Јута тепаа со Голден Стејт на гости, а тука секако сите очекувавме дека ке изгубат, до крај на сезона играат 2 со Минесота, една дома една гости, со Оклахома дома, и со Мемфис гости.
Лејкерси имаат 4 на домашен терен, Њу Орлеанс, Хјустон, Сан Антонио и Голден Стејт, и гости со Портланд.
Се на Се склопено, Јута се во подобра ситуација, имајте у предвид дека и јакиве сега ке си ги чуваат силите за плејоф, а и им одговара Лејкерс да не бидат таму, Оклахома кога би бирале, се знае кого би одбрале не дека овој Лејкерс би можел да им парира ( не верувам дека драстично би се подобриле у плејоф ).
Невидена срамота ке е неиграњето во плејофот, еден од најголемите резили во НБА и според мене најголем во модернава ера, а како се одвиваат работиве моментално, изгледно е ова да се случи.
Ја гледав цела со Клиперс, утепување, не ми се веруваше дека Лејкерс така може да изиграат во ситуација кога се пред невиден срам. Уште не ми се верува дека ваква сезона истера клубов.