Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Моментот кога ќе мораш да навиваш за ЛеКвин... ;)

Можда и тоа е подобро од ова сега што се дешава.


Логично е ова, односно варијанти од ова. Коби може и да се „пензионира„ нормално ако тој самиот се согласи. Клубот ќе му го одкупи договорот, односно ќе се договорат за надоместот... и мислам дека така нема да мора да чека цела сезона за да се врати во клубот. Рој направи така, Портланд го пушти од договорот за да се пензионира... после потпиша со нов клуб (сакаше во ЛА, ама не испадна тоа).
Пак ќе кажам дека тоа може да се случи само ако Коби се согласи на тоа (и на нов многу поевтин договор следната сезона).

Иначе растурањето на Мајами се гласини, не верувам дека ќе се остварат. Зошто би напуштале клуб со кој освојуваат титули? Нема логика.
За растурањето знам дека се гласини, исто како што се гласини за доаѓањето на Леброн. Во 2014 би требало да се случи тоа, а причината за растурањето ја гледам поради селари кепот и прогресивните договори на кошаркарите, а Мајами има три супер ѕвезди во тимот кои имаат солидни договори. На Леброн договорот му истекува мислам во 2016 ама не сум 100% сигурен, али имал некаква клаузула ваљда. (за последнава реченица не сум 100% сигурен)

За утакмицава, момци си легнав на средина на трета четвртина, и тоа намерно, едноставно не можев да гледам како се мачат да шутнат на кош а од друга страна како Данкан не може да промаши. Јебига, еден од најсрамните порази на Лејкерси али не го зимам за некое преголемо зло бидејќи пола тим ни е повреден. Повеќе среќа следната сезона, и се надевам ќе има помалце повреди, затоа што не верувам дека може да е помалерозна од оваа од тој аспект.
 
Наизменично играме.
Една сезона метла, следната ќе земеме некоја утакмица, сега пак метла. Ај наредната можда титула да собереме :)
 
За растурањето знам дека се гласини, исто како што се гласини за доаѓањето на Леброн. Во 2014 би требало да се случи тоа, а причината за растурањето ја гледам поради селари кепот и прогресивните договори на кошаркарите, а Мајами има три супер ѕвезди во тимот кои имаат солидни договори...
Од пред пар сезони повремено излегува ова...

Во 2014 ЛА ќе мора минимум една сезона да оди под линијата за „данок на луксуз„. Иначе данокот ќе почне да биде поголем и од платите, така се направени новите правила.
Купчак договорите на ЛА ги има моделирано така да сите завршуваат со последната година од договорот на Коби. 2014та само Стив Неш ќе биде под договор (последната година), и Хауард ако потпише со ЛА. Ова е намерно за ресетирање на акумулационите казнени поени со данокот а богами и за реструктуирање на тимот.

Искрено, многу работи не штимаат со ЛАЛ. Да не повторуваме пак се.
Иднината е во тим каде Коби ќе игра за мали пари, како Данкан. Плус ѕвезда како Хауард или можеби некоја квалитетна замена. Неш, Мета би требало да останат (Мета за минималец). Мора да најдат пар добри плејмејкери. Мора да најдат шутинг бек и ниски крила кои играат добра одбрана и погодуваат по некоја 3ка.
Од Гасол толку. Освен ако не прифати бајаги пониска плата (во рангот на онаа на Данкан), што мислам дека нема да се деси пошто 2014та ќе му биде последна шанса за поголем договор (а ќе има заинтересирани за $12-15мил).

Е сега за Леброн, не знам колку се Мајами над линијата за данок... ама глупо и наивно е да се очекува дека газдата нема да плати и најголеми пенали за шампионски тим кој освојува титули. Можеби Пол да го залажат да ги смени соблекувалните во Стејплс, ама и тоа е скоро 0% можно пошто Клиперси играат ОК.


Едно е сигурно, во 2014та им завршуваат договорите на повеќемина добри кошаркари и не случајно Купчак си „мести„ простор за жонглирање.
Купчак е ѕвер ГМ и ништо од ова што сега се дешава не е негова вина. Сетете се каков потфат беше склапањето на ваков тим. Овие страња сега што ги гледаме се одраз на недостатокот на поим за кошарка и поим од водење на клуб, на газдата Џим Бас. Пак ќе кажам дека со тренер како Фил Џексон или барем Рик Аделман, ЛА ќе добуткаа барем до финале на запад со истиов овој ростер.

Колку за практичен показатал (ако веќе самата сезона не е доволна), погледајте ги последиците од идиотските потези на Џим Бас како што беше одпуштањето на сите скаути на ЛА, вклучително и оние во Европа. Сакре и неколку гревчиња што не влегоа во тимот.
Во меѓувреме еден Хјустон (кој најми некои од истите тие скаути) си го прибраа Патрик Беверли од руски Спартак за ич пари и момакот како замена за Лин имаше 16поени 12скокови 6асистенции 2украдени...

Што е најсмешното во ситуацијава?
Патрик Беверли беше драфтуван 2009-та од ЛА (кои потоа го разменија)...
 
Јасно е сето ова Ванлок, така е ко што напиша али околу делот за Леброн нешто да допишам. Факт е дека никој ГМ не сака да си го растури тимот доколку тој е шампионски, но сепак преовладува желбата на играчот. А јас верувам дека на секој кошаркар од НБА желба му е да заигра за Лејкерс, без разлика дали е тоа Леброн или некој друг. Лејкерси се најпопуларната франшиза во САД, увек се се врти околу нив. А Леброн сака да е центар пажња, впрочем кој нејќе.
Околу тимов, во иднина мора, ама значи МОРА да се земе асален плеј, не бива веќе со крпеници и просеци. Гасол иако од се срце сакам да остане затоа што тешко да најдеме ваков интелигентен играч со таа висина сепак мислам дека е подобро да го трејдаат поради тоа што ќе сака да игра за голема плата а веќе станува стар и е неисплатлив за тимот. Треба големи корекции и на клупата, ѓубрето како Сакре, Духон и компанија да се фрли у канта, и да се доведат нови покорисни играчи и да имаме подлабока клупа. Мене не ме плаши до толку ростерот колку што ме плаши тренерот. Сигурен сум дека Купчак добро ќе си ја заврши својата работа од аспект на носењето на играчи, но тренерот... Бркот ќе биде тренер и следната сезона, извади гз со тоа што се пласираше во плеј оф. Е сеа Господ нека ни е на помош со него, ако тера како оваа сезона ќе си ги кубеме косите и наредната сезона. Јас сум 100% сигурен дека една супер ѕвезда ќе дојде во Лејкерси, дали следната сезона или сезоната 2014/2015 ќе видиме.
 
Бркот секако ќе останеше тренер цел договор во секој случај. Не ги признава лесно грешките, идиотот Џим Бас.

Јасно е сето ова Ванлок, така е ко што напиша али околу делот за Леброн нешто да допишам. Факт е дека никој ГМ не сака да си го растури тимот доколку тој е шампионски, но сепак преовладува желбата на играчот. А јас верувам дека на секој кошаркар од НБА желба му е да заигра за Лејкерс, без разлика дали е тоа Леброн или некој друг. Лејкерси се најпопуларната франшиза во САД, увек се се врти околу нив. А Леброн сака да е центар пажња, впрочем кој нејќе.
Ајде да бидеме реални малку... :)
ЛА е клуб клубова, ама ни ЛеБрон не е до толку ѕвизнат во глава да дојде сега во ЛА... па уште и од шампионски клуб со кој освојува титули.

Мислам ако веќе фантазираме, што па да не идеме до крај: Роуз се опоравува и успева да издејствува размена во ЛА кои за него го даваат Сакре, Блејк и Гаудлок, плус парични надокнади. Крис Пол му истекува договорот и ги напушта клиперси, потпишува со Лејкерси. Оклахома по повредата на Вестбрук решава да почне од ново со градење на тимот и го дава Дурант во замена за МВП, Духон и Ибанкс. Пол Пирс и Гарнет решаваат да ги завршат кариерите во ЛА. Минесота ни го дава Лов за Хил, пошто повреден за повреден играч е фер размена. Во исто време Штерн оди во пензија и неговиот наследик решава скроз да го укине данокот за платите.
И тогаш ЛеКвин увидува дека Мајами нема да може се носи со оваквиот тим на ЛА и пошто не може да не победи, решава да се приклучи! ;)
 
И Мета повреден за утакмицата број 4. Дај да ја изгубиме и нека си ебат матер веќе, да и се намочам у малерозната сезона, уште Купчак се нема повредено...
 
Ja mislam deka dokolku primer, fanovi na Boston biraa trener na Lejkers, sekako, bi odbrale nekoe destruktivno resenie za klubot, nemase da odberat tolku losh trener kolku sto e losh Brkov za ovoj tim.

Kakov uzasen trener ej, i po ne znam koj pat go velam ova sto sega ke go napisam ... izbran na smetka na Zenot. :facepalm:
 
Не е само до бркот, за жал.

Ајт...

5df2d181cde9e317249bcc6fc2d59522.jpg


со здравје нека ни е.
 
Ај за арно за убаво нека е ни е....
 
Конечно заврши сезонава, а околу Коби и договорот нема шанси да му го скинат договорот оти ќе треба до 2014 да чека за пак со ЛА да игра а и како што го знаеме Коби ќе се врати до Ное. или Дек. 100%
Нема шанса Коби да го амнестираат, просто речено не е секогаш до парите и од преспектива на бизнис и што е добро за тимот, Коби цела кариера ја игра во ЛА, му донесе 5 прстени, безброј невидени утакмици до сега, со по бог знае колку поени, ги вади само со парите луѓе што идат Коби да го гледаат, макар во ЛА или каде било, ако Лејкерс го амнестираат Коби мислам дека цел град ќе протестира и нема да му идат на утакмици некое време(нема да има 0 посетители ама ќе се намали бројот за многу) и тогаш Лејкерс ќе видат што е без Коби да се биде а и ако го направат тоа БЕЗ да се консултираат со него и да го амнестираат тој мислам дека или ќе се пензионира или ќе замине во друг тим(иако е невозможно сепак без да се консултираат со Коби што мисли и што сака тој и до каде е со повредата) и да не речат, еј вака и вака ќе го направиме ова ќе те пишеме вгодина но ако се согласуваш.
А околу Хауард.
Гледам ЕСПН, и до некаде во право се, Хауард психички неспремен, детенце од 10 години поагресивно ќе игра и подобар лидер ќе биде посебно во момент кога треба да се покажиш да не го разочараш својот тим, а тој прави технички неможе да се возрджи на ДОМАШЕН терен, со ситуација 3-0 за елиминирање, кажаја на ЕСПН дека си праќал смс со други играчи наместо да помогни некако, Коби се појави на утакмица иако неможи ни да оди а овој не сака да игра, и незнам како очекува да му дадат 117$ милиони ако игра вака и вака се понаша.
 
Maka ми е што имаше толку повредени играчи овој плејоф.

Не дека така ЛА ќе отидеа во финале, туку затоа што немаше да има извинувања и изговори за Д’Антони. Каква пропаст од тренер.
Ништо не правиме се додека разгаленото синче Џим Бас не му здосади да си игра ГМ на клубот.

За Хауард.
Пак ќе кажам, од ова копито човек не бидуе. Ако Купчак некако го убеди да потпише екстензија, прво тоа ќе биде само заради $$, второ треба да го разменат неговиот тупав, глупав, детски, и-што-се-не.... ГАЗ.
Не можам да ви објаснам како со задоволство би го дал макар и за еден Лопез, или понуда од елитен плеј +крило/центар... :-/


...тогаш Лејкерс ќе видат што е без Коби да се биде а и ако го направат тоа БЕЗ да се консултираат со него и да го амнестираат тој мислам дека или ќе се пензионира или ќе замине во друг тим...
Не бе, од ИНАТ ќе се врати во таков клуб каде најмногу ќе може да ги ебе ЛА во постсезона... и секоја година во наредните 4-5 ќе ги утакмиците на сезоната против ЛА.
Тоа е една од заедничките особини на таквите великани како Коби и МЏ, изнервирај ги и само ќе ги мотивираш... а ако нешто не сакаш, тоа е да ги мотивираш.
 
Не бе, од ИНАТ ќе се врати во таков клуб каде најмногу ќе може да ги ебе ЛА во постсезона... и секоја година во наредните 4-5 ќе ги утакмиците на сезоната против ЛА.
Тоа е една од заедничките особини на таквите великани како Коби и МЏ, изнервирај ги и само ќе ги мотивираш... а ако нешто не сакаш, тоа е да ги мотивираш.

Ако веќе го амнеситраат без да се консултираат со него мислам дека има право да замине во друг тим и кога и да игра против ЛА да ги убие, не е праведно да му го отстраниш договорот на твојот најдобар играч, најдобриот твој играч во историјата на тимот, и некој што би го држел цел тим заедно плус сам ги носеше до победи кога на другите не му се играше.
 
Кога сме веќе кај тренерите сакав Брајан Шо да биде уште лани кога веќе се фрлаат пари за тренери овој немаше да не кошта а добро ги познаваше.Повредите си го направија своето а и не солидарноста во тимот.Сега да видиме што ќе се случи летово очекувам многу промени а моја желба е Џош Смит
 
И овие САС да немаат мерка за доста..:pos:
Поштено не изметија, со 30% залагање..
Бркот може да го кривиме до задутре, не дека не е најкрив.. ама ако е само до него лесно ќе се опраиме за наредна сезона.
И Валнок пишал, и мене ме курчи тоа што сеа има алиби за неуспехот.

Гледам ЕСПН, и до некаде во право се, Хауард психички неспремен, детенце од 10 години поагресивно ќе игра и подобар лидер ќе биде посебно во момент кога треба да се покажиш да не го разочараш својот тим, а тој прави технички неможе да се возрджи на ДОМАШЕН терен, со ситуација 3-0 за елиминирање, кажаја на ЕСПН дека си праќал смс со други играчи наместо да помогни некако, Коби се појави на утакмица иако неможи ни да оди а овој не сака да игра, и незнам како очекува да му дадат 117$ милиони ако игра вака и вака се понаша.
Баш само ради ова сакав да играме плеј-оф. Пишав и тогаш, ова му беше тестот на кловнот, го падна, а и многу "поени" му фалеа да положи.
Незнам уште колку пати треба да направи глупост, за да им докаже на сите дека е дете со понашањето и дека е роден лузер.
Не се гради тим околу ваков идиот, и тоа е факт. Немате никаков аргумент дека Двајт би не однел до титула. У најмала рака, има моментално 3 центри боље од него.. а и јасно ни е на сите дека ја нема доминацијата на центрите ко порано. Смол бол ениуан?
Нека го потпишат и клоците на полусезона..
Само ради парите очекувам да остане во ЛАЛ.. иначе да имаше друг клуб пари и да беа поглупи од нас (со тоа што ќе го сакаат во тим), кловнот би го напуштил циркусот (холивуд) без око да му трепне.


Сезонава уште во јануари си ја отпишавме, па не не удри толку метлава.. сеа иде потешкиот дел, дали ќе ни бидат вакви и наредните сезони?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom