Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
N

navivacka

Гостин
Ферги ке ги одмара играчите за во Средата,веке постирав за тоа,а за Рио незнам што да кажам...исто како Харго само се повредува и ова сезона ама нема срека ич со повредите...не ми се верува дека ке играме без него,одбраната ке има голема работа.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ферги ке ги одмара играчите за во Средата,веке постирав за тоа,а за Рио незнам што да кажам...исто како Харго само се повредува и ова сезона ама нема срека ич со повредите...не ми се верува дека ке играме без него,одбраната ке има голема работа.
Ако, веќе во домашното имате предност пред Ливерпул.Рио ќе ви треба со Арсенал ама како што гледам ќе го пропушти и тој меч.
 
N

navivacka

Гостин
Зошто Ливерпул не е Манчестер?

Многу љубители на фудбалот во последно време се прашуваат која е причината што Ливерпул никако не може да го следи темпото на Манчестер Јунајтед во Премиер-лигата.
Во нашиот конкретен случај, ако се посветиме само на фудбалот, за полесно да ги споредиме екипите кои во моментов се на првите две места на табелата во Премиер-лигата - Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Да, почетните 11 на двата тима. Бидејќи, што подобро зборува за еден тим од неговата стартна постава? И веднаш одговорот: Јунајтед е постабилен и поуспешен затоа што има поквалитетни фудбалери. Тоа е простата и елементарна вистина. И иако сигурно ќе има такви кои нема сосема да се согласуваат со ова тврдење, ќе треба пореално да ги согледаат работите ако сакаат да разберат за што станува збор. И да престанат да се првадаат со Рафаел Бенитез кој не сакал да потпише нов договор или со тоа што Стивен Џерард можеби ќе биде осуден на петгодишен затвор за тепачката во декември. Тоа не може да не влијае, но сепак да ја погледнеме пореално ситуацијата. Кога една екипа е сигурна дека е подобра, тоа тогаш се гледа на однесувањето на теренот и по постигнатите резултати.
Да тргнеме малку поекспериментално. Да ги споредиме стартните 11 на Манчестер Јунајтед и на Ливерпул. Колку од сегашните фудбалери на Ливерпул можат во моментов да играат во формацијата на Алекс Фергусон. Одговорот е - малку. И тоа дури и по цена да се направат неколку жртви во Јунајтед, како на пример Димитар Бербатов кој игра во се подобра форма и на негово место да го ставиме Фернандо Торес. И што се добива: во тимот на Фергусон можат да влезат не повеќе од тројца фудбалери на Ливерпул, па и тие се со многу приговори и забелешки. Да почнеме по ред, од позиција до позиција.
Голманот. Можеби имало моменти во кариерата кога Хозе Реина бил во подобра форма од Ван дер Сар, но тоа сигурно не се однесува на последните неколку натпревари од првенството. Холандскиот ветеран веќе собори неколку рекорди на Англија и собра многу овации и комплименти упатени на негова адреса од легенди на клубот. Хавиер Маскерано. Уште еден фудбалер на Ливерпул кој само до пред неколку месеци можеше да се пофали дека може да игра во секој клуб иако најчесто ги врши “црните работи“ во својата екипа. Тој беше еден од најсигурните фудбалери на Ливерпул, но веќе не е така. Полека го губи приматот со дел од премиерлигашките фудбалери на истата позиција, па дури и од Дарен Флечер кој е се подобар и посигурен.
И освен ако не сме претерано необјективни и не признаеме дека Џејми Карагер е еден од најдобрите десни бекови во светот, а Стивен Џерард ја игра сезоната на својата кариера, останува само еден Фернандо Торес кој по враќањето од повредата стана херој на навивачите на Ливерпул, но факт е дека се уште е далеку од својата најдобра форма. Негова голема конкуренција е Димитар Бербатов за кого до пред шест месеци сите велеа дека нема шанси да успее во клуб како Манчестер Јунајтед, а веќе стана една од ѕвездите на клубот.
Целата анализа е само потврда дека Манчестер Јунајтед во моментов има подобар фудбалер на секоја позиција од својот единствен конкурент за шампионската титула. Доказ за тоа е и премиерлигашката табела, нели?
 
