Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Леле Бензема, Ројс, Ди Мариа, Хумелс.
Што не ги стави Џејмс Родригес, Ибра, Тиаго Силва и Нејмар
Па зашо да не?
Шала на страна, истиот коментар сакав да му го пишам, ама си има и скаузерот убаво пишано “Ова е тоа што се бара за да атакуваме на ТИТУЛИ а не само да се палиме на поединечни резултати.“
Малце е жално ова шо не можеме ни да посакаме некој од овие ликови, камо па да го донесат.
Читам Ди Мариа за у јунајтед нешо, ми се превртуваат цревата. Исто како што ми се превртуваат од шпекулациите за Бензема кај нас.
Ама еве јас да сум рандом лик и да треба да бирам помеѓу Ливерпул и Манчестер би го одбрал Манчестер. Знаеш зошто?Проста причина. Манчестер е тим што освојува се и сешто во последниве 15 години и има една лоша сезона, последнава, додека пак Ливерпул го нема нигде последниве 6 години и има една добра сезона, со најдобриот играч на светот, кој штотуку го продаде.
Мора да бидеме реални. Сега за сега, не можеме да се надеваме на такви имиња. За 2-3 години, ако продлжиме со атакување (освојување) на трофеи, титула а со тоа и константно учество во ЛШ, ќе биде друг муабет.
@Peja989
Како Арсенал успева да донесе играчи коа години наназад си ги продаваат најдобрите и тоа на конкуренти, а до пред сезонава имаа суша од освојување било што. Како Тотенхем (факинг тотнам) успеваат да ни ги соберат играчите шо ги меркаме? После да ги спомнеме сите оние тимови кои “преку ноќ“ станаа некој и нешто со тоа што успеаа да ги соберат најдобрите играчи.
Можеме да дискутираме околу тоа дали ние сакаме да бидеме тим што ќе преплатува играчи, што ќе им дава ненормални плати, ама факт е дека ако сакаш да донесеш некој, онака стварно сакаш, ќе најдеш начин. Ипак праиме муабет за Ливерпул. Ако до лани оправдувањето беше неиграње у европски натпреварувања, непокажување доволно амбиции, лоша состојба внатре во клубот...сега што е?
Јас, верувам и поголемиот дел од фановите, не сакам да бидеме како Сити, да доаѓаат играчи само ради кешот и ради фактот дека ќе играат у тим, кој барем на папир, е најконкурентен за освојување титули. Ама кога завршуваш втор и тврдиш дека ќе наредната сезона ќе бидеш посилен и поконкурентен, некако несериозно ми е пак да фрлиш огромна сума на пари на играчи кои допрва треба да се докажуваат.
Не знам, едноставно како фанови на Ливерпул имаме посведочено премногу потрошени пари на флопови, затоа не може да ми биде сеедно коа ќе видам со кој се поврзуваме, кој доаѓа..
Знам дека е прерано за нешто посериозен муабет на темава, има време до крај на лето, али ова вака, коа за сеа..![]()