Ја изгледав целата текма вчера, Хауард како изигра... Уште една monster night за Двајт, доминираше во секој аспект, па дури и во личните грешки.

Шала на страна стварно ги откорна Двајт, фаќаше офанзивни скокови, играше одлично во одбрана, лепеше банани, ги прибираше отпадоците во нападот. Коби исто маестрален, 14 асистенции имаше ако не се лажам, логично бидејќи беше утројуван. Мене најбитно ми е што изгубените топки беа во едноцифрен број, вкупно 7. Лошо е што Неш не можеше да игра, само две минутки изигра и си излезе, не знам колку е сериозно и колку ќе го нема али не е на арно со повредиве.
Следна е во вторник со Далас, нема потреба да ја објаснувам важноста на текмава, си знаете сите. Загубиме ли, бај бај плеј оф, иако нема ништо да биде изгубено али чим губиш од директниот конкурент ондак пиши пропало.