G

Gray Foxx

Статијава е срање. Споредбиве се во најблаг случај смешни.
Во фудбалот има систем на играње и воиграност не можеш туку така да споредуеш фудбалери. Се зависи од тактичката замисла на менаџерот. На пример Чаби Алонсо може нема да влезе во Јунајтед, али не е до неговите капацитети(кои сметам се доста големи) туку неговато способување во системот на Фергусон. Исто се сложувам дека и Флечер да отиде во Ливерпул, Бенитез ке го пушта само во ФА Купот. Проблемот е до филозофиите на трењерите, давањето на инструкции кај да се движи фудбалерот и тн. Пример со Арсенал, Фламини и Хлеб беа незаменливи во тимот, али се мачат да дојдат до прв состав во Милан и Барса(иако Хлеб за конкуренција го има Меси, сепак...).
Факт е дека секој трењер има различни вкусови и ако на Фергусон повеќе му се свиѓа Флечер, Керик или било кој не значи дека ги имаме подобрите индивидуални фудбалери туку тие играчи одлично се вклопуваат во замислите на трењерот.
Ке ти кажам што е предноста на Јунајтед над Ливерпул. Многу е лесен одговорот а тоа е никој друг туку Сер Алекс Фергусон. Искусен лисец, знае што го чека зад секој кикс на неговиот тим, знае да го намали притисокот пред големи утакмици, одличен тактичар, мотиватор, во било кој момент може да ја смени тактиката. Ако го затвори Јунајтед не примаме гол, ако го отвори даваме по 3-4. Има мадиња на слон. Со Астон Вила и потегот со Мачеда. Со Евертон пуштањето на 3 постава и тн.
Додека Бенитез кога бркаше резултат против Стоук и екипите слични на нив го имаше Кин на клупа и не го пушти, а брка резултат. Тврдоглавоста некогаш е лоша работа.
Исто така Јунајтед има играчи за прилагодување на било каква формација. Ако играме против екипа со страшен среден ред, ке ги игра Андерсон, Флечер и Керик (како со Арсенал, Флечер, Керик, Парк, Гигс со Интер на гости, Челзи на гости), додека кога ке играме дома и да настапи со отворена формација(каде што секогаш постои опасноста од контри) Руни го става лево крило и исто како да имаме два офанзивни бека. Кога противникот има високи дефанзивци ги игра Роналдо и Бербатов шпицови, кога противникот има ниски дефанзивци тука стапуваат на сцена Тевез и Руни со нивната work rate на 110 %. Одбранбените највеќе мразат напаѓачи кои нонстоп им дишат у врат и затоа се склони на киксови.
Манчестер има фудбалери за милион формации, додека Ливерпул за онаа стандардната Џерард полушпиц и Торес шпиц. И ако некој ги прочита или па паркира 10 души пред шеснаесетник( Стоук, Виган, Вест Хем и тн) тогаш Бенитез не знае што да прави. Нема подготвено сценариа за најлошите случаеви. Он е одличен тактичар во куповите каде што Ливерпул секогаш е under-dog, но кога иде Ливерпул да биде фаворит(како со Челзи) Бенитез потфрлува.
И дојдовме до заклучок дека разликата е до менаџерите и нивното рационално користење на фудбалерите. Иако Бенитез ветува сезонава во поглед на ПЛ, сепак следната сезона ке биде вистински отценет дали е шампионски материјал како Фергусон.
Over and out.
 
N

navivacka

Гостин
Смешна е и затоа ја постирав...незнам кој го пишал тоа ама се гледа дека нема блага веза од разликата мегу Манчестер и Лузерпул:nesvest::tapp:
Бенитез додека е на кормилото на Лузерпул може да уживаме и никогаш не преставувал Лузерпул опасност за Манчестер со исклучок на оваа сезона...
Бенитез направи голема грешка што го продаде Кин и тој не знае што сака а после постојано плаче пред ФА.Манчестер вака Ливерпул онака,до лани не му се слушаше гласот додека со Евертон се бореше за 4 место а сега зашто после толку време Лузерпул има шанси за титулата и дека не победил двапати му дава право да се лигави...Бенитез може само да му носи вода на Ферги и да му мие нозете,треба да учи од стариот и поискусниот.

Манчестер има добри играчи на клупа,вложуваат во млади таленти а додека Бенитез троши пари за готови звезди...баш читав пред некој ден дека сакал да продаде звезди од неговиот клуб за да купи нови...е ако се мисле така дека се гради шампионска екипа се лаже.
 
back from hell

the number 23
Член од
17 март 2008
Мислења
786
Поени од реакции
7
и сега следува прашањето зошто воопшто постирате срања, кога очигледно немаат врска со реалноста? кога веќе постирате гледајте тоа да е нешто квалитетно а не вакви смешни статии.
ги споредиле бербатов и торес. доброоо.
бербатов бил звезда. звезда my ass. звезда е затоа што ферги го купи за 30 милиони (огромна сума). се очекуваше од него да дава многу повеќе голови, а не само по 1 или 2 против алборг или против некој тим како хул или стоук на пример. но, можеби тоа е и замислата на фергусон, стариот можеби е задоволен од бербатов, тој си знае.
за разлика од бербатов мора да признаеме дека торес ја игра можеби најдобрата сезона досега, во врвна форма е, морам да признаам дека е барем за класа во моментов подобар од бербатов.
а и како што кажа колегата дено најголемата разлика помеѓу ливерпул и манчестер е секако големото искуство на серот.
си знае лисецот како да ги постави играчите, како да чува резултат, кој играч кога да влезе, едноставно за секоја ситуација има решение.
и за крај една добра вест за рио.
да се надеваме дека ќе игра против арсенал, затоа што и тоа како е потребен.
 
N

navivacka

Гостин
Е сега можам да здивнам за добрата вест со Рио...Само утре ке е прашањето со каква тактика ке излезе Ферги,сигурно со изменет состав за да може да ги чува за рeваншот против Арсенал.

И ке не дават на А1 со пренос во 13:45,конечно добра одлука:)
 
Член од
30 април 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
MAN UTD E NAJDOBRATA EKIPA RASTURA VO PREMIER,LIGA NA SAMPIONI NIKOJ NE MU E RAVEN....OVAA GOD KE BIDE MAN UTD SAMPION.

MANCHESTER UNITED FOREVER
 
caci_cris7

Red Devil Girl 4ever
Член од
28 октомври 2008
Мислења
294
Поени од реакции
3
Добро е што повредата на Рио не е толку сериозна и ќе може да игра на Емирати.

MAN UTD E NAJDOBRATA EKIPA RASTURA VO PREMIER,LIGA NA SAMPIONI NIKOJ NE MU E RAVEN....OVAA GOD KE BIDE MAN UTD SAMPION.

MANCHESTER UNITED FOREVER
Добредојде во фан клубот на англискиот, европскиот и светскиот шампион.:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom