиер Маскерано. Уште еден фудбалер на Ливерпул кој само до пред неколку месеци можеше да се пофали дека може да игра во секој клуб иако најчесто ги врши “црните работи“ во својата екипа. Тој беше еден од најсигурните фудбалери на Ливерпул, но веќе не е така. Полека го губи приматот со дел од премиерлигашките фудбалери на истата позиција, па дури и од Дарен Флечер кој е се подобар и посигурен.
И освен ако не сме претерано необјективни и не признаеме дека Џејми Карагер е еден од најдобрите десни бекови во светот, а Стивен Џерард ја игра сезоната на својата кариера, останува само еден Фернандо Торес кој по враќањето од повредата стана херој на навивачите на Ливерпул, но факт е дека се уште е далеку од својата најдобра форма. Негова голема конкуренција е Димитар Бербатов за кого до пред шест месеци сите велеа дека нема шанси да успее во клуб како Манчестер Јунајтед, а веќе стана една од ѕвездите на клубот.
Целата анализа е само потврда дека Манчестер Јунајтед во моментов има подобар фудбалер на секоја позиција од својот единствен конкурент за шампионската титула. Доказ за тоа е и премиерлигашката табела, нели?
MAN UTD E NAJDOBRATA EKIPA RASTURA VO PREMIER,LIGA NA SAMPIONI NIKOJ NE MU E RAVEN....OVAA GOD KE BIDE MAN UTD SAMPION.
MANCHESTER UNITED FOREVER
MAN UTD E NAJDOBRATA EKIPA RASTURA VO PREMIER,LIGA NA SAMPIONI NIKOJ NE MU E RAVEN....OVAA GOD KE BIDE MAN UTD SAMPION.
MANCHESTER UNITED FOREVER