Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
ЈБГ, какво проклетство имаме со тренериве не ми се верува... Овој скотов Скот, почнувам да го мразам иако е стар лејкерџија. Не знам шоку* мораше да го малтретира Коби со 42+ минути по натпревар во сезона во која извесно јасно идат на ребилдинг на тимот (и бркаат што понизок пласман за да го задржат пикот во првата рунда на драфотот).
Не може бе по 20 сезони во НБА да се води во минути на терен (и постигнати поени)... не без да се „расипе„ нешто.

Башка што не ги развива рукијата, е за тоа заслужува да го смеат ВЕДНАШ. Ама очигледно нема, пошто губењето добро му иде на Скот(от). Идиота![DOUBLEPOST=1422101236][/DOUBLEPOST]
http://pixel.mk/sport/kosharka/koga-kje-gi-spoish-kobi-i-frozen

И тоа го постирам ова како лејкерс + коби фан , сепак е иронично до некаде точно :D

Генијално! :(
 
Какви малери го следат Коби значи тоа е чудо едно,наместо сезонава да се штеди,и да се чува за наредната,него го префорсираа,мада веруам дека и он сам сакал да игра.не сакам да веруам дека ова е крај на кариерата за него,заслужува да се опрости со стил не вака:(.ако ништо друго може да заигра у евролигата и да лапне и таму титула,мада не знам кој би можел у моментов да понуди колку што бара,едино можда Цска,и Макаби е јак финансиски,ама они си имаат друг стил на градење не таимот.
 
Не дека нешто ќе се сменеше наредната со зачуван Коби, не се лажете. Следната ќе е реприза на оваа, како и да вртиш... освен ако Коби не се повлече.
Неговиот договор му ги уништи неговите желби за прстен, тоа е факт.

Што е најпаметно сеа, неам појма. Дал да чекаме камбек и да пропадне уште една сезона тотално, или да се опростиме од Коби на овој начин и да почнеме ребилд уште од летово.

Според мене идеално сценарио е да се истанка сезонава до крај и да се земе пик. Коби да се повлече, Неш исто му истекува договор, ни се отвара цел селари-кап, и Јово на ново.
Коби нека одмори некоја година од кошаркава, па нека го враќаат за асистент коуч (во случај да најдеме некој аселен тренер до тогаш), ако не директно би го ставил HC, преку кур со дебиливе на клупа.

Варијантанта што е поверојатна, Коби ќе се врати за наредна сезона, пак ќе имаме прва петорка што би се мачела во Јадранска лига + 1 малце поасолен играч. Скотов пак за кур нема да го бива, и никако нема да играме плеј-оф во ваков запад. Добра работа е што ќе го гледаме Коби уште 1 година, лоша е што ќе изгубиме 1 година во конструирањето на конкурентен тим.

Што ќе биде, ќе видиме по изјавата на Мамбата.
 
Што е најпаметно сеа, неам појма. Дал да чекаме камбек и да пропадне уште една сезона тотално, или да се опростиме од Коби на овој начин и да почнеме ребилд уште од летово.

Што ви е бе момци? :)
Каков камбек, какви бакрачи... Коби никад не си ни отиде, и покрај многуте повреди. Лејкерси си отидоа, поточно квалитетот на ростерот си отиде. Сега претстои ребилд, без разлика на се што ќе чуете официјално од Лејкерси.
Ако некако Лејкерси направат тим по следниве пар сезони, сеуште ќе го имаме Коби како резервен играч... да го вадат како џокер од ракав и да ги потсетува сите како ЅВЕР е (беше). :(

Само да не испаднат гласините дека ЛА планираат да го трејдаат претстојниот пик од прво коло за некој макс (плата) играч. Се разбира, ако се задржиме во топ 5 (отпозади).
http://www.tankathon.com/
Тоа би била тешка грешка, добар играч за макс плата само би не однел во средината на лигата каде ниту се напредува (преку драфт), ниту се има реални шанси за било што освен учество во плејоф и испаѓање во прво коло.


:)
1779296_10153051108880419_4976646316536436378_n.jpg
 
За сезонава секако нема што да се дискутира ... Коби се повреди, Рендл исто. Едина светла точка е рукито Кларксон кој последните утакмици пружа солиден учинок. Затоа да се префрлиме на овогодинешниот драфт. Што мислите ќе успее ли Лејкерс да го задржи пикот кој му го должи на Феникс од трејдот со Неш? Треба да бидат меѓу петте најлоши тимови, а како сме тргнати мислам дека ќе завршиме со 2 најлош рекорд. На Минесота и се вратија тројца стартери (Рубио,Мартин и Пекович), а во Филаделфија,младите играчи полека се уиграаваат.Кај и да е овие два тима ќе не поминат со победите. Никси според мене се недостижни,катастрофа од тим,а има гласини дека после ол-старот ќе го седнат на клупа Ентони. Страв имам само од Орландо кои во последните 13 утакмици имаат скор 1-12 (против нас победија во overtime :)). Како и да е управата мислам дека сфати дека мора да се танка,бидејќи со враќањето на Рендл и нови потенцијлани 3 пика (мислам дека ќе го задржиме високиот пик од Феникс 1-5, пикот од Хјустон кој би требало да биде од 22-30 и уште еден од Клиперси од втората рунда од 50-60.) заедно со Кларксон,Кели и Тарик Блек, Лејкерси би имале одлична основа за повторно градење на тимот и привлекување на слободни агенти. Е сега моето прашање за тие што следат кошарка во колеџ, кој играчи мислите дека би му одговарале на Лејкерс. Овој драфт има 5 доста солидни играчи, од кои тројца, според мене можат да бидат ѕвезди во иднина и носители на еден тим. Првиот е секако Џалил Окафор. Страшен центар со многу добри потези под кош. Ја има и потребната висина и тежина за таа позиција, добар просек на скокови , долги раце. Единствена слаба точка му е одбраната, меѓутоа има простор за напредок. Замислете 4ка и 5ка - Рендл и Окафор. Вториот е Д'Aнџело Расел. Може да игра плејмејкер и крило. Просекот :19,5 поена, 6 скока и 5,5 асистенции со процент на шутирање од 47% за 2 поена и 45% за 3. Доста солиден шут, плејмејкерски способности и добро водење на топка. Доста брзо шутира, налик на Кари. Има и добра одбрана. И третиот, кој според мене има најголем потенцијал, меѓутоа и најмногу работа и трпение, Карл Таунс. Може да игра и 4ка и 5ка. Фантастичен во одбрана, висок просек на скокови во согласност со дадената минутажа во Кентаки, потребната висина и тежина за негова позиција,долги раце, а има и добар процент за 2 поена од шутирање од дистанца. Многу експерти тврдат дека токму Таунс би бил најдобриот пик за Лејкерси, затоа што би се совпаднале одлично со Рендл, фактички двајцата си ги негираат нивните слабости , односно Рендл е далеку поусовршен во напад и играта под кош, меѓутоа одбраната му е слаба страна, а кај Таунс е обратно, тој својата игра пред се ја потпира на дефанзивата. Треба да се напомене дека и двајцата играчи имаат место за напредок кај нивните слаби страни. Другите двајца играчи, кои според мене ќе бидат доста солидни во иднина се Емануел Мудиаи (го споредуваат со Џон Вол) и Стенли Џонсон(потенцијал за солиден играч и во напад и во одбрана, слично како Каваи Ленард). Како и да е, било кој од овие играчи Лејкерси да го одберат нема да згрешат. Се надевам пикот нема да се искористи на некој друг проспект или пак да го трејдуваат. Со останатите 2 пика се надевам дека скаутите ќе завршат добра работа, дека ќе го препознаат скриениот талент на некој од преостанатите играчи нешто слично како ситуацијата со Кларксон и Кели од минатите драфтови. Тоа е моето мислење. Секако нема што да се дискутира за сегашноста барем да зборуваме за иднината. Нека танкаат до крајот на оваа сезона, по можност да осигураат топ 3 пик, бидејќи тројцата играчи на врвот навистина нудат огромен потенцијал, па потоа ќе се мисли што понатаму со слободните агенти. Само замислете комбинација на Рендл со Окафор, Таунс или Расел :vozbud:. Одличен почеток за ребилдингот.
 
Scumbag Suns, сакаат да не заебат колку да не го земеме пикот. Ако ги трејдаат Хил и Дејвис, нека го напраат тоа за пикови/млади играчи/истекувачки договори од типот на Перкинс од ОКЦ. Мора да се потрудат да го задржат барем 2 пик, зашто тешко им се парира на Никс :)
Само не ми е јасно што е со тој второт пик од Хјустон, како е заштитен и дали ќе може да се користи годинава?
 
Драгич е супер играч, само Дејвис не би требало да се да не се даде за рентање пола сезона (и bird rights) на Драгич. Хил и уште некој друг може. Дејвис е супер корисен (и евтин) играч кој треба да го задржиме. Драгич може и да не остане после сезоната кога ќе му истече договорот.
Друга заебанција е што Драгич е доволно добар да ни го заебе танкањето (и топ5 пикот да ни отиде во Феникс). Така Феникс има двојна причина да ни го даде Драгич. :D


Само не ми е јасно што е со тој второт пик од Хјустон, како е заштитен и дали ќе може да се користи годинава?

Топ15 заштитен пик, ако не се лажам. Со оглед на играта на Хјустон, мислам дека се мали шансите тој пик да не биде наш (освен што може да отиде во Феникс, во замена за Драгич). :)
 
Дејвис рекол дека ќе напраи opt-out, така да ако не им е во план на Џим и Купчак (ако првиов воопшто има некаков план), би било добро да се извади некој пик од него. Инаку по мене кражба на годината беше, одличен играч за тие пари. Ќе им помогне на контендери ептен, затоа и се збори за трејд.
 
Да Дејвис си кажа дека ќе „опта„ надвор, нормално... таа втора година за минималец беше некое осигурување од повреда. Ама пошто никој не му понуди плата (и долг договор) како што заслужува, останува да се надеваме дека и нареднава година ќе го убедат да остане во Лејкерси за некаков „попуст„.
Се разбира добрите понуди за трејд, треба да се разгледаат... ама јас лично не би го давал за рентање на Драгич... во надеж дека него ќе го потпишеме за поевтино.
Драгич секако ќе добие добри понуди летово, а макс плата на 5години мислам дека не вреди дечкото. Макс плата е за играчи како Дурант (ако некако го ќариме 2016та).
 
Добро е, избегнавме голема опасност. Драгич не заврши во Лејкерси, што најверојатно ќе значеше следни 5години макс договор (20+мил. за 34годишен Драгич во последната сезона). Таков играч се зема кога се допотполнува шампионски тим. ЛАЛ се подоста години далеку од тоа.
На крају краева, ако Драгич сака да игра во Лејкерси - сеуште може да го направи тоа летово, но со договор за 4 наместо за 5 години.

Ако Лејкерси го дадеа за Драгич пикот од Хјустон + други пикови/асети... ќе се заебевме ем за тие асети, ем со тоа што заради играта на Драгич веројатно немаше да завршиме меѓу последните 5 тимови во лигата (што ни треба, за да го задржиме нашиот топ5 заштитен пик. Пик кој Феникс го трејдаше на Филаделфија, која е пред нас во танкирањето и со која тек треба да играме ДВЕ УТАКМИЦИ! Е тоа ќе биде мачно за гледање, ЛА-Фили ќе се испотепаат кој да изгуби... ;) ( @навијачите на Фили)

http://www.tankathon.com/


[DOUBLEPOST=1424527610][/DOUBLEPOST]Потврда од Мич Купчак за планот за иднината:
Mitch Kupchak says Lakers wont jeopardize future for final run with Kobe Bryant
http://www.silverscreenandroll.com/2015/2/20/8078779/la-lakers-trade-rumors-mitch-kuchak-kobe-bryant

Kupchak said LAL can't jeopardize the next 5-7 years just to win during the final year of Kobe's contract by bringing in veterans.
— Mike Trudell (@LakersReporter) February 20, 2015
 
Последно уредено:
Живи ли сте бре...? Ништо не мрда на темава... ;)

Веќе подоста време има некои заебани гласни дека Рондо е можно да заврши во Лејкерси, и тоа за макс плата (скраја да е). :cautious:
Ама има и пар убави гласини:
http://www.silverscreenandroll.com/...-kevin-love-leaves-la-lakers-free-agency-2015
Cavaliers fear Love leaves: "Likely" for Lakers?
:rolleyes:

http://www.silverscreenandroll.com/2015/5/6/8560295/la-lakers-nba-draft-2015-jahlil-okafor
NBA mock draft 2015: Jahlil Okafor drops to Lakers at No. 4
:rolleyes:
 
Баш би сакал окафор да им остане на Лејкерс. Не се знае што ќе биде со одбраната во рекет со оглед дека и он и Рендл се играчи што не важат за добри дефанзивци, ама мислам дека едноставно не се пропушта таков играч ако имаш 3/4/5 пик.
 
Последното е за радување ама првото ... грешка голема ќе биде максимален договор ако му дадат на рондо .. го мачат повреди нешто слично како Неш ќе испадне ни крив ни должен да зема пари за џабе ..Инаку ако е вистина тоа со Лав ќе е одлично до лани го имавме Пау од следната сезона да го имаме Лав ќе е топ .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom