За сезонава секако нема што да се дискутира ... Коби се повреди, Рендл исто. Едина светла точка е рукито Кларксон кој последните утакмици пружа солиден учинок. Затоа да се префрлиме на овогодинешниот драфт. Што мислите ќе успее ли Лејкерс да го задржи пикот кој му го должи на Феникс од трејдот со Неш? Треба да бидат меѓу петте најлоши тимови, а како сме тргнати мислам дека ќе завршиме со 2 најлош рекорд. На Минесота и се вратија тројца стартери (Рубио,Мартин и Пекович), а во Филаделфија,младите играчи полека се уиграаваат.Кај и да е овие два тима ќе не поминат со победите. Никси според мене се недостижни,катастрофа од тим,а има гласини дека после ол-старот ќе го седнат на клупа Ентони. Страв имам само од Орландо кои во последните 13 утакмици имаат скор 1-12 (против нас победија во overtime

). Како и да е управата мислам дека сфати дека мора да се танка,бидејќи со враќањето на Рендл и нови потенцијлани 3 пика (мислам дека ќе го задржиме високиот пик од Феникс 1-5, пикот од Хјустон кој би требало да биде од 22-30 и уште еден од Клиперси од втората рунда од 50-60.) заедно со Кларксон,Кели и Тарик Блек, Лејкерси би имале одлична основа за повторно градење на тимот и привлекување на слободни агенти. Е сега моето прашање за тие што следат кошарка во колеџ, кој играчи мислите дека би му одговарале на Лејкерс. Овој драфт има 5 доста солидни играчи, од кои тројца, според мене можат да бидат ѕвезди во иднина и носители на еден тим. Првиот е секако Џалил Окафор. Страшен центар со многу добри потези под кош. Ја има и потребната висина и тежина за таа позиција, добар просек на скокови , долги раце. Единствена слаба точка му е одбраната, меѓутоа има простор за напредок. Замислете 4ка и 5ка - Рендл и Окафор. Вториот е Д'Aнџело Расел. Може да игра плејмејкер и крило. Просекот :19,5 поена, 6 скока и 5,5 асистенции со процент на шутирање од 47% за 2 поена и 45% за 3. Доста солиден шут, плејмејкерски способности и добро водење на топка. Доста брзо шутира, налик на Кари. Има и добра одбрана. И третиот, кој според мене има најголем потенцијал, меѓутоа и најмногу работа и трпение, Карл Таунс. Може да игра и 4ка и 5ка. Фантастичен во одбрана, висок просек на скокови во согласност со дадената минутажа во Кентаки, потребната висина и тежина за негова позиција,долги раце, а има и добар процент за 2 поена од шутирање од дистанца. Многу експерти тврдат дека токму Таунс би бил најдобриот пик за Лејкерси, затоа што би се совпаднале одлично со Рендл, фактички двајцата си ги негираат нивните слабости , односно Рендл е далеку поусовршен во напад и играта под кош, меѓутоа одбраната му е слаба страна, а кај Таунс е обратно, тој својата игра пред се ја потпира на дефанзивата. Треба да се напомене дека и двајцата играчи имаат место за напредок кај нивните слаби страни. Другите двајца играчи, кои според мене ќе бидат доста солидни во иднина се Емануел Мудиаи (го споредуваат со Џон Вол) и Стенли Џонсон(потенцијал за солиден играч и во напад и во одбрана, слично како Каваи Ленард). Како и да е, било кој од овие играчи Лејкерси да го одберат нема да згрешат. Се надевам пикот нема да се искористи на некој друг проспект или пак да го трејдуваат. Со останатите 2 пика се надевам дека скаутите ќе завршат добра работа, дека ќе го препознаат скриениот талент на некој од преостанатите играчи нешто слично како ситуацијата со Кларксон и Кели од минатите драфтови. Тоа е моето мислење. Секако нема што да се дискутира за сегашноста барем да зборуваме за иднината. Нека танкаат до крајот на оваа сезона, по можност да осигураат топ 3 пик, бидејќи тројцата играчи на врвот навистина нудат огромен потенцијал, па потоа ќе се мисли што понатаму со слободните агенти. Само замислете комбинација на Рендл со Окафор, Таунс или Расел

. Одличен почеток за ребилдингот.