Син, Неш не е еден од најдобрите шутери туку најдобриот во историјата на НБА. Не знам дали некогаш се има случено да утне две слободни по ред... Дефинитивно незаслужена победа, на крај и жал ми падна за Драмонд и Бајнам, дечките изиграа страшна партија, нормално уз Монро кој блескаше во првите три четвртини. Лејкерси моментално имаат три позначајни проблеми:
1. Неиграњето на Хауард, кој сака нека збори дека е дрво и ред други работи сепак човекот е столб на одбраната и фали неговиот скок, а и неговите блокади. Да играше денес многу порано ќе беше завршена работата, а и Бајнам немаше да прави слаломи низ нашата одбрана.
2. Неконстантноста, играме добро, билдаме предност и наеднаш доаѓа страшен пад, недозволив, незамислив. Ни прават ненормални серии од 18-2, 20-4, за многу кратко време губиме висока предност.
3. Психичкиот дел, гледајте што се случи во последната минута, прво Коби загуби топка, потоа Кларк две слободни, а по него и Неш, нешто што прв пат во живот го гледам, Неш да утне две слободни по ред. Бркот мора да поработи на ова, повеќе да ги мотивира играчите а не само да вика кип билдинг лид гајс, тоа и јас знам да го кажам.
Се на се, среќа у гз, огромно значење има победава, следна играме со Бруклин на гости, е таму ќе биде пеколно тешко, но ни преостанува да веруваме во тимот дека може да врзе добра серија на победи.