Прво дај прибери се и не лупетај.
Второ користи кирилица по можност.
Трето.......... 90 милиони за играч? Сериозно? Јас не знам какво ви е ова познавање на фудбалот тебе и на скаузерот. Површно гледање на работите. Дајте ми докажан менаџер, дајте ми 1 милијарда за трансфери и ќе имаме успех

Дајте ако не да платиме некоја терористичка организација да ги ликвидира конкурентите. Така сигурно ќе освоиме. Така се освојува титула.
Точно е дека треба некој подокажан играч да се земи. Ама нити има потреба да лупаме по 90 милиони нити имаме толку пари.
Четврто. Ќе се навратам на првото. За колку ги зеде Дортмунд Обамејанг и Михтаријан? И од каде ги зеде? Отаменди???

Со тој Лавеци претерувате. Моментално е просечен играч и нема да станува подобар со тек на време. Али некакво име е па дајте да го купиме.

Геце би бил интересен трансфер. Ама секако треба да се земи во предвид дека е во никаква форма. Или име е па земај го. После ќе свириме како со Балотели пошто и овој беше име.
И кажи ми како не ти чинат Ориги и Ингс? Млади перспективни играчи, сезонава 7 гола дадоа комбинирано на многу малку настапи.[DOUBLEPOST=1454952821][/DOUBLEPOST]
20 милиони фунти и повеќе? Брат за помалку од тоа ќе ги земиш Лено, Тер Штеген или некој друг германец. На Форстер толку му е капацитетот реално. Не ми се верува повеќе да напредува. Од друга страна Лено, Штеген, Касиус, Перин па ќе го спомнам и Рико од Севиља сите се по 22-23 години, допрва можат да се изделкаат. Има многу подобри и поефтини опции од Форстер.
За Џака реков дека нема проблем да дојди. Нека дојди. Ама од една страна викаш дајте класа докажани играчи од друга страна овој ќе биди играч, овој има потенцијал, плус ми даваш некакви копуци како предлог.
Фегули е просек играч. Ништо повеќе ништо помалку. Нема ништо ново да донеси. Веќе изграден играч е, допрва тешко да станува подобар. Тргни по Ројс, тргни по Геце, ако веќе не успееш барај нешто приближно до ова или крај краева ако нема тогаш барај млад потенцијал. Лерој Сане или слични. Мада со овие потенцијали свтикавме џам изминативе години. Како и да е, не е проблем некој таков да се земи доколку на другите позиции се земат посоодветни играчи. Пак ќе се вратам на примерот со Алексис Санчез. Беа спремни да му дадат висока плата и да платат 35 милини за него. Откако не успеавме, се насочија кон Балотели и Ето. Фак лоџик. Ако не си успеал со него, барај нешто слично за тие пари. Го бараш Ројс за 40 не успеваш, е па дај да си го земам јас Фегули како слободен тогаш. Вака никаде не одиме.