Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Некој новинар го пипнал у нерв ...

Го погодил дали со прашање, дали со статија дека Суарез го направил играч или дека Боаш ќе го заменува ама ако, нека осети дека не е сигурен од една страна и од друга страна нека покаже заби а не само да ќути.
 
Без Рамзи,Озил,Кошчиелни,Вилшир,Артета.

Шо треба поише...
 
Нинџа желката ни ја спаси сезоната во Премиер Лига. Спортска неправда ќе беше ако изгубевме. Главно ја вративме креативноста во нападот и мислам дека во божикниов период ако освоиме 9 бода (а реални се), дека ќе бидиме на бод-два од топ 4.

Одбранава незнам веќе со кој збор да ја опишам, живци искинав.

И да, Пеџа, жити се немој појке да да ми си ми го спомнал Борини еј. Неможам да му заборавам дека одби 14 милионски трансфер во Сандерленд, за да се " докажел " овде.
 
Не знам што да кажам за Борини. Го гледам како желба неговиот настап за докажување, како Стариџ во Челзи. Не добива шанса 2 месеца и кога ќе добие од него очекуваме да направи нешто. Сака да се докаже, сака да покаже дека знае.
 
Не е прв пат играч кој чекал долго време да игра, да направи вакво нешто. Импулсивни, млади, зелени.
Истото го направи Фабио кај нас, брат му на Рафаел. 5-6 минути како го пуштија да игра.
 
Затоа и не го окривувам, толку многу да би го отпишал од Ливерпул.
 
B5Zt86wCQAAsgZl.png Не, не, не ми е јасно како е можно секој натпревар да е истата песна со одбраната. И после се чудиме зошто Сако не играл, јас незнам зошто за вториот гол се тргна од Жиру? Видете ја снимката уште еднаш и ќе видите дека Сако беше до Жиру и наеднаш се тргна од него.

Туре во своето CV, покрај тоа што го пикна во џеб Роналдо, ќе може да се пофали со истото и за Санчез. А колку го пцуевме пред сезона кога Роџерс рече ќе остане, сега испадна дека ни е најдобар дефанзивец покрај дрвана.

Него, Џонс многу ми направи мерак. На неколку пати супер истрча, а и со топка беше многу смирен. Сигурен сум дека овај настап му купи време како број 1 голман во Ливерпул. Па кога ќе прочитам на Редс дека можел да реагира за вториот гол. :facepalm::facepalm:
 
Последно уредено:
туре и шкртел мислам дека се прав избор во одбраната, сако е несигурен, а за ловрен да не правиме муабет, сега у јануари да сум на место на роџерс него заедно со балотели би ги шитнал некаде и око да не им видам. Торес да се врати нормално.
 
Туре пред се е искусен дефанзивец. Трофеен. Работеше во тандем со можеби еден од најдобрите централни дефанзивци, Сол Кембел и беа бедем пред голот на Леман во таа непобедлива сезона. Реално, во ваков избор на дефанзивци Туре знае и може да одигра квалитетни мечеви за Пул. Само треба да му се даде време, мечеви и еден стадарден партнер. Пример Шкртел. Џонсон, Шкртел, Туре и Енрике за мене е топ 4ка на Пул, која може да биде носечка, движечка сила во вториот дел на сезоната во конкуренција за тоа 4то место.
 
Прегледај го приврзокот 109960 Не, не, не ми е јасно како е можно секој натпревар да е истата песна со одбраната. И после се чудиме зошто Сако не играл, јас незнам зошто за вториот гол се тргна од Жиру? Видете ја снимката уште еднаш и ќе видите дека Сако беше до Жиру и наеднаш се тргна од него.

Туре во своето CV, покрај тоа што го пикна во џеб Роналдо, ќе може да се пофали со истото и за Санчез. А колку го пцуевме пред сезона кога Роџерс рече ќе остане, сега испадна дека ни е најдобар дефанзивец покрај дрвана.

Него, Џонс многу ми направи мерак. На неколку пати супер истрча, а и со топка беше многу смирен. Сигурен сум дека овај настап му купи време како број 1 голман во Ливерпул. Па кога ќе прочитам на Редс дека можел да реагира за вториот гол. :facepalm::facepalm:


Мое мислење е дека Џерард ја има најголемата одговорност за вториот гол.
Уште пуканки му фалеа!
Исто и Лукас!
Сако... со оглед на тоа што нема играно пола година игра и те како добро!
 
Туре пред се е искусен дефанзивец. Трофеен. Работеше во тандем со можеби еден од најдобрите централни дефанзивци, Сол Кембел и беа бедем пред голот на Леман во таа непобедлива сезона. Реално, во ваков избор на дефанзивци Туре знае и може да одигра квалитетни мечеви за Пул. Само треба да му се даде време, мечеви и еден стадарден партнер. Пример Шкртел. Џонсон, Шкртел, Туре и Енрике за мене е топ 4ка на Пул, која може да биде носечка, движечка сила во вториот дел на сезоната во конкуренција за тоа 4то место.

Таа четворка можеби пред 3 години би била движечка сила :)
 
Шкртел треба да се олабави малце.

Туре,Ловрен,Сако да ги видам сакам како ќе изиграат. Сега има боза распоред може тоа да се види.

Него Хендо го нема за жива глава..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom