Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Хехе колку сериозна екипа сме станале... не ми се верува, порано мачење беше преоден рок кој ќе доеше... сеа уопште не ни се замарам, знам дека работаат како шо треба. Секоја чест. :love:
 
Сеуште сум малку скептик околу Тиаго, но два момента се битни околу кои можеби ќе има пресврт во моето мислење за него
1. Доаѓа во неговите би рекол златни години, искусен, испечен.. Поткован технички и тактички колку што може да биде..
2. Клоп сакаше и го зема

Има голем потенцијал трансферот но и очекувањата ќе бидат такви.

Посакувам да успее од се срце и чим веќе е играч на Ливерпол ќе ја има целосна моја поддршка (многу битен момент ) што и да се случи.
Once red, always red
 
Со Тиаго на средина и Жота во нападот добивме на squad depth, тоа секако.

Сега, ќе биди интересно да се види кој ќе замини, пошто поќе од сигурно е дека сега ќе продаваме. Ориги најверојатно заминува, па би требало да се заработи „добро“ на него, Брустер многу веројатно оди во Шефилд со бај-бек клаузула, останва да му најдиме нов клуб на Вилсон, Грујиќ, Шаќири.

Се зборува дека ќе се донеси и штопер до крајот на преодниот рок, Озан Кабак се поврзува. Искрено, не сум го гледал никогаш, 20-годишен, втора сезона му е ова во Шалке, претходната бил горе-долу стандарден првотимец.

Клоп се чини си ги доби засега играчите шо ги сакаше, иако можда на бек не беше прва опција Цимикас, или пак можда Сар беше прва опција пред Жота, кој знае. Но, исклучително е важно дека се вложи во тимот и ова лето, мораше мало освежува. Не дека верувам ќе има „заситеност“ кај играчите, пошто срамота е да има заситеност по освојување на една титула во домашно првенство и една во Европа, туку едноставно да се освежи тимот и да се засили конкуренцијата. Ќе има борба на повеќе фронтови.

Сега чекаме на Едвардс to do his magic и да заработи 100-тина милиони до крај на трансфер рок. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom