Напротив, јас мислам дека Allen ќе биде многу клучен играч за целосната игра на Liverpool, да последниот месец или повеќе не игра на ниво поради одредени причини (преморен, прво дете и сл.), ама на натпреварот со Sunderlend можеше да се види конечно и неговата офанзивна страна која што поради повредата на Lucas неможевме да ја видиме до сега а е нешто што Rodgers го напомена кога го купивме. Во Allen има и креативност, симнете некој натпревар од Swansea лани каде Allen игра понапред и ќе видите, Allen не е играч кој само трча наоколу, сече топки и дава кратки пасеви и сл. Allen е играч кој може да го контролира темпото на играта односно брзината на нашата игра, погледнете само колки брзо се ослободува од топката штом ќе ја прими и одма со отвара како опција за да му додадат, штета што не сме сеуште доволно воиграни за да го видиме Allen во полн ефект. И да добро е што Hendo му дише во врат само така двајцата ќе напредуваат а и убавото е што Rodgers го гледа тоа.