Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.751
- Поени од реакции
- 37.119
Време е за реалноста.Сезонава уште во јануари си ја отпишавме, па не не удри толку метлава.. сеа иде потешкиот дел, дали ќе ни бидат вакви и наредните сезони?!
Се летав и јас барем дел, колку што се летаа и другите во последниве пар сезони, ама реалноста е дека многу работи смрдат во тимов. Мада за воља на вистината не е дека не можеше да се извлече уште барем една титула.
СО СООДВЕТЕН ТРЕНЕР!!!
Сериозно, времето го прегази ЛА.... а Џим Бас ги дозакопа.
Можеби грешам, ама оваков состав не може а да не биде офанзивна велесила во рацете на тренер (и систем) кој и одговара и може да го употреби ростерот на вистински начин. Не сакам суптилно да инсинуирам и пак отворено ќе кажам дека Фил Џексон требаше да биде на клупата на ЛА по отпуштањето на компироглавиот. Ако некој може да ги мотивира и „дигне„ нежните психи на споредните улоги како Микс, Џејмисон, Морис, итн... тоа е само Зенот.
Да, пак ќе беа андердог против ОКЦ ама САС (а можеби и Мајами) можеа да ги земат со ФЏ на чело, и триаголникот да ги покрива недостатоците на кец позиција
Хммм да, каде бевме... Реалноста.
Барем една година фенерџии (мора да одат под линијата за данок барем таа една година). Потоа надеж дека ќе се земе еден 1ва класа играч во 2014та (или барем надеж дека на Џим Бас ќе му здосади да си игра ГМ). Потоа пар години уигрување и мислам дека потоа може да се надеваме на титули.