Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
You'll Never Walk Alone! Најдобриот играч кој некад заиграл за Ливерпул :(

Многу алкохол ќе треба за да ми се пополни празнинава.
 
Суки си отиде доаѓа играчината Бони од шампионот Свонси:vozbud:

Искрено ако не донесат асално име во тимот преодниов рок а по сите шпекулации гледам дека тоа нема да се деси ,тогаш тимов ако заврши во лига Европа јас пресреќен би бил. Неможе 100м евра да се вложат во играчи од типот на Бони,едноставно неможе.Незнам што ли мислат,али нека мислат побрзо.
 
Со Скаузерот цврсто стојам зад ова. Сега е моментот кај што треба да се купуваат ИГРАЧИ. Ја гледам како има две патеки кои може да ги фати Ливерпул. Тоа што беше лани Наполи, стабилен состав, речиси не се виде разлика со засилувањата што ги земаа пред заминувањето на Кавани, или тоа што беше лани Тотенхем, едно обично гомце кое очигледно беше дека само Бејл со Реднап го гурале напред.

Играчи се бараат, не просеци. Не Бертранд, Бен Дејвис и слични непостоечки фудбалери. Нема изговор. Ливерпул или Лузерпул, бирајте.
 
Замина - замина. Страшен играч нема збор тука..Жал ми е што си замина ама тоа е сега враќање нема. Пари ќе се земат и по моја проценка некаде околу 160-180 милиони фунти ќе имаме за трошење доколку се продадат играчите што се планира по соодветни цени плус од газдите 30-50 милиони затоа и напишав 160-180. Повеќе од 50 нема да даат, а прашање е и толку дали ќе даат.
Значи од Суарез се земени 75 милиони. Асаиди и Аспас ќе се шитнат по 5 мада некако се сомневам за Асаиди дека ќе плати некој. И мора да се побрза со шиткањево. Коатес би требало да си оди за 3. Никакви позајмици туку продажба. Едино ако Туре сакаат да го остават како четврти стопер племето да им го ебам на сите до еден, тогаш подобро Коатес да остани неголи шпионот црн. Ако јас би се прашувал двата на продажба. Агер изгледа решиле да го даат за жал и ќе го даат само се надевам не за помалку од 12 милиони. Јас и повеќе би барал ама со нашиве и толку ако земиме добро е. Лукас ако решиле дека треба да си оди тогаш продажба. Да се влечкаме со позајмици пак, па в година не го сакале па се враќал, па цената му паднала, па не сакал да си оди - НЕ! Продажба, земи ги парите и крај. Цена од околу 8 милиони фунти е ок. Дури и повеќе ама ајде нека се 8 миниум. Реина ако не сака да седи како резерва продажба за цена од околу 5 милиони. В година уште помалку ќе вреди а којзнај можи и договорот ќе му истечи. Така да шиткај. Ако решиле Бертранд да го земат или Дејвис тогаш тоа мора да биди замена. Во таков случај Енрике ќе мора да си оди и да дојди Морено или Родригез. Цена од околу 10 милиони фунти за Енрике. Мада јас би сакал да стани плус да дојди Морено. Ама Бертранд и Дејвис? Такв ботови само за резерва на некој супер квалитетен бек. Борини не знам дали ќе остани ама стигнала понуда од Сандерленд некаде од 8 милиони фунти. Нашите 10 бараат па можи да се договорат. Досега сакав да остани ама сега работите некако се менуваат. Стариџ, Ламберт и уште еден квалитетен шпиц веројатно би требало да се доволно со оглед на тоа дека Маркец ако треба и шпиц ќе игра ако дојдиме до таква ситуација да немаме шпиц. Сега Роџо барал 4ца напаѓачи ама нека не изводи и во таков случај Ориги одма нека стигни. Каква позајмица какве пичке материне. Значи од овие продажби ќе добиеме околу 130 милиони фунти. Плус 30-50 од газдите ете ги парите од погоре.
Сега да видиме за купување.
Купен е Ламберт за 4 милиони. Џан за 10 и Лалана ете за 16+ бонуси нека биди. Ориги ќе се земи за 6 + бонуси мада јас би играл на тоа одма да дојди, да не се глупираме сега Борини да седи па в година да го продаваат па да иди овој. Еднаш нека решат и крај. Маркец би требало да кошта 20 милиони. Само да не го заебат и овој трансфер. Ловрен ќе го земиме за 20 ако попуштат оние од Сотон, а овој ќе им направи притисок и ќе го даат. Повеќе од 20 не смеат да платат за Ловрен. Нека тргнат ене по де Вриј или некој друг. Лево Морено нека го земат и нека не се заебаваат. Енрике + Аспас + 5 милиони и тоа е тоа. Бертранд чим решиле за 7 за резерва. Десно Ориер да се земи за 10. Ќе треба и друг стопер за да имаме 4 со Сако, Шкртел и Ловрен. Само ако се изглупираат со некој бот и за тоа да го продаат Агер или Туре остани е тогаш има да збеснам. Таков стопер нека најдат за 10 тина милиони ништо повеќе. Голман резервен за ништо повеќе од 3 милиони. Очоа е слободен, Пантилимон или некој нека најдат некако не ми е по ќејфот да плаќаме 5 за Ворм. Досега 130 потрошени. И секако за крај напаѓач. Значи мора да најдат некое играчиште за напред некој класа шпиц. Само прашањето е кој? За тие 30-50 милиони фунти што остануваат мора да се купи јак играч. Не можи 20 на Бони да лупнат. Иако не е лош Бони сепак ни треба подобар. Мада и Бони за 20 + уште еден јак играч за 30 не е лошо. Ќе видиме. Има ПРЕМНОГУ работа со трансферите и мора да се збрзни работата. Почнуваат подготовките уште малку. Едно 10 играчи треба да си одат (досега само Суарез замина), а 12-13 играчи да дојдат (досега само 3 дојдоа и уште 2 се блиску). Не знам што планираат ама мора да го средат ова. Да не дојдиме во ситуација во Август пред да почни сезоната уште да немаме купено играчи и тогаш да правиме купопродажби. Воигрување кога? Така да одма утре Ориги и Маркец нека ги официјализираат и нека тргаат по другите. Секој ден по еден да продаваме или купуваме до Август нема да стигниме да завршиме со трансферите у пичку материн.
 
Еве, ај вака.. Торес ме болеше највише, овој не до толку, ама ипак ми е криво... тоа беше ипак негова желба, а нашиве го извадија максимумот... 94 м евра чинам се во прашање./
Сега не знам каква трансфер политика ќе градат.... имаме во тимот релативно добра средина... Хендерсон има страшен прогрес и највеќе полагам надеж во него, Џерард е во одминати години, класа е но со времево и он ќе седне на клупа, Чан/Џан/Кан, го немам следено баш и нема да го коментирам.... Лалана ми е онака здание од типот на Даунинг/Адам/Ален... типче шо може, ама не да се носи во голема екипа, таков утисок имам... може ова ради она шо ни се дешаваше изминативе године. Во средина ќе ни треба уште еден играч, може Пјаниќ или кој... не ми текнува баш најдобро решение за средина.
Во одбрана ебено ни треба цетрален дефанзивец... Ловрен ми е некако погоден за таја позиција.
Лев бек, јесте да... ама дај нека биде клупа Енрике, а да се земе Морено/Рохо/Марсело/Родригез- квалитет... ја мислем дека боље да има појака клупа одколку некаков просек од типот на Бертранд/Бен... немој аман со такви бош играчи, не е изграден тимов па да земаме Фа/Карлинг куп играчи.
Напад... Суарез си замина шо замина... е туе мора да се уложи паметно... немој, аман немој Бони... ама колку сака нека гризел лани и е искусен, аман немој.
Дај ми некоја класа... рецимо Бенз. некако ми е погоден за замена, многу од вас не се слагаат со овој играч, ама совршено би било, поготово тоа шо би дошол во израз неговиот квалитет, важноста би му припаднала на него.
Добро немора Бензема... еве рецимо Балотели/Игуаин... има толку добри напаѓачи што ќе одат со 15+ гола, само аман Бони немој... или пак недај боже да остават целиот товар да иде на Стариџ со изговор дека веќе го имаме Ламберт за куп и тек-тук џокер опција. Аман само тоа нека не прават.... ако сакаат да го продолжат она што го почнаја им треба играчишта, никако не требаат да земаат океј играчи. Реално да зборимо со такви играчи на 4 фронта не можеме ништо да напраиме...
Ајде Роџо веруем у тебе и не си ја мавај главата од ѕид да носиш играчи што добро ги познаваш. Може некој ќе рече глупости зборам, ама Борини, а и Ален у никој случај не се за тим каков што сакаме да бидеме....
 
Една моја математика.

Маркович, Чан,Лалана и Ламберт не ги бројам во парите од Суарез. Ориги непостои.

Е сега вака.

Суарез(75),Агер(10),Лукас(7),Аспас(5),Реина(5),Борини(10) се на продажба . Од нив се добива 112м фунти еве ќе заокружиме на 110м фунти. Од плати се ослободуваат околу 400-450к или околу 20м фунти годишно.

Имаш 3 варијанти.По мене најдобри.

Број 1 - Ловрен 20м фунти,Ројс -50м,Морено 20,Шакири-20м
=110 фунти

Број 2- Бензема-40м фунти,Ројс 50м фунти,Ловрен 20м фунти
=110м фунти

Број 3 -Ди Мариа 40м фунти,Морено 20м фунти,Бони 20м фунти,Хамелс 30м фунти
=110м фунти

Ова е тоа што се бара за да атакуваме на ТИТУЛИ а не само да се палиме на поединечни резултати.

Ако не се случат сценарија од овој тип ќе сметам дека тимот нема никава амбиција за успех и ќе си живурка во ПЛ па ако некад им се погоди пак некој Суарез ќе влезат во ЛШ чисто на година дена да сменат клима.
 
Леле Бензема, Ројс, Ди Мариа, Хумелс.
Што не ги стави Џејмс Родригес, Ибра, Тиаго Силва и Нејмар
 
Леле Бензема, Ројс, Ди Мариа, Хумелс.
Што не ги стави Џејмс Родригес, Ибра, Тиаго Силва и Нејмар

Па зашо да не? :)

Шала на страна, истиот коментар сакав да му го пишам, ама си има и скаузерот убаво пишано “Ова е тоа што се бара за да атакуваме на ТИТУЛИ а не само да се палиме на поединечни резултати.“

Малце е жално ова шо не можеме ни да посакаме некој од овие ликови, камо па да го донесат.

Читам Ди Мариа за у јунајтед нешо, ми се превртуваат цревата. Исто како што ми се превртуваат од шпекулациите за Бензема кај нас.
 
Лазар е во Англија ќе биде официјално денеска изгледа :D
 
Па зашо да не? :)

Шала на страна, истиот коментар сакав да му го пишам, ама си има и скаузерот убаво пишано “Ова е тоа што се бара за да атакуваме на ТИТУЛИ а не само да се палиме на поединечни резултати.“

Малце е жално ова шо не можеме ни да посакаме некој од овие ликови, камо па да го донесат.

Читам Ди Мариа за у јунајтед нешо, ми се превртуваат цревата. Исто како што ми се превртуваат од шпекулациите за Бензема кај нас.

Ама еве јас да сум рандом лик и да треба да бирам помеѓу Ливерпул и Манчестер би го одбрал Манчестер. Знаеш зошто? :) Проста причина. Манчестер е тим што освојува се и сешто во последниве 15 години и има една лоша сезона, последнава, додека пак Ливерпул го нема нигде последниве 6 години и има една добра сезона, со најдобриот играч на светот, кој штотуку го продаде.
Мора да бидеме реални. Сега за сега, не можеме да се надеваме на такви имиња. За 2-3 години, ако продлжиме со атакување (освојување) на трофеи, титула а со тоа и константно учество во ЛШ, ќе биде друг муабет.
 
@Peja989

Како Арсенал успева да донесе играчи коа години наназад си ги продаваат најдобрите и тоа на конкуренти, а до пред сезонава имаа суша од освојување било што. Како Тотенхем (факинг тотнам) успеваат да ни ги соберат играчите шо ги меркаме? После да ги спомнеме сите оние тимови кои “преку ноќ“ станаа некој и нешто со тоа што успеаа да ги соберат најдобрите играчи.

Можеме да дискутираме околу тоа дали ние сакаме да бидеме тим што ќе преплатува играчи, што ќе им дава ненормални плати, ама факт е дека ако сакаш да донесеш некој, онака стварно сакаш, ќе најдеш начин. Ипак праиме муабет за Ливерпул. Ако до лани оправдувањето беше неиграње у европски натпреварувања, непокажување доволно амбиции, лоша состојба внатре во клубот...сега што е?

Јас, верувам и поголемиот дел од фановите, не сакам да бидеме како Сити, да доаѓаат играчи само ради кешот и ради фактот дека ќе играат у тим, кој барем на папир, е најконкурентен за освојување титули. Ама кога завршуваш втор и тврдиш дека ќе наредната сезона ќе бидеш посилен и поконкурентен, некако несериозно ми е пак да фрлиш огромна сума на пари на играчи кои допрва треба да се докажуваат.

Не знам, едноставно како фанови на Ливерпул имаме посведочено премногу потрошени пари на флопови, затоа не може да ми биде сеедно коа ќе видам со кој се поврзуваме, кој доаѓа..

Знам дека е прерано за нешто посериозен муабет на темава, има време до крај на лето, али ова вака, коа за сеа.. :)
 
Брат до лани зборевте ако влеземе во ЛШ друго ќе биде. Сеа пак иста песна, Јунајтед со 7 место без ЛШ ќе направи подобар пазар од нас. Епа неможе така.

Кога менталитетот на тимот ќе се смени кажими ?

Ти викаш да продолжиме да атакуваме на титули и константно учество во ЛШ па може и ќе се смени. Ама ова не се прави со Бони во тим туку со Суарез и слични на него. Ние не бевме ни со Суарез константни камоли со Бони и Лалана. Не ме дупи дека веруваш дека тимот ќе има добра сезона ако останеме на имињава Бони,мони.

Убаво пиша Рики ,годинава е Ливерпул или Лузерпул.

Маркович 3 недели го потпишуваат и уште неможат официјално да кажат. Па што праиме за еден Ројс ако треба да дојде. Цел преоден рок им треба за потпис еден. Неспособни се. И ти го гледаш тоа али ги браниш пошто многу веруваш во Роџерс.Да беше било кој друг тренер ќе ги плукаше и ти за ова што го прават.[DOUBLEPOST=1405164665][/DOUBLEPOST]
@Peja989

Како Арсенал успева да донесе играчи коа години наназад си ги продаваат најдобрите и тоа на конкуренти, а до пред сезонава имаа суша од освојување било што. Како Тотенхем (факинг тотнам) успеваат да ни ги соберат играчите шо ги меркаме? После да ги спомнеме сите оние тимови кои “преку ноќ“ станаа некој и нешто со тоа што успеаа да ги соберат најдобрите играчи.

Можеме да дискутираме околу тоа дали ние сакаме да бидеме тим што ќе преплатува играчи, што ќе им дава ненормални плати, ама факт е дека ако сакаш да донесеш некој, онака стварно сакаш, ќе најдеш начин. Ипак праиме муабет за Ливерпул. Ако до лани оправдувањето беше неиграње у европски натпреварувања, непокажување доволно амбиции, лоша состојба внатре во клубот...сега што е?

Јас, верувам и поголемиот дел од фановите, не сакам да бидеме како Сити, да доаѓаат играчи само ради кешот и ради фактот дека ќе играат у тим, кој барем на папир, е најконкурентен за освојување титули. Ама кога завршуваш втор и тврдиш дека ќе наредната сезона ќе бидеш посилен и поконкурентен, некако несериозно ми е пак да фрлиш огромна сума на пари на играчи кои допрва треба да се докажуваат.

Не знам, едноставно како фанови на Ливерпул имаме посведочено премногу потрошени пари на флопови, затоа не може да ми биде сеедно коа ќе видам со кој се поврзуваме, кој доаѓа..

Знам дека е прерано за нешто посериозен муабет на темава, има време до крај на лето, али ова вака, коа за сеа.. :)

Све се слагам ,само нешто ќе додадам . Си приметил како кога некој играч ќе отиде во Јунајтед,Челзи,Арсенал било кој тим вика ''Дојдоа за да освојам титули '' А кај нас кога ќе дојдат викаат ''Атмосферата на Енфилд е одлична ''

:pos::pos:

Е тоа е разликата како не гледаат нас,ама не се они криви за тоа,туку ние и политиката на клубот. Додека успех ни е влез во ЛШ и величање на тренер кој не внел е то догаш ќе дркаат на Атмосферата на Енфилд место на титули во ПЛ;ЛШ итн
 
Последно уредено:
мене едно не ми е јасно, си го продадовте најдобриот играч баш кога почнавте да станувате стабилен колектив кој ќе се бори за трофеј .... после толку години мака дојдовте до точка каде би иделе нагоре и од еднаш послатки ви се видоа парите :cautious:
 
@Scouser88 прочитај го интервјуто на Џан и ќе видиш дали вика дека дошол за атмосфера или за трофеи, па пиши ми.[DOUBLEPOST=1405167792][/DOUBLEPOST]И да, Кени да беше ќе ја средеше ситуацијата, секако.
 
Не се ни управата ни Роџерс виновни за тоа што Суарез си отиде. Напротив, успеаа да извлечат максимум, го задржаа за изминатава сезона, не го продадоа на конкурент од иста лига и добија кеш што у моментов беше максимум што може да се добие. Јбг, кој ни е крив што клубот е во Англија а не во Шпанија. :)

Од друга страна, трошењето на парите иде на нивни грб, дали добро или лошо, они ќе бидат одговорни. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom