Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Со овие Каунти мора појак тим да пуштиме т.е нападот да се уигра подобро.

По мене - Мињоле,Виздом,Кели,Шкртел,Сисоко,Лукас,Ален,Џерард,Стерлинг,Аспас,Борини.. Замени од 60-та до 70-та- Алберто,Хендо,Туре.

последниве 4-ца да дадат некое голче не ќе биде лошо за да им тргне за со Јунајтед.

Иначе за Аспас ,Ла лига е едно ПЛ е друго.Башка играл у Селта Виго не у Валенсија или Реал па за да очекуваме сите дека нешто ќе направи.. 2 гола ако даде сезонава е премија за него.

Него Ален ботот 2 меча на клупа ?!?! Што е ова од Роџо ,зар му дојде мозок,хмм..
Ах да ви ги најдам моабетите од лани што ми ги правевте за Ален дека отварал игра,знаел пресинг добро,играчина ќе бидел за нас,во една од најважните алки ќе прераснел за Ливерпул, па вадење статистики со 90% пасови леле леле сеа коа ќе ми текне ...:):) Исто и со Аспас ќе биде.. на фаца им се познава на таквите играчи дека нема да ги биде.

Има време, ќе ти ги вадам јас тебе муабетите за Роџерс :)
--- надополнето: 26 август 2013 во 01:10 ---
Кутињо е добар кога има простор али ограничен е само на десно оди,побрзо нека го префрлат на АМ позиција пошто по крилава не е опасен ама ич.

Кутињо има проблем зошто цела ебана организација паѓа на негови рамења. Да донесеме крило (да се врати Суарез) и да го врати како АМ, ќе видиш каква моќ ќе демонстрира.
 
sammylee372.jpg
 
Пошто немам никаква работа, слободен сум (лажам, еден куп за учење имам :D ), сакав нешто да пишам шо го коментиравме лани со Malcolm van den Сабаховић на мини-собиранката со Стоук кога игравме. Дискутиравме за газдиве Амерички, и дојдовме до заклучок дека ако до ова лето, не потрошат поозбилна сума на пари (50-60 милиони), дојдени се во клубот заради чист профит. Има уште 5 дена од преодниов рок, а тие неммат ни едно пени потрошено летово, ако нешто не се измени, треба тие да бидат на удар, не Роџерс, не играчите, оти сакат атак на топ 4, а Тотенхем троши 80 милиони.
 
Значи сега во последни денови од трансфер рок треба да лупнат на некого пари, некој Andy Carrol 2.0
Испратија понуда од околу 25M фунти за Henrikh Mkhitaryan кој не дојде поради тоа што не играме ЛШ, исто и за Вилијан понуда околу 28М фунти кој не дојде од слични причини. За Диего Коста се интересираа исто, но тој потпиша нов договор да си игра ЛШ. И што треба сега да купат некого колку да се каже дека потрошиле пари?
Да беа дојдени за чист профит ќе го продадеа Суарез за 40М фунти и еве ти чист профит. Исто и кога дојдоа под Кени кажи ми колку пари се потрошија, тоа што играчите беа промашени е друга работа.

А Тотенхем прво нема потрошено 80М, а второ од Бејл ке земат околу 100М така да на крај пак ке се во плус. Да те потсетам Вилијан отиде во Челзи, а Ламела уште не потпишал.

Инаку Мозес е се поблиску до позајмица, ова може да биде добар потег.
 
Пошто немам никаква работа, слободен сум (лажам, еден куп за учење имам :D ), сакав нешто да пишам шо го коментиравме лани со Malcolm van den Сабаховић на мини-собиранката со Стоук кога игравме. Дискутиравме за газдиве Амерички, и дојдовме до заклучок дека ако до ова лето, не потрошат поозбилна сума на пари (50-60 милиони), дојдени се во клубот заради чист профит. Има уште 5 дена од преодниов рок, а тие неммат ни едно пени потрошено летово, ако нешто не се измени, треба тие да бидат на удар, не Роџерс, не играчите, оти сакат атак на топ 4, а Тотенхем троши 80 милиони.

Се убаво си кажа само за Тотенхем забораваш дека набрзо ќе имаат 100-че у банка од продажбата на Бејл.
--- надополнето: 26 август 2013 во 17:03 ---
Инаку Мозес е се поблиску до позајмица, ова може да биде добар потег.

Мозес е катастрофа потег,уште еден играч кој сум го хејтал од секад..
Незнам дали намерно ми ги купуваат овие..
 
На толку неактивни во трансфер периодот (финанскиски), сакаш да кажиш дека ќе го продадат и Суарез? Овие се поучени од грешките на нивните претходници, ептен очигледно ќе испадни ако го продадат и Суарез, на клада ќе ги стават навивачите.
 
Да прашам тука, можи утре да се плати за членарина во фан клубот или готово денес помина?
 
Абе сте приметиле како Роџерс систематски ги шитка играчите со кратка коса, да не речам скроз кељави? Шелви, Реина, Спиринг, Белами (тогаш кратко шишан), Џо Кол... а сеа и Шкртел се збореше дека ќе го шиткаат...
 
Али Керол имаше коњско опафче:pos:
 
Да прашам тука, можи утре да се плати за членарина во фан клубот или готово денес помина?

Можеш Декио, плаштај.
--- надополнето: 26 август 2013 во 23:09 ---
Како шо кажаја и на фејсбук и на твитер, до денес беше последно.

Знам дека делува неодговорно ама ќе се продолжи за некој ден-два.

Ако не се продолжи, зошто...ако се продолжи, повторно зошто?
 
Знам дека делува неодговорно ама ќе се продолжи за некој ден-два.

Ако не се продолжи, зошто...ако се продолжи, повторно зошто?
А зашто така?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